Успешното управување со пензиските фондови донесе високи приливи од камати и дивиденди во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Почитувани членови и пензионирани членови,

Ве информираме дека во периодот од 15.06.2022 – 25.06.2022 година на сметката на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од камати во износ од 439.612,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 46.827.102,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во износ од: 357.591,46 САД долари, 234.542,37 евра и 8.300.268,00 денари.

Во тој период на сметката на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус пристигнаа приливи од дивиденда во износ од: 10.564,05 САД долари, 6.629,25 евра и 200.052,00 денари, како и приливи од камати во износ од 6.183,00 денари по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 1.967.300,00 денари.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на висината на пензиските заштеди.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2022/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.