Intel Corporation и Wells Fargo & Co. исплатија дивиденда на пензиските фондови

Ве информираме дека во периодот од 26.02.2021 до 07.03.2021 година во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус пристигнаа приливи по основ на камати во вкупен износ од 16.574.089,00 денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 32.152,28 американски долари.

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ од 5.164.831,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 11.180.108,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:

-17.957,93 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Intel Corporation;

-1.968,75 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo & Co. и

-11.210,61 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares iBoxx Invеstment Grade Corporate Bond ETF.

На сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 229.150,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки. Додека по основ на дивиденди пристигнаa приливи во износ од:

-644,62 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Intel Corporation;

-53,41 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo & Co. и

-316,96 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares iBoxx Invеstment Grade Corporate Bond ETF.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате во финансиските извештаи кои редовно се објавуваат на веб страната на Друштвото. Дополнителни со инсталација на мобилната апликација Сава пензиско план членовите имаат можност секогаш да бидат информирани за сите пристигнати приливи во пензиските фондови.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk