Ве информираме дека во периодот од 06.02.2021 до 15.02.2021 година на сметките на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, пристигнати се приливи по основ на камати во вкупен износ од 26.001.751,00 денари и приливи по основ на дивиденди во вкупен износ од 23.378,35 американски долари и 56.897,39 евра.
На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ 6.114.091,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 19.479.468,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:
-9.980,79 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares iBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF;
-8.790,60 САД долари, од инвестираните средства во компанијата The PNC Financial Services Group, Inc.;
-3.864,17 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Apple Inc. и
-54.856,51 евра, од инвестираните средства во компанијата Siemens AG.
На сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 40.182,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 368.010,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензија плус пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:
-266,59 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares iBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF;
-337,29 САД долари, од инвестираните средства во компанијата The PNC Financial Services Group, Inc.;
-138,91 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Apple Inc. и
-2.040,88 евра, од инвестираните средства во компанијата Siemens AG.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за инвестирањето на средствата и резултатите можете да најдете во редовните финансиски извештаи кои се објавуваат на веб страната на Друштвото www.sava-penzisko.mk.
Дополнително преку мобилната апликација Сава пензиско план, можете во секое време да бидете информирани за вашата пензиска заштеда и за сите приливи кои пристигаат во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.