Македонскиот јазик изобилува со голем број на зборови кои имаат засебно значење и нема потреба од користење на еден ист збор за две различни намени. Па така, во економијата и финансиите користиме зборови кои самите го опишуваат финансискиот производ, состојба, настан…
Сепак, два финансиски производи во најголем дел од случаите се погрешно перцепирани од јавноста, односно погрешно е перцепирана нивната намена и значење, иако нивното име јасно ги опишува. Секако треба да се напомене дека перцепцијата кај јавноста ја прават лицата кои работат со тие финансиски производи, ги претставуваат и продаваат, па таа забуна (намерна или ненамерна) најчесто доаѓа од самите продавачи на производите. Финансиските прозводи за кои станува збор се доброволно пензиско и животно осигурување.
Овој блог пост е започнат на овој начин со цел уште од почеток да сфатиме дека во името на финансискиот производ стои и неговата намена, односно може веднаш да кажеме дека животно осигурување е осигурување на живот, а доброволно пензиско осигурување е осигурување за пензија. Доколку животното осигурување беше осигурување за пензија, тогаш ќе се викаше пензиско, и обратно.
Во продолжение во кратки црти ќе бидат објаснети двата производи со цел најлесно да се препознаат разликите и бенефициите на двата финансиски производи.
Доброволно пензиско осигурување:
Животно осигурување:
Клучни разлики:
Може да заклучиме дека иако различни, сепак животно осигурување и доброволно пензиско осигурување играат клучни улоги во обезбедувањето на финансиската иднина. Разбирањето на овие разлики може да помогне во носење на правилна одлука за долгорочно финансиско планирање за секого. Тоа значи дека при одлучување во кој од овие два финансиски продукти да се вложува, клучен аргумент е целта на вложувањето. Дали целта е дополнителен извор на приходи кога веќе не сме дел од работната сила, или целта е да се обезбеди семејството, односно лицето кое е финансиски зависно од носителот на полисата, во случај на смрт во осигурениот период. . Оттука, во многу случаи оптимална е одлукта да се избере добар сооднос во инвестирање помеѓу пензиско осигурување и осигурување на живот.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.