Втор дел: Општествена одговорност на долга патека – Улогата на деловниот сектор во намалувањето на одливот на население
Во претходниот дел ја разработував проблематиката за тоа како Македонската држава финансира а другите држави профитираат од одливот на млади луѓе од РС Македонија во изминатиот период. Во овој дел ќе истакнам одредени идеи кои можат да претставуваат општествена одговорност на долга патека и која би можела да биде улогата на деловниот сектор во намалувањето на одливот на население.
Одливот на население, особено на младите, допрва ќе има негативни ефекти врз домашната економија, со очекувано негативни последици врз повеќе сфери на општеството. Оттука, постои простор деловниот сектор да пружи поддршка во справувањето со овој важен предизвик, за што конкретен предлог е даден во продолжение.
Предлог: Работа со скратено време за студенти + доброволно пензиско осигурување
Идеја:
Ова претставува:
Зошто ова може да биде паметна стратегија:
1. Придобивки за младите
И денес многу млади денес студираат и работат, често неформално и без права. Со ваков модел, студентите добиваат:
2. Придобивки за компаниите и банките
3. Придобивки за државата
Можни предизвици и ризици:
1. Злоупотреба на трудот
2. Премногу оптоварување
3. Нееднакви услови меѓу студентите
Предизвик | Решение |
Злоупотреба на студентски труд | Јасна регулатива и инспекциски надзор – санкции за компании што понудуваат непропорционално ниски плати и без реален менторски процес. |
Судир со академски обврски | Флексибилни распореди – студентот може да паузира или намали часови во испитен период; одобрување од факултет. |
Нееднакви можности во градовите | Државни субвенции за компании во помали градови и рурални средини, за да се обезбеди рамномерен раст. |
Недостаток на информираност | Кампании и работилници – на факултети, со поддршка од студентски организации и центри за кариера. |
Предлог за модел на реализација
Како да изгледа овој модел?
Елемент | Предлог |
Работно време | 3 дена по 4 часа (вкупно 12 часа неделно) |
Надомест | Минимална плата или повисока, законски регулирана |
Врска со студии | Работа во област соодветна на факултетот/струката |
Менторство | Секој студент добива ментор од компанијата |
Уплата за осигурување | Исплата на здравствено осигурување и доброволно пензиско осигурување |
Траење | Од прва до трета/четврта година, со флексибилност |
Договор | Годишен, со можност за продолжување или прекин по избор на студентот |
Улогата на државата: Клучни министерства што треба да го поддржат овој модел
Овој модел не бара само добра волја од приватниот сектор, туку и целосна системска поддршка од државата. Клучните институции што треба да ги водат овие политики се:
Министерство за економија
Министерство за социјална политика, демографија и млади
Министерство за образование и наука
Заклучок: Од трошок до системско вложување
Ако државата вложила десетици илјади евра во секој млад човек, тогаш има и право, и обврска да создаде услови тој човек да остане, да се развие и да придонесе дома. Иницијативата за студентска работа со скратено време, поддржана од големите компании, банките и министерствата е: реалистична – веќе има примери од европската пракса, одржлива – не бара огромни годишни буџети, туку само делумни субвенции, силно средство – за намалување на младинската невработеност, поврзување на образованието со пазарот на трудот и заживување на домашната економија како и намалување на младинската невработеност, поврзување на образованието со пазарот на трудот и оживување на домашната економија.
Долгорочните ефекти треба да донесат сигурна иднина односно младите граѓани да ја чувствуваат поддршката тука, од рана возраст до пензија, да донесат поврат на инвестиција: во форма на даноци и создавање нови семејства и бизниси како и да се развива култура на партнерство помеѓу државата, компаниите и студентите работат заедно за заедничка иднина.
Оваа идеја е одлична можност да се поврзе образованието со економијата, да се намали младинската невработеност и да се гради мост меѓу студентите и идните работодавачи. Да го намалиме одливот на мозоци, да ја конвертираме државната инвестиција во реален економски поврат. Ако не ја задржиме младината, државата ќе продолжи да ја финансира иднината на други држави. Потребно е да изградиме нова генерација мотивирани, образовани и вклучени граѓани.Време е институциите, компаниите и универзитетите заеднички да создадат систем што ќе работи за младите – а не против нив.Нашата земја има млади луѓе полни со енергија и идеи – а токму нашите компании и банки можат да бидат тие што ќе им дадат шанса да останат, да се развијат и да придонесат тука. Со помош не големите компании и банки, со нивно вклучување, се создава партнерство со цел задржување на талентите во земјата. Тие не само што ќе придонесат за економски развој, туку и ќе помогнат државата да ја „зачува“ својата инвестиција во секое дете што го школува. Прашањето кое треба да се постави е дали би било фер секоја компанија со над 100 вработени задолжително да има програма за вклучување на студенти? Дали вашата компанија би вклучила млади луѓе и со тоа ја зајакнала иднината на земјата?
Време е да се прашаме дали ќе продолжиме да ја подаруваме нашата иднина на други држави, или ќе почнеме да ја градиме тука, заедно?
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.