Повеќе од 14 милиони денари приливи по основ на камати во пензиските фондови

Ве информираме дека во периодот од 07.04.2021 до 16.04.2021 година во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи по основ на камати во вкупна вредност од 14.961.770,00 денари и приливи од дивиденди во вкупна вредност од 16.834,26 американски долари.

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ од 4.334.923,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 10.453.018,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од дивиденди во износ од:

-11.355,35 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares iBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF и

-5.016,54 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Schwab U.S. TIPS ETF.

На сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 173.829,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од дивиденди во износ од:

320,47 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares iBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF и

-141,90 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Schwab U.S. TIPS ETF.

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондoви и влијаат на остварениот принос од инвестирањето.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате во финансиските извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.