Ве информираме дека во периодот од 24.04.2023–07.05.2023 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 5.203.581,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 44.050.463,00 денари и прилив од камата од инвестиции во странски државни обврзници, во износ од 33.495,00 САД долари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигна прилив од дивиденда во износ од:
– 12.823,26 САД долари, од инвестираните средства во компанијата VERIZON COMMUNICATIONS INC;
– 20.659,10 САД долари, од инвестираните средства во компанијата JP MORGAN CHASE & CO.;
– 32.556,65 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF;
– 49.706,64 евра, од инвестираните средства во компанијата AIRBUS SE;
– 20.706,00 евра, од инвестираните средства во компанијата LVMH MOET HENNESSY LOUIS VUITTON SA и
– 60.840,36 франци, од инвестираните средства во компанијата NESTLE AG.
Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд, пристигна прилив од дивиденда во износ од:
– 374,53 САД долари, од инвестираните средства во компанијата VERIZON COMMUNICATIONS INC;
– 837,90 САД долари, од инвестираните средства во компанијата JP MORGAN CHASE & CO.;
– 727,96 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF;
– 1.517,76 евра, од инвестираните средства во компанијата AIRBUS SE;
– 661,50 евра, од инвестираните средства во компанијата LVMH MOET HENNESSY LOUIS VUITTON SA и
– 1.953,93 франци, од инвестираните средства во компанијата NESTLE AG.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2023/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.