Повеќе од 19 милиони денари од камати во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Ве информираме дека во периодот од 16.02.2021 до 25.02.2021 година во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристинаа приливи од камати во вкупен износ од 19.549.844,00 денари.

Во Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ од 2.724.116,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 16.756.342,00 денари.

На сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 13.394,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 55.992,00 денари.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот можете да најдете и во финансиските извештаи кои се објавуваат на веб страната на Друштвото. Дополнително сите членови можат да добиваат редовни известувања за пристигнатите приливи и преку мобилната апликација Сава пензиско план.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.