Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Сава осигурување а.д. Скопје со поддршка за здружението за спортско едрење “Акватика Јахтинг”

Во соработка со  Сава осигурување, нашето работење значајно го насочуваме кон  заштита на животната средина, со посебен акцент на заштитата на водите. Во тој правец преземавме конкретни чекори за заштита на Охридското езеро и заедно со Здружението на едриличари Акватика Јахтинг од Охрид , го започнавме проектот за зголемување на свесноста за зачувување на водите на Охридското езеро и развој на едрењето како олимписка спортска дисциплина.

„Ние сме дел од  Сава осигурителна групација и нашата компанија е насочена кон заштитата на водите и од тука потекнува нашата идеја дека треба да се заложиме за заштита на нашата најубава водна површина Охридското Езеро. Спонтано дојдовме до идеја дека „Акватика јахтинг“ клубот е друштво кое заслужува да биде поддржано и да направиме еден проект кој ќе потрае за почеток 5 години, а подоцна верувам дека ќе го продолжиме. Ја препознавме потребата од набавка од еден специјален чамец кој ќе им служи за поддршка на младите деца за обука. Покрај останатото во рамки на договорот помагаме да се уреди просторот. Со овој проект спојуваме неколку наши цели, прво сме одговорни како компанија, заштитуваме вода која е национално богатство, помагаме на нови генерации учејќи да едрат, а со тоа многу порано ќе развијат свест од потребата за заштита на водите и конкретно на Охридското Езеро. Ова е почеток на нашата соработка и веруваме дека истата ќе се развива и веруваме дека нашите активности ќе ги препознаат и другите“, изјави Мира Шекутковска, Претседател на управниот одбор на Сава пензиско друштво.

Здружението за спортско едрење “Акватика Јахтинг” е формирано во 2015 година, а интересот за овој спорт секоја година расте. Во моментот клубот располага со 25 едрилици, 14 едрилици класа оптимист,3 класа ласер, 3 едрилици класа 470 двосед.

Акватика Јахтинг секоја година е дел и од натпреварите во едрење кои се одржуваат во соседните држави и постигнуваат значителни успеси и награди. Потенцијалот на клубот е препознаен и поддржан од Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Сава осигурување а.д. Скопје.

#срцезасветот #савапензиско #никогашсами #заеднозаиднинатанаезерото

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.