Ве информираме дека во периодот од 17.01.2021 до 26.01.2021 година на сметките на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 21.570.389,00 денари.
На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ 5.717.158,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 14.046.231,00 денари и приливи од инвестиции во домашна корпоративна обврзница, во износ од 978.570,00 денари.
Во истиот овој период на сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 16.057,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 57.477,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашна корпоративна обврзница, во износ од 754.896,00 денари.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за тоа во кои финансиски инструменти и компании се инвестираат средствата, како и за резултатите од инвестирањето можете да најдете во финансиските извештаи кои редовно се објавуваат на веб страна на друштвото www.sava-penzisko.mk.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.