Меѓународен ден на пријателството

Меѓународниот ден на пријателството е прогласен од страна на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации[1], со идеја дека пријателството меѓу луѓето, земјите, културите и поединците може да инспирира мировни напори и да гради мостови меѓу заедниците. Претставува уште еден потсетник на суштинските човечки вредности – солидарност, доверба, грижа, почит и меѓусебно разбирање.

Пријателството не само што ја збогатува нашата секојдневна комуникација, туку има и моќ да ги премости културните разлики, но и да изгради мостови на доверба. Во време на глобални предизвици, нестабилност и поделби, искреното пријателство е потсетник на човечноста што сите нè поврзува.

Како што вистинскиот и верен пријател стои до вас во сите животни фази, така и пензиското друштво е тука да ви биде сигурен партнер во пензионерските денови. Нашата визија е посветено работење и градење Друштво, кое е препознаено по грижата за своите членови, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.
Нашата мисија е обезбедување на финансиска сигурност и одржлива иднина за нашите членови, нашите вработени, нашите партнери и нашите сопственици. Преку раст на вредноста на пензиските заштеди се стремиме да обезбедиме соодветна пензија за нашите членови. На вработените им овозможуваме професионален и личен развој, а на сопствениците соодветен поврат на капиталот. Преку одговорно работење ние креираме вредност за општеството. Повеќе на линкот: https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/mission-vission-values/

Во свет исполнет со брзина и промени, пријателството останува нешто трајно и вредно – вистински подарок што нè потсетува дека не сме сами, па така гласи и слоганот на Сава пензиско друштво (https://www.sava-penzisko.mk/) – „Во друштво на добри луѓе, никогаш не сте сами“. Затоа, искористете го денот за да се сетите на оние кои ви биле поддршка во тешки моменти и радост во убавите. Кажете им колку ги цените – не чекајте посебен повод за тоа, Ве повикуваме да се сетите на вашите пријатели, да им се заблагодарите и да ги потсетите колку ви значат. А ние, како ваш пензиски партнер, ќе продолжиме да бидеме тука за вас – како доверлив пријател што се грижи за вашата иднина. Повеќе за вашите пензиски заштеди може да проверите и преку мобилна апликација:
https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/mobile-app/


[1] International Day of Friendship | United Nations

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.