За среќата

Среќата е феномен на доживување на позитивни настани кои се надвор од нашата контрола. За одредени професии како за спортистите – среќата може да има високо значење дали на одреден меч ќе се постигне победа или пораз. Во оваа насока често може да се види како во одлучувачки моменти од спортската игра или при изведување на слободни фрлања во кошарката – спортистот изведува одреден ритуал со надеж да ја предизвика добрата среќа.

Постојат многу ретки примери на исклучителна среќа како примерот на Франо Селак кој бил професор по музичко образование во Хрватска и кој преживеал низа несреќи со смртни последици: Во 1962 година преживеал железничка несреќа во која загинале 17 патници, во 1963 година преживеал авионска несреќа во која загинале 19 патници, во 1966 година автобусот во кој се возел излетал од патот и паднал во река – загинале 4 патници. Покрај ова Франо доживеал и 4 сообраќајни несреќи и имал среќа да остане жив. Понатаму, во 2002 година на свои 73 години Франо освоил премија на лото во износ од околу 900 илјади евра. Ова e неверојатна приказна за исклучителна среќа која има минимална веројатност да се повтори.

Но, што е со сите нас останати кои имаме нормални професии и кои досега не сме имале исклучителна среќа како премија на лото? Дали постои начин да ја предизвикаме добрата среќа и да го промениме нашиот живот? Верувам дека единствен начин како можеме да ја предизвикаме добрата среќа е преку негување и практицирање на низа позитивни постапки:

  • Да бидеме про-активни, да одредиме јасни цели и да превземеме конкретни чекори во оваа насока;
  • Да бидеме подготвени да ја зграбиме шансата и да носиме одлуки со одмерен и прифатлив ризик;
  • Да бидеме позитивни личности, да веруваме дека сме среќни и да очекуваме да ни се случат позитивни работи;
  • Да негуваме блиски односи со нашите роднини, пријатели и колеги;
  • Да бидеме благодарни за она што го имаме денес.   

Исто така верувам дека овие позитивни особини ги имаат и сите долгорочни штедачи вклучително и нашите членови во доброволниот пензиски фонд – Сава пензија плус. Со одредување на јасна цел каков стандард на живот посакувате да постигнете на повозрасни години и превземање на конкретен чекор во оваа насока со уплата во нашиот доброволен пензиски фонд, јас и моите колеги можеме да потврдиме од пракса дека повеќе од половина работа е завршена.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.