Нашето Друштво основано во 2005та година, прославува 17 години на постоење. Во овие 17 години, успешно ја спроведуваме нашата мисија да обезбедиме финансиска сигурност и одржлива иднина за нашите членови, нашите вработени, нашите партнери и нашите сопственици.
Преку раст на вредноста на пензиските заштеди се стремиме да обезбедиме соодветна пензија за нашите членови. На вработените им овозможуваме професионален и личен развој, а на сопствениците соодветен поврат на капиталот. Преку одговорно работење ние креираме вредност за општеството.
Овогодинешното одбележување на нашиот роденден беше во насока на создавање на поубава и поздрава иднина за генерациите кои доаѓаат, преку организирање на низа општествено одговорни активности, кои беа под иницијативата СРЦЕ ЗА СВЕТОТ. Оваа иницијатива, која се спроведува на ниво на Сава Осигурителна Групација ја става во фокус општествената одговорност и придонесот кон одржлив развој на сите членки во оваа Групација и на сите поединци, вработени во Групацијата, преку корпоративно волонтерство.
Како еден сегмент од оваа иницијатива е и донацијата на средства за опремување на Сензорна соба во едно од основните училишта на територија на градот Скопје.
„Како компанија која односот кон човечката околина и општеството го гради единствено преку призмата на одржливост и инклузивност, со огромно задоволство ја прифативме иницијативата на раководството на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ да ја реализира донацијата за адаптирање на една од образовните простории во специјална, Сензорна соба која ќе одговори на предизвиците со кои се соочуваат децата со атипичен развој“ – истакна Коста Ивановски – Член на Управниот Одбор на отворањето на Сензорната соба.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.