Поставување на СМАРТ цели
Откако во претходните текстови се запознавме со вештините за подобрување на деловната комуникација, во овој текст ќе се запознаеме со правилното поставување на цели.
Правилното поставување на цели е од исклучителна важност, бидејќи истите треба да се јасно дефинирани и да постои можност да се мери нивното спроведување.
Деловните цели може да биде од следна природа:
За правилно поставување на целите може да ни послужи СМАРТ методата. Со примената на оваа метода целите е потребно да се состојат од следните елементи:
Специфични: целите треба да бидат конкретни и јасно дефинирани. На тој начин се дефинира она што сакаме да се постигне и се дава јасна насока на делување, што го олеснува ефективното фокусирање на ангажманот и ресурсите кон остварување на целта.
Мерливи: целите треба да бидат мерливи за да може да се следи нивното остварување, односно потребно е да се следи напредокот и дали сме на “прав пат“ кон остварување на целта. Примената на конкретни критериуми за оценување ќе ни помогне во идентификувањето на потреба од прилагодувања за конечно остварување на целта.
Остварливи: целите треба да бидат остварливи со постоечките ресурси кои ни стојат на располагање. Нереалните цели може да доведат до демотивација на членовите на тимот кои е потребно да ги спроведат истите.
Релевантни: целите треба да бидат значајни и релевантни за нашата работа. Истите е потребно да се усогласат со вредностите, приоритетите и долгорочните планови на организацијата. Поставувањето релевантни цели гарантира дека ја фокусирате вашата енергија на она што навистина е важно и придонесува за вашиот личен или професионален раст.
Временски дефинирани: Поставувањето краен рок создава чувство на итност и помага во одредувањето приоритет на задачите. Тоа го спречува одложувањето и поттикнува навремено делување. Дополнително, одредувањето на временска рамка обезбедува јасна крајна точка за оценување на успешноста и одредување на следните чекори.
Пример за поставување на СМАРТ цел за личен професионален развој:
Специфично: да се заврши професионална сертификација за управување со проекти во наредните 12 месеци,
Мерливо: да се положи испит за сертификација со резултат од 80% или повисоко,
Остварливо: одвојување на 5 часа неделно за учење и подготовка,
Релевантно: подобрување на вештините за управувањето со проекти, што може да резултира со напредок во професионалната кариера,
Временски дефинирано: да се заврши сертификацијата до 31.12.2024.
Како што е видливо целта ги состои сите потребни елементи одредени со СМАРТ методата со што лесно може да се следи спроведувањето на истата. Се надеваме дека оваа метода ќе Ви послужи за Вашите редовни деловни потреби.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.