Од ден во ден станува сè појасно и непобитен факт дека живееме во ера на дигитална технологија која станува незаменлив составен дел од нашето секојдневие. Новите промени, „новото нормално“ уште еднаш потврдија дека технологијата е таа која нè поврзува, која нè држи во тек со сите новости и промени и ни го олеснува животот во секој сегмент.
Но, најважно од сè, веќе на сите ни е јасно колку навремената информација е важна во донесувањето на вистинските одлуки. Особено кога тие одлуки се врзани со нашата иднина и идна добросостојба.
Пристапот до дигитални услуги е единствениот начин да се осигурате дека сте постојано во тек со она што ви е најважно, а тоа е како вашите средства се инвестираат и што значи тоа за вашата сигурност во иднината.
Затоа споделуваме со вас преглед на сите дигитални услуги кои ви се достапни вам како членови на Сава пензиско друштво:
1. Сава пензиско план мобилна апликација – мобилната апликација Сава пензиско план ви дава можност во секое време да бидете информирани за состојбата на вашата лична сметка во задолжителниот и/или доброволниот пензиски фонд, да добивате редовна информација за пристигнатите придонеси, да добивате информации за пристигнатите приливи од инвестирањето на средствата во пензиските фондови како и можност секогаш навремено да ги ажурирате вашите лични податоци.
2. Веб страницата, на која ќе ги најдете одговорите за сите ваши прашања поврзани со пензиското осигурување. Имате можност редовно да бидете информирани за сите законски промени, информации за надоместоците кои ги наплатува Друштвото, Приносот кој за своите членови го остваруваат пензиските фондови како и можности за повлекување на средствата кога ќе го остварите правото на пензија. Исто така на веб страната можете да направите и информативна пресметка доколку се одлучите да бидете наш член во доброволниот пензиски фонд.
3. За оние кои не се во можност да ја симнат мобилната апликација Сава пензиско план, нудиме можност истите услуги да ги искористите на Порталот Лична сметка – каде имате свој профил на кој може да се најавите 24/7.
4. Чет опција со нашите оператори на веб страницата https://www.sava-penzisko.mk/ за сите ваши можни недоумици и прашања. Чет опцијата е на располагање во период од 8 до 16часот доколку сакате да се информирате брзо за некој од нашите продукти или услуги.
5. Контакт формата на нашата веб страна – искористете ја можноста за подетално информирање.
6. Електронската адреса kontakt@sava-penzisko.mk
Секако, тука сме за Вас секој ден д 08-16 часот на контакт линијата 02/15-500, каде нашите искусни вработени ќе Ви ги дадат сите потребни информации.
Користете ги нашите дигитални услуги секојдневно, бидете во тек и не заборавајте да ги ажурирате вашите податоци навремено!
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.