Eкономската сигурност e важен дел за подобрување на индивидуалната благосостојба во пензионерските денови, па оттука важни се и вашите заштеди за да постигнете економска сигурност. Вашите заштеди во вториот пензиски столб се ваша лична сопственост.
Светските практики покажуваат дека во земји со неповолни демографски трендови, од особено значење за одржливоста на пензиските системи е токму постоењето на повеќестолбни пензиски системи. Демографските податоци во нашата земја покажуваат дека одржливоста на едностолбениот систем (постоење само на Фондот на ПИОСМ) е на незадоволително ниво, па поради тоа постоењето на повеќестолбен систем, каде се вклучени задолжителнитепензиски фондови е од големо значење за идните пензионери, кои тековно се членови и во вториот столб. Капитално финансираното пензиско осигурување се разликува од системот на генерациска солидарност (постоење само на Фондот на ПИОСМ), во однос на евидентирањето на уплатените придонеси и утврдувањето и исплатата на пензијата.
Пензиските друштва кои ги управуваат задолжителните пензиски фондови се транспарентни, па оттука, секој поединец има своја сопствена индивидуална сметка на која се евидентираат уплатените придонеси, и во секое време може да направи увид колку средства се акумулирани. На пример, доколку поединецот е член во Сава пензиски фонд и/или Сава пензија плус, ова може да го направи преку апликацијата Sava penzisko plan. Парите од вториот столб се евидентирани на индивидуални сметки на членовите и тоа претставува нивна инвестиција и пензија за во иднина, односно придонесува за зголемување на нивната пензија од прв столб. Акумулираните придонеси се инвестираат, додека приносот од инвестициите намален за трошоците на работење на системот се додава на средствата акумулирани на индивидуалните сметки на секој подинец. На овој начин се обезбедува поврзаност помеѓу средствата акумулирани на индивидуалните сметки и идните пензии што ќе ги остваруваат лицата вклучени во вториот столб. Треба да се земе предвид дека приносот се остварува за долг временски период, што е и големата предност на пензиските фондови во однос на останатите институционални инвеститори, односно одлуките се носат единствено врз база на долгорочните перспективи. Пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво немаат висок ризичен профил и средствата во пензиските фондови имаат високо ниво на сигурност и безбедност.
Во однос на инвестирањето на средствата, постои законска рамка во која е регулирано функционирањето на приватните пензиски фондови со цел намалување на ризичноста, пред се поради социјалните аспекти на овие фондови и која што поставува ограничувања во однос на видот и ризичноста на инструментите. Може да истакнеме дека постои потреба од унапредување на законската рамка во делот на инвестиционите ограничувања кои приватните пензиски фондови ги имаат во насока на поголеми можности за управување со ризиците, но истовремено и поголема диверзификација на портфолијата на приватните пензиски фондови преку можност за инвестирање на одреден процент од средствата во недвижности, инфраструктура, берзански стоки и други алтернативни инвестиции, следејќи го примерот на голем број развиени пензиски системи низ светот.
На веб страната на Сава пензиско друштво а.д. Скопје може да се најдат дополнителни информации за управувањето со задолжителниот и доброволниот пензиски фонд.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.