Ве информираме дека во периодот од 17.05.2021 до 26.05.2021 година во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 39.398.593,00 денари и приливи по основ на дивиденди во вкупен износ од 119.856,11 евра и 17.032.000,00 денари.
На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 6.475.431,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 32.000.000,00 денари.
Во истиот период пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:
-52.530,55 евра, од инвестираните средства во компанијата Bayerische Motoren Werke AG;
-38.607,66 евра, од инвестираните средства во компанијата SAP SE;
–16.612.000,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Алкалоид АД Скопје и
-24.483,66 евра, од инвестираните средства во компанијата BNP Paribas S.A.
На сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 27.162,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 896.000,00 денари.
По основ на дивиденди пристигнаа приливи во износ од:
-2.099,71 евра, од инвестираните средства во компанијата Bayerische Motoren Werke AG;
-1.436,98 евра, од инвестираните средства во компанијата SAP SE;
-420.000,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Алкалоид АД Скопје и
-697,55 евра, од инвестираните средства во компанијата BNP Paribas S.A.
Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на остварениот принос од инвестирањето.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате во финансиските извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.