Постигнете финансиска стабилност и сигурност, преку паметно управување со личните финансии

Управувањето со личните финансии не е задолжителен предмет во училиштата, па можеби тоа е една од причините што луѓето многу често лошо менаџираат со своите финансии.

Без разлика на професијата со која се занимаваме и образованието кое го имаме, секој еден човек треба паметно да управува со своите финансиските средства за да ги постигне посакуваните цели во животот.

Многу често се случува луѓето со високи приходи, да се презадолжени. Односно, високите примања сами по себе не значат финансиска сигурност. Да бидеме финансиски стабилни, значи да бидеме подготвени да се соочиме со можните непредвидливи ситуации и околности во текот на животот.

За да ја преземеме контролата врз личните финансии треба да ги следиме советите за паметно управување со личните финансии.

Трошете помалку отколку што заработувате

Ова е еден од најважните, но основни совети за лични финансии. Сепак, лесно е да знаете дека треба да трошите помалку отколку што заработувате, многу е потешко навистина да го направите тоа. Меѓутоа, ако сакате да избегате од начинот на живот од плата до плата во кој живеат многу други, треба да трошите помалку отколку што заработувате.

Според одредени истражувања спроведени во САД, дури 78% од вработените живеат од плата до плата, без заштеда или со минимална заштеда. Додека 3 од 4 луѓе се во долгови. За да го избегнете тоа морате да трошите помалку од што заработувате, а разликата да ја штедите. 

Направете буџет и внимавајте каде и на што ги трошите парите

Доколку прочитате неколку книги за лични финансии ќе сфатите колку е важно вашите трошоци да не ги надминуваат вашите приходи. Најдобар начин да имате контрола над своите пари е да креирате месечен буџет и да внимавате на вашите трошоци.

Одржувањето на вашите месечни трошоци пониско во однос на вашите приходи со текот на времето ќе ви заштеди значителна сума на пари. Ова можете да го направите со едноставно запишување на вашите трошоци или со користење на некоја бесплатна апликација за лични финансии.

Започнете да штедите за пензија

За да го задржете стандардот на живеење откако ќе се пензионирате и да не почувствувате промени во вашите приходи, потребно е да започнете да штедите додека се уште заработувате.  Штедењето за  пензија е одлична можност со редовни помали издвојувања од вашиот буџет да заштедите значителна сума и да обезбедите посигурна иднина за вас и вашето семејство. 

Вашиот пензиски план можете да го направите веднаш на www.sava-penzisko.mk и да започнете да штедите за посигурна иднина во Сава пензија плус.

Поставете си финансиски цели кои сакате да ги постигнете

Доколку сакате да постигнете одредени финансиски цели потребно е да дефинирате што е за вас приоритет и што сакате да постигнете во иднина во однос на вашата финансиска стабилност.

Имањето јасна цел ќе ви помогне да останете мотивирани и да работите на постигнувањето на таа финансиска цел. Сепак треба да бидеме внимателни и целите кои си ги поставуваме да бидат реални.

Започнете да размислувате што сакате да постигнете во следните 3 месеци, во следната година и за 5 години од денес.

Внимавајте со кредитните картички

Кредитните картички во многу ситуации се корисни и често употребувани. Сепак, морате да имате на ум дека она што ќе го купите со кредитна картичка претставува долг и треба да се плати.

Кога купувате нешто со вашата кредитна картичка, позајмувате пари од банката. Ако не ги вратите тие пари назад, банката ќе започне да наплаќа камата на вашето салдо.

Со тоа овој долг може да стане вистински проблем доколку не се плаќа редовно. Сепак одговорното користење на кредитните картички претставува можност, а не недостаток.

Има лоши и добри долгови

Позајмувањето пари е нормална и секојдневна работа. Речиси сите во светот и луѓето и компаниите се задолжуваат и позајмуваат пари. Иако можеби долгот асоцира на негативна работа, не сите долгови се нужно лоши долгови. Има навистина лоши, но има и добри долгови. Наједноставно кажано еве во што е разликата.

Лош долг е секој долг што се стекнува со купување на нешто што ќе загуби вредност и ќе оствари нула приходи во иднина.

Добар долг е кога со позајмените пари купуваме нешто што во иднина ќе ни донесе финансиска корист или дополнителни приходи.

Креирајте фонд за итни случаи

Доколку утре ја загубите работата, дали би имале доволно пари да живеете во наредните 6 месеци? Ако немате, тогаш сте дел од мнозинството луѓе кои немаат пари на страна за во итни случаи. Можеби не можете да предвидите итен случај, но секогаш можете да се подготвите.

Најдобар начин да го сториме тоа е да формираме фонд за итни случаи со трошоци за живот во наредите 6 месеци. Тоа значи дека ако утре останете без работа, ќе можете да живеете од вашиот фонд за итни случаи во наредите 6 месеци додека најдете нова работа.

Сите оние кои имаат ваков фонд за итни случаи многу полесно ќе ја надминат кризата предизвикана од пандемијата, за разлика од оние кои немаат и кои ќе западнат во тешка финансиска криза.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.