Пандемијата со КОВИД-19 ни наметна „ново нормално“ како во приватниот, така и во професионалниот живот.
Социјалната изолација, осаменоста, „тенката“ граница помеѓу работните обврски и приватниот живот, стравот од губењето на работата или саканата личност, создаваат тежина, која може да биде голема и значително да влијае на менталното здравје.
Принудени да се борат со овие дополнителни стресови, додека сè уште треба да работaт, вработените се соочуваат со неочекувани предизвици кога станува збор за нивната ментална благосостојба и имаат потреба од поддршка, додека се на своите работни места.
Свесни за ова и загрижени за своите вработени, кои во голема мера своите активности ги извршуваа од дома, Сава пензиско друштво, спроведе истражување каде низ повеќе прашања ги истражи ставовите на своите вработени за нивната благосостојба и ментално здравје во време на пандемијата, како и нивните стравови и надежи за работата и состојбата по завршувањето на пандемијата.
Резултатите беа очекувани и за истите сметаме дека може да се генерализираат и разгледуваат во еден поширок контекст.
Над 43 % од вработените се изјасниле дека имаат високо ниво на благосостојба. Сепак, кај голем дел од нив се јавува некое средно ниво на истрошеност, кое перспективно при продолжување на овие услови, може да премине во високо ниво и да доведе до зголемување на истрошеноста и намалување на продуктивноста и благосостојбата на вработените.
Фактори кои имале најголемо влијание врз продуктивноста на вработените се:
Како најголем страв за вработените за постпандемискиот период е евентуалното продолжување со тековното темпо на работа, кое, воедно, е и главна причина за истрошеност и дебаланс на приватен професионален живот.
Исто така, вработените стравуваат дека постпандемискиот живот ќе се одликува со намалена грижа за вработениот и намалена флексибилност на работното место.
Најголема желба на вработените е да се подобри балансот работа-дома, кое се поврзува со желбата во иднина да се продолжи комбинираниот начин на работа, токму поради поголемата флексибилност што ја нуди тој начин на работа.
Како топ 3 причини зошто би се вратиле на работното место, кои нашите вработени ги избраа се: недостаток на работната атмосфера, социјализација и поголема продуктивност на работното место.
Во согласност со податоците добиени од спроведената анкета, Сава пензиско друштво продолжува да ги подобрува работните услови и да ги приспособува работните процеси, а притоа да ги задоволи желбите и потребите на своите вработени, со цел подобрување на нивната севкупна благосостојба, притоа без да се влијае на дејноста на Друштвото.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.