Живееме во свет управуван од податоци. Речиси секоја интеракција, општење и трансакција што ги имаме со повеќето организации, вклучува споделување на лични податоци, како што се име и презиме, адреса и датум на раѓање. Воедно, секојдневно споделуваме лични податоци и онлајн, секој пат кога ќе посетиме веб-страна, кога пребаруваме или купуваме нешто, користејќи социјални медиуми или кога испраќаме е-пошта. Споделувањето податоци помага да го направи животот полесен и поудобен, како и да сме постојано ‘конектед‘ и во тек со случувањата.
НО, вашите лични податоци се Ваши податоци! Тоа Ви припаѓа вам, па затоа е важно истите да се користат разумно и да останат безбедни. Законот за заштита на личните податоци ги гарантира вашите права при обработката на личните податоци како и начинот како правилно и законски да се користат.
Секоја организација/компанија/давател на услуги- контролор, кој на било каков начин ги обработува вашите лични податоци, е обврзан да ве информира за истото. Меѓу другото, контролорите се должни да ве информираат за кои цели ги обработуваат вашите лични податоци, за вашите права, за тоа кој ги користи податоците, рокови на чување на личните податоци итн.
На пример, доколку се регистрирате за користење на услуги за електронска пошта или пак ја активирате функцијата за праќање инстант пораки на вашиот телефонски број, Контролорот е должен на јасен и разбирлив јазик да ви ги даде сите инфорамции пропишани со закон во врска со обработката на вашата е-маил адреса односно телефонскиот број.
Доколку сакате да дознаете дали вашите лични податоци ги обработува Контролорот, имате право да побарате и да добиете информација за истото, да добиете копија и дополнителни информации за обработката, на пример, целите на обработката или категориите на лични податоци што се обработуваат.
На пример, банката каде што сте клиент, на ваше барање може да ви издаде копија од договорот за кредит или пак докторот да ви даде копија од вашето медицинско досие бидејќи овие документи содржат лични податоци за вас.
Ако увидите дека Контролорот има зачувано неточни/ погрешни информации за вас, може да поднесете Барање за исправка при што Контролорот е должен да постапи во законски определен рок.
Може да побарате од Контролорот да ги избрише Вашите лични податоци доколку повеќе не се потребни за целите за кои сте ги дале, доколку ја повлечете вашата согласност за обработка на истите или пак поднесете приговор на обработката. Како алтернатива на барањето за бришење на лични податоци е барањето за ограничување на обработката, кое овозможува ограничување на начините на кои контролорите ги користат вашите лични податоци.
Во секој случај, она што е најважно е секогаш кога ги давате личните податоци да бидете внимателни и информирани поради која цел ги давате.
Your Personal Information is Valuable! Protect it!
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.