Основа во сите дејства, од најосновните како, на пример, да стигнеш од точка А до точка Б, или најкомплексните, да се развие компјутерски код или проектирање и изградба на објект, е формирање на стратегија. Во управувањето на личните финансии, без разлика колкави биле тие, поставувањето на стратегијата на самиот почеток е од круцијално значење и во голема мера го дефинира успехот или неуспехот во овој процес.
Кај личните финансии една стратегија треба да ги има минимално следните параметри: цел која е изразена во апсолутна вредност или, пак, како очекуван годишен принос на вложените средства, моменталната состојба на средствата што се слободни за инвестирање како и можноста за месечно штедење и зголемување на инвестициското портфолио, временски хоризонт за исполнување на целта, прифатливо ниво на ризик или популарно кажано апетит за ризик, ликвидносните потреби или веројатноста за потрошувачка од инвестициското портфолио, даночните аспекти и управувањето со истите.
Дополнително, стратегијата може да вклучува и специјални околности, како, на пример, избегнување на инвестиции во одредени индустрии или, пак, одредени финансиски инструменти.
Откако ќе ја формулирате својата инвестициска стратегија (за што препорачуваме консултирање на пензиски или инвестициски советник или финансиски аналитичар) доаѓа делот на операционализација на истата. Во оваа фаза најважно е да ги имате сите информации за достапните финансиски продукти преку кои ќе почнете да ја остварувате својата стратегија.
За да направиш соодветна анализа на сите опции, и да донесеш одлука која ти ја сметаш за исправна, секогаш имај ги предвид овие 10 совети:
Во основа, секоја лична инвестициска стратегија треба да почнува со лична пензиска стратегија, а тоа е обезбедување на соодветна заштеда за задржување на посакуваниот стандард на живеење во периодот кога вашиот работен век веќе е завршен. За овој ваш прв чекор кон управувањето со личните финансии на располагање ви се нашите пензиски советници кај нашите деловни партнери НЛБ Банка и Сава Осигурување, како и достапноста на нашето Друштво преку сите канали на комуникација (телeфонски број 15500, емаил: kontakt@sava-penzisko.mk, web страницата sava-penzisko.mk).
Ве очекуваме за да ви помогнеме да го направите првиот чекор и да ја следите успешноста на вашата лична инвестициска стратегија.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.