Повеќе од 80 илјади американски долари приливи од дивиденди во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Ве информираме дека во периодот од 28.03.2021 до 06.04.2021 година во пензиските фондови пристигнаа приливи од камати во вкупна вредност од 19.646.499,00 денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 82.959,85 американски долари.  

Во Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ од 5.504.400,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 13.652.866,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:

-11.382,97 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Bank of America Corporation;

-17.474,94 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Royal Dutch Shell plc;

-7.240,37 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares U.S. Energy ETF и

-44.187,50 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF.

На сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 159.373,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 329.860,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд, пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:

314,24 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Bank of America Corporation;

-708,62 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Royal Dutch Shell plc;

145,30 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares U.S. Energy ETF и

-1.505,91 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF.

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондoви и влијаат на остварениот принос од инвестирање.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате во финансиските извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.