Германска идеја до сите родители

Неодамна прочитав интересен предлог за пензиска реформа поднесен од германскиот канцелар Фридрих Мерц до германскиот Бундестаг:

„Германија ќе плаќа 10 ЕУР месечно на секое дете кое се школува од 6 до 18 години. Овие средства ќе бидат уплаќани на посебни пензиски сметки и понатаму ќе се инвестираат. Средствата ќе бидат достапни и ќе се исплаќаат по навршување на возраст за пензионирање.“

Предлогот на германскиот канцелар е во насока на поддршка на германскиот пензиски систем базиран на интер-генерациска солидарност или „pay-as-you-go“ кој се соочува со идентичен проблем како и македонскиот пензиски систем – неповолна демографија и ниска стапка на фертилитет во земјата. Во услови кога имате воспоставено „pay-as-you-go“ пензиски систем и имате неповолна демографија, единствената против-игра е навремено да одвоите средства кои ќе се инвестираат долг период, а оплодените средства ќе бидат доволни за исплата на пензиите кои ќе доспеат во иднина – без да има неповолни пензиски реформи како намалување на тековните пензии, намалување на заменските стапки, зголемување на возраста за пензионирање и слично.

Со оглед дека ние во Македонија го имаме истиот голем проблем, исклучително мудро е како родители да обезбедиме светла финансиска иднина за своите деца со тоа што би ја ископирале оваа германска идеја.

  1. Што конкретно би значел овој предлог за секој корисник – односно за секое дете кое ќе го добива придонесот?
  • Секој родител уплаќа за своето дете 10 ЕУР (615 МКД) на месечно ниво, откако детето ќе наполни 15 години;
  • Времетраење на уплата од 15 години

Во продолжение е претставен износот на сметката на вашето дете – на негова возраст за пензионирање со уплатена сума од 615 МКД за период од 15 години (возраст на дете од 15-30 години):

Износи во МКД

Вкупна уплатена сума, од родителот110.700
  
Стапка на принос4%5%6%
Акумулирана сума, 62 години – жена516.326759.7341.115.642
Акумулирана сума, 64 години – маж558.458837.6061.253.535

Акумулираната сума би зависела од остварениот принос на пензиските фондови и на пример со остварен принос од 5% би изнесувала околу 760 илјади МКД за жена и 838 илјади МКД за маж. Практично уплатениот износ за вашето дете е оплоден речиси x7 – за жена и x8 – за маж. За различни сценарија погледнете во табелата погоре или направете сопствено сценарио на Калкулаторот.

Постигнување на вакво ниво на принос е апсолутно остварливо со оглед на тоа што историскиот остварен годишен номинален принос на Отворениот доброволен пензиски фонд Сава пензија плус од основањето на фондот (2009 година) до 30.06.2025 година е ~5,8% годишно.

При тоа секако важно е да кажеме дека за остварување на тој принос пензиското друштво има и некои трошоци кои ги надоместува со наплата на надоместоци кои можете да ги видите на www.sava-penzisko.mk или на www.mapas.mk., каде исто така во секое време се објавени и најновите приноси.

Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.

  • Во споредба со германската идеја каде почеток на уплата е возраст од 6 години, во македонската регулатива е предвидена минимална возраст од 15 години. Мудро законско решение би било намалување на минималната возраст за членство во доброволните пензиски фондови од 15 години – сегашно решение на 0 години.

Со донесување на ова законско решение ќе се постигнат две важни цели:

  • Ќе се зголеми свесноста и финансиската писменост на нашите граѓани за важноста на штедењето од мала возраст;
  • ќе се добие дополнително време за оплодување на средствата што значи дека висината на акумулираната сума на крај на периодот може да биде значително повисока од горенаведените износи

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.