International Youth Day/Меѓународен ден на младите

Меѓународниот Ден на младите (1) се обележува секоја година на 12ти  август со цел да се подигне свеста и да се привлече внимание кон тековните глобални проблеми со кои што се соочуваат младите. Овој ден е потсетник за важноста која што ја имаат младите во општеството и нивната улога во решавањето на значајни прашања, како што се одржливоста, климатски промени и родовата еднаквост.

Неоспорлив е фактот дека младите се двигател на промена, иновација и прогрес. Тие се најдинамичен сегмент од општеството чии идеи, ентузијазам и дух даваат значителен придонес кон иднината. Отсекогаш младите биле тие кои што се наоѓале на чело на движења кои што барале промена, еднаквост и правда.

Идејата за Меѓународен Ден на младите е најпрво претставена во 1991 година од млади кои што биле собрани во Виена за првата сесија на World Youth Forum/Светски Младински Форум, а почнува да се обележува во 2000 година и секоја година има различна тема за обработка која што се бира врз основа на најактуелните предизвици на кои што наидуваат младите, со цел да се нагласи нивната улога и потенцијал во решавање на истите.

Овогодинешната тема е Оспособување на младите за Одржлива средина (2), сè со цел да им се дадат потребните алатки, поддршка и можности да креираат подобра иднина за сите нас. Целта е да се потенцира значењето на формално и неформално образование со цел да се развие критично размислување, иновативност и подлабоко разбирање на глобалните проблеми со одржливоста. Ова е особено важно земајќи ја во предвид потребата од развивање на „зелени” вештини поврзани со обновливи извори на енергија, управување со отпад, одржливо земјоделство и технологија.

Младите денес се соочуваат со потешкотии во наоѓање работа, проблеми со ментално здравје, свет кој што постојано се менува и иднина што е несигурна. Како општествено одговорна компанија во рамките на Сава Осигурителна Групација, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, секогаш стои позади своите млади вработени и нуди поддршка за нивно постојано дообучување и оспособување и постојано ја промовира праксата за одржливост кај вработените на повеќе начини. Еден од нив е иницијативата да се намалат производите за една употреба во секојдневното работење на компанијата, што е еден од елементите содржани во Стратегијата за одржлив развој на Сава Осигурителна Групација за 2023-2027 година (Sustainable development strategy of the Sava Insurance Group for 2023-2027) (3).

Овогодинешното обележување на денот служи како потсетник дека младите не само што се лидерите на сегашноста, туку се и они кои што ја имаат моќта да ја променат иднината. Одлуките кои што ги донесуваат и дејствата кои што ги превземаат денес, во голема мера влијаат врз квалитетот на живот од утре. Затоа ги повикуваме младите да инвестираат во својата иднина и во вештини кои што можат да придонесат кон финансиска независност и безгрижна старост. Еден од начините преку кој може да се изгради финансиската стабилност и независност е доброволното пензиско штедење, односно зачленување и редовно уплата во третиот столб на пензискиот систем на Р.С. Македонија. За повеќе информации и начините за зачленување, контактирајте ги претставниците на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

(1) International Youth Day – Background | United Nations

(2) International Youth Day 2025: History, Theme & Slogan

(3) SAVA-Strategija-ANG_SAJ-v17-1-23-24-54_1.pdf

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.