Секоја година во месец март се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром со цел да се зголеми свесноста во општеството и да им се пружи повеќе можност на луѓето кои живеат со истиот.
Имено, Дауновиот синдром е хромозомска болест поттикната од нарушување на бројот на хромозомите односно генетска состојба во која личноста е родена со вкупно 47 хромозоми наместо со 46 како резултат на целосно или делумно дуплирање на 21-виот хромозом. Секоја година помеѓу 3.000 и 5.000 доенчиња ширум светот се раѓаат со оваа хромозомска абнормалност. Лицата со Даунов синдром и нивните семејства се соочуваат со различни предизвици во секојдневниот живот – од здравствен, образовен, социјален и економски карактер. Ние силно веруваме дека со соодветна поддршка и инклузија овие предизвици можат да се надминат.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, во нашата земја на годишно ниво се регистрираат околу 12-17 случаи на деца со Даунов синдром до едногодишна возраст. Република Северна Македонија презема повеќе иницијативи за поддршка на лицата со Даунов синдром вклучително и отворањето на првиот Дневен центар за Даунов синдром во Скопје во мај 2019 година од страна на Министерството за труд и социјална политика. Центарот е опремен со различни содржини за поддршка и подобрување на физичката состојба и психофизичкиот развој на децата и младинците со Даунов синдром. Овие центри имаат големо значење за локалната заедница а крајната цел е да се создаде подобро општество и целосно вклучување на лицата со попреченост.
Сава пензиско друштво а.д. Скопје активно учествува и ги промовира општествено одговорните активности насочени кон поддршка на лицата со попреченост вклучувајќи ги и оние со Даунов синдром преку иницијативата ,,СРЦЕ ЗА СВЕТОТ” и преку поддршка на проекти во областите на здравјето, образованието и социјалната сигурност. Иако предизвиците се значителни, љубовта, поддршката и прифаќањето можат да направат голема разлика. Семејствата на лицата со Даунов синдром се вистински херои, а нашата задача е да им помогнеме во мисијата за создавање на општество кое ги прифаќа и вреднува сите!
Симбол на Дауновиот синдром се шарените чорапи а токму на овој ден се носат различни чорапи за да се истакне различноста поврзана со 21-от хромозом. Секој човек заслужува љубов, разбирање и шанса да го покаже својот потенцијал. Ве повикуваме да создадеме подобро општество и овозможиме поголеми можности преку поддршка на лицата со Даунов синдром!
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.