Microsoft Corporation, Chevron Corporation и други реномирани компании исплатија дивиденда на пензиските фондови

Ве информираме дека во периодот од 08.03.2021 до 17.03.2021 година во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 22.932.041,00  денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 46.506,18 американски долари, 91.084,50 франци и 16.536,41 евра.

На сметката на  Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ од 1.312.221,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 21.282.720,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:

-87.806,55 франци, од инвестираните средства во компанијата Novartis AG;

-4.230,45 САД долари, од инвестираните средства во компанијата United Parcel Service – CL B;

-18.330,90 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Chevron Corporation;

-6.534,64 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Microsoft Corporation;

-4.767,35 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Estée Lauder Companies – CL A;

-11.293,55 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Honeywell International Inc. и

-16.175,61 евра, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares STOXX Europe 600 UCITS ETF.

На сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 36.289,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 300.811,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд, пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:

-3.277,95 франци, од инвестираните средства во компанијата Novartis AG;

-174,93 САД долари, од инвестираните средства во компанијата United Parcel Service – CL B;

-589,66 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Chevron Corporation;

-239,12 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Microsoft Corporation;

-174,37 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Estée Lauder Companies Inc.;

-171,21 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Honeywell International Inc. и

360,80 евра, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares STOXX Europe 600 UCITS ETF.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате во редовните финансиски извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk