Во соработка со Амбасадата на Република Словенија го поддржавме проектот за електронско мапирање и поставување на планинарска и планинско-велосипедска сигнализација на рекреативните патеки на Скопска Црна Гора.
Со ова поврзување на Скопска Црна Гора жителите на градот Скопје имаат можност да испланираат различни прошетки низ чистите и незагадени планински делови и да уживаат на свежиот и пријатен воздух, сончевото време далеку од секојдневието.
На Скопска Црна гора има можност и за развој на планински велосипедизам со патеки од различен степен на тежина и километража. Релјефот и поврзаноста со околните села ги прави лесно достапни и атрактивни со можност за изработка на повеќе велосипедски целини и нивно комбинирање.
Со оваа донација Сава пензиско друштво а.д. Скопје, уште еднаш ја покажа својата наклонетост кон создавање на здрави животни навики и грижата за животната средина.
#никогашсами #сава пензиско
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.