Во претходниот блог пишував за правото на старосна пензија како и начинот на пресметка на пензијата од првиот столб, односно Фондот на ПИОСМ. Сепак пензијата од Фондот на ПИОСМ е само еден дел од твојата старосна пензија. Вториот дел треба да се исплаќа од твојата акумулација во вториот столб.
Прашањето е колкава пензија може да се добие од вториот столб?
Одговорот зависи од повеќе фактори:
Од овие фактори, најважен е факторот „висина на пензиска сметка“ кој зависи од висината на твојата плата и годините на работа до пензија. Исто така многу важен услов за повисока сметка е и стапката на номинален принос остварена од твоето пензиско друштво. Последните остварени номинални стапки на принос од пензиските друштва може да ги погледнете на следниот линк: Принос
Со оглед на тоа што е практично невозможно прецизно да се пресмета висина на пензиска сметка во момент на пензионирање, предлагам секој од вас да направи апроксимативна пресметка на следниот начин.
Пример:
Параметри:
Жена на возраст 62 години
Работен стаж од 30 години, целиот работен стаж е во период после 01.01.2006 година
Пензиска основица во година на пензионирање = 30.000 МКД
Заменска стапка = 30 години * 1,14% = 34,20%
Пензиска основица = 30.000 МКД
Старосна пензија од првиот столб = 34,20% * 30.000 МКД = 10.260 МКД
19.740 МКД * 18,79 * 12 = 4.450.975 МКД
Сепак, во овој износ не е вклучен и ефект на инфлација кој би ја задржал куповната моќ на денешните 19.740 МКД а кој би требало да го добивате после повеќе години. За ова ќе ви треба и солидна стапка на принос на овие средства за целото време – пред и после пензионирање.
Следен чекор е да ја проверите вашата сметка во вториот столб и да видите колкава акумулација имате. Пресметајте доколку работите секој месец до пензија со тековниот придонес во вториот столб уште колку средства би се собрале. Овде треба да се предвиди и добивање на унапредување или зголемување на плата за перидот до пензија. Додадете и стапка на принос за целиот период до пензионирање.
Како стоите во однос на планот?
Дали можеби треба да уплаќате дополнителни средства во третиот столб за да го остварите планираното?
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.