Враќањето на вработените на своите работни места за време на пандемијата КОВИД-19 и по нејзино завршување нема да биде едноставно. Динамичниот тек на непредвидливиот корона вирус доведе до измена на многу работни места, со што беше потребно брзо приспособување кон новонастанатите услови.
Од таа причина, многу фирми имаа потреба да подготват нови правилници или да ги променат старите за да може да ги усогласат активностите во деловното работење со „новата нормала“.
Но, се поставува прашањето, како би изгледала таа „нова нормала“ во поглед на работното место?
Одговорот на ова прашање воопшто не е едноставен. Новото секојдневие кое се јави како последица на коронавирусот доведе до тоа вработените секојдневно да носат маски, меѓусебно да се одделуваат со заштитни прегради и да избегнуваат физички контакти.
Но, кои фактори треба да се земат предвид при креирање на новата деловна политика за дизајнирање на работното место?
Прв и најзначаен фактор во дизајнирањето на работното место е безбедноста на работното место. Безбедноста и здравствените мерки се специфични за секоја компанија, а секое работно место може да игра важна улога во контролата на појава на болеста, со преземање мерки како што се:
Коронавирусот остави многубројни последици врз нормалното функционирање на вработените во компаниите. Високите нивоа на стрес, анксиозност и несигурност доведоа до намалување на задоволството на вработените, со што индиректно влијаеја и врз продуктивноста во самата компанија.
Постојат методи кои можат да го засилат и одржуваат задоволството кај вработените, но на нив не треба да се гледа како на еднократно решение , туку како трајна вредност. Дел од таквите методи кои се применуваат во една компанија се:
Тимската работа е пресудна за успех. Кога работиме со други луѓе, имаме поголема интеракција и мотивација за да постигнеме подобри резултати кои ќе доведат до поголема продуктивност во самата компанија. Но, ситуацијата предизвикана од пандемијата КОВИД-19, бараше брз одговор од сите компании и одреден степен на дигитална трансформација.
Но, се јави недоумица како работењето во домашни услови со помош на технологијата може да ја поттикне тимската работа и да придонесе до поголем успех на сите вработени во една компанија?
Одговорот на ова прашање се наоѓа во создавање на универзална комуникациска платформа преку која се одржуваат онлајн обуки и виртуелни настани. Организирањето онлајн обуки бараше брзо преквалификување и подобрување на цели сегменти на работната сила.
Како резултат на сето тоа, започна процес на создавање виртуелни тимови, кои сега се во средиште на новиот нормален начин на работа. Како главни алатки за обуки преку интернет се платформите за видео повици, како што се Zoom и Microsoft Teams.
Кризата предизвикана од физичката изолација и седењето дома, неможноста за дружба со нашите колеги и пријатели нѐ поттикнаа да размислуваме како да го надминеме „новото секојдневие“, како да ги прескокнеме нашите секојдневни рутини и да се приспособиме на некои нови настани.
Одговорот е јасен бидејќи знаеме дека сѐ може да се постигне ако сите поединечно преземеме акција. Само сплотени, но НИКОГАШ САМИ, можеме да ги надминеме сите проблеми кои ни стојат на патот наречен успех на работното место.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.