Во светот денес, луѓето не можат нормално да функционираат без технолошките достигнувања како што се Интернет, паметни телефони, компјутери, телевизори и слично. Овие технологии веќе со децении имаат суштинска улога во секојдневниот живот и без нив животот би бил незамислив за голем дел од луѓето.
Технологијата носи голем број позитивни придобивки кои го олеснуваат животот и работата на човекот. Како позначајни придобивки би ги издвоиле: продуктивноста, зголемување на ефикасноста на комуникацијата, олеснување на електронската трговија, зголемување на глобалната социјализација, како и придобивката од брзо и ефикасно споделување на знаење, а особено новото знаење стекнато преку истражувањето и развојот.
Продуктивност
Усвојувањето на најновите технологии во канцелариските средини, резултира со поголема продуктивност. Компјутерските софтверски програми извршуваат задачи како сметководство, анализа на податоци, дизајнирање на ентериер, следење на производните процеси итн.
Ова обезбедува прецизност во извршување на работните задачи, а воедно го намалува заморот кај вработените во една компанија, со што доаѓа до зголемена продуктивност во самата компанија.
Комуникација
Паметните телефони, како и останатите електронски уреди помагаат во воспоставување на врски помеѓу вработените и потенцијалните клиент на долги растојанија. Комуникацијата на далечина преку организирање состаноци на различни платформи е особена изразена во услови на пандемијата предизикана од корона вирусот.
Бизнис заинтересираните страни интезивно почнаа да комуницираат преку конференциски повици и видео-конференции, со што се елиминира потребата за патување до местото на состанок, а воедно се намалуваат и трошоците за патување до тоа место.
Електронска трговија
Пандемијата поврзана со корона вирусот доведе купопродажбата на стоки преку Интернет значително да се зголеми. Секој потрошувач бараше алтернативни начини за да го намали времето поминато во продавница, па онлајн продажбата забележа тренд на зголемување.
Зголемувањето на обемот на електронската трговија, доведе до зголемен обем на работа и во дејноста поврзана со поштенските услуги, каде масовно се вработуваше во фирмите кои се занимаваа со достава на брзи пратки. Исто така, се зголемидовербата во електронското банкарство со голем раст на плаќањето на сметките за комуналните услуги без да се посети банка или друг физички шалтер за наплата на сметки.
Глобална социјализација
Технологијата се користи и за забавни цели. Голем дел од младите популации редовно ги користат своите електронски уред за играње на видео игри, гледање на филмови, слушање на музика и слични активности кои доведуваат до релаксација.
Од друга страна, солцијалните мрежи како Фејсбук и Твитер ја зголемуваат глобалната социјализација, преку промовирање на социјална интеграција на различни луѓе од различни култури, вери и верувања.
Истражување и развој
Интернет најдобро се дефинира како море на информации од цел свет. Интернетот ги промовираше образовните активности преку одржување на онлајн часови, за да се намали ширењето на корона вирусот. Паралелно на тоа, се размислува и за воведување на електронски учебници, со што целосно би се заменил традиционалниот начин на учење кај учениците.
Воедно, широкиот спектар на информации кои ги нуди Интернетот, доведува до истражување на нови области, а преку размена на идеи од различни области доаѓа до развој на нови технологии. Преку паметните телефони и остантите уреди и мобилните апликации функциналните дигитални сервиси станаа достапни секаде каде што сте.
Сава пензиско друштво веќе преку своите веб услуги веќе одамна обезбедува електронски пристап до личната пензиска смекта на своите членови. Од неодамна, со мобилната апликација Сава пензиско план, членовите на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус можеат да се информирате за износот на нивнатапензиска заштеда, да добиваат известувања за уплатените придонеси, како и да ги ажурирате своите лични податоци, во било кое време и од било кое место кое има покриеност со интернет.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.