
Кредитниот ризик на Македонија ја одразува веројатноста државата навремено и во целост да ги исполни своите финансиски обврски кон домашните и странските доверители. Тој претставува важен показател за стабилноста на економијата и има значајно влијание врз условите за финансирање, привлечноста за странските инвеститори и вкупната доверба во економскиот систем.
Кредитниот ризик на Македонија се проценува првенствено преку следење на нејзиниот кредитен рејтинг. На 02.10.2026 година агенцијата “Standard And Poor’s Ratings” го потврди кредитниот рејтинг од “ББ-” и стабилниот изглед на Македонија, а на 11.09.2026 година агенцијата „Fitch Ratings“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед.
Исто така, проценката на кредитниот ризик се заснова и на анализа на повеќе индикатори:
1. Фискална сила – ја мери способноста на државата да го сервисира својот долг.
2. Надворешна ранливост – ја оценува способноста на државата да ги исполнува своите обврски кон странство.
3. Макроекономски перформанси – ги покажуваат основните сили на економијата.
4. Ризик од финансискиот сектор – проблемите во банкарскиот сектор често се прелеваат во суверен ризик.
5. Институционален и политички ризик – овие фактори влијаат на подготвеноста, а не само на способноста на државата да ги исполнува своите обврски.
Во продолжение е прикажана ризична матрица базирана на методологиите на „Fitch Ratings“, “Standard And Poor’s Ratings” и „Moody’s Ratings“, како и компаративните вредности на Македонија во однос на оваа матрица. Овие агенции не пропишуваат официјални фиксни прагови, но нивните модели покажуваат дека овие нивоа генерално кореспондираат со низок, среден и висок суверен ризик. Бројките што се наведени се добиени од:
1. Фискална сила

Табела 1: Показатели во делот на фискална сила, Македонија

Извори: https://tradingeconomics.com/, https://www.focus-economics.com/, https://www.worldbank.org/ext/en/home, https://www.imf.org/en/home
Во споредба со матрицата, Македонија има висок ризик во однос на примарен фискален биланс, а низок ризик во однос на државниот долг кон БДП, во однос на плаќањата за камати кон буџетските приходи и во однос на државните приходи кон БДП.
2. Надворешна ранливост

Табела 2: Показатели во делот на надворешна ранливост, Македонија

Извори: https://tradingeconomics.com/, https://www.worldbank.org/ext/en/home, https://www.imf.org/en/home, https://www.theglobaleconomy.com/
Во споредба со матрицата, Македонија има низок ризик само во однос на краткорочниот надворешен долг кон девизните резерви, а во сите останати индикатори е со среден ризик.
3. Макроекономски перформанси

Табела 3: Показатели во делот на макроекономски перформанси, Македонија

Извор: https://tradingeconomics.com/, https://www.worldbank.org/ext/en/home
Во споредба со матрицата, Македонија има низок ризик кај реален раст на БДП и кај стапката на инфлација, а среден ризик кај БДП по жител и кај стапката на невработеност.
Нивото на економска диверзификација во Македонија е средно. Како клучни сектори се издвојуваат: услуги, автомобилски компоненти, металургија, текстил и земјоделство.
4. Ризик од финансискиот сектор

Табела 4: Показатели во делот на ризик од финансискиот сектор, Македонија

Извори: https://www.imf.org/en/home, https://finance.gov.mk/, https://www.nbrm.mk/, https://www.bnr.ro/
Во споредба со матрицата, Македонија има низок ризик кај капиталната адекватност на банките, стапката на нефункционални кредити и ликвидност на банкарскиот сектор, а среден ризик кај изложеност на банките кон државниот долг и кај растот на кредитирањето на приватниот сектор.
5. Институционален и политички ризик

Политичка стабилност е со среден ризик. Во претходните години, Македонија одржи демократскиот систем и континуитетот на институциите, и покрај честите политички предизвици и изборни циклуси. Сепак, постои потреба од натамошно зајакнување на политичкиот консензус околу клучните економски и развојни приоритети.
Ефективност на владата е со среден ризик. Во Македонија се спроведуваат континуирани реформи насочени кон зајакнување на независноста на судството, правната сигурност и ефикасноста на судските постапки. Иако е постигнат одреден напредок, се укажува на потреба од понатамошно унапредување на правната предвидливост и доследната примена на законите.
Владеење на правото е со среден ризик. Македонија во изминатите години спроведува реформи насочени кон зајакнување на владеењето на правото и усогласување со европските стандарди. Иако сè уште постојат предизвици поврзани со ефикасноста на институциите и времетраењето на судските постапки, генералниот тренд е насочен кон подобрување на институционалната рамка, зголемување на транспарентноста и зајакнување на независноста на правосудниот систем.
Индикаторите за корупција се со релативно висок ризик. Напредокот во дигитализацијата на јавните услуги, зголемената транспарентност и зајакнатите механизми за надзор придонесуваат кон постепено подобрување на деловното и институционалното опкружување. Сепак, потребни се дополнителни напори за понатамошно јакнење на довербата во институциите.
Предвидливоста и конзистентноста на политиките се со среден ризик. Иако повремено има промени во регулативата и одредени политички неизвесности поврзани со изборни циклуси и реформски процеси, носењето на економските политики во најголем дел останува усогласено со долгорочните стратешки цели и евроинтегративниот процес.
Геополитичкиот ризик е на средно ниво. Македонија е членка на НАТО и има релативно стабилна меѓународна позиција и јасна стратешка ориентација. Сепак, одредени надворешни фактори, како регионалните политички случувања, геополитичките тензии во Европа и светот, како и глобалните економски движења, можат повремено да создадат неизвесност и да влијаат врз инвестициската клима.
Врз основа на сите претходни индикатори, може да се заклучи дека кредитниот ризик на Македонија е умерен и во согласност со тековниот кредитен рејтинг во категоријата „ББ“. Потврдата на рејтинзите од страна на „Standard And Poor’s Ratings“ и „Fitch Ratings“ укажува дека Македонија располага со солиден капацитет за сервисирање на своите финансиски обврски, иако останува чувствителна на неповолни економски и политички шокови.
Најсилни страни на кредитниот профил на Македонија се релативно умереното ниво на јавен долг, стабилноста на банкарскиот сектор, задоволителната капитализираност и ликвидност на банките, како и стабилните макроекономски движења со контролиран инфлациски притисок и позитивен економски раст.
Од друга страна, одредени предизвици и понатаму се присутни во надворешниот сектор, фискалната позиција и институционалното опкружување. Областите како одржувањето на фискалната консолидација, натамошното подобрување на институционалната ефикасност, зајакнувањето на транспарентноста и зголемувањето на предвидливоста на политиките претставуваат можности за дополнително подобрување на кредитниот профил на државата. Континуираниот напредок во овие сегменти би можел позитивно да влијае врз перцепцијата на инвеститорите и врз оценките на кредитните агенции.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.