Мојот мајчин јазик – Албански јазик

Албанскиот јазик е посебен јазик и посебна група во индо-европското семејство на јазици кој го зборуваат (се претпоставува) помеѓу 8-11 милиони луѓе во целиот свет, а првенствено во Албанија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Грција и Италија.

Во Северна Македонија, според последните статистички податоци од 2002 година, Албанскиот јазик го зборуваат повеќе од половина милион граѓани, од сите етнички групи, но претежно Албанците. Исто така, Албанскиот јазик е втор службен јазик во Македонија, во активна употреба во сите јавни и државни институции и органи и онаму каде што Албанците се над 20% од вкупното население во општините, на локално ниво.

Албанскиот јазик се изучува во сите нивоа на образование во Македонија, а се употребува во медиуми, театри, ансамбли, спортски друштва и клубови.

Албанскиот јазик во историјата е пишуван употребувајќи повеќе различни писма, букви и азбука регистрирани уште од раните години од 14-от век. Историјата на ортографијата на Албанскиот јазик е тесно поврзана со културната ориентација и познавањата на странските јазици помеѓу албанските писатели. Првиот знак на постоење на Албанскиот јазик е сведочење од 1284 година.

Официјалниот денешен Албански јазик, се пишува со латинична азбука која е прифатена во 1909 година базирана на дијалектот Геги од градот Елбасан до почетокот на втората светска војна. Во 1945 година се започна со реформи на официјалниот Албански јазик, се продолжи во 1952, 1967 и конечно во 1972 година се утврдува Албанскиот официјален јазик кој што не само што се базира на литературниот дијалект Тоски, туку и зборовите кои се позајмуваат од дијалектот Геги се модифицираат и адаптираат во морфологијата, фонологијата и синтаксата на литературната варијанта. Ова е познато како „Албански стандарден јазик“.

Албанскиот јазик има два главни дијалекти, Геги на север и Тоски на југ, поделени отприлика од реката Шкумбин. Дијалектите се огранети меѓусебно пред најмалку 1.000 години и нивните помалку екстремни форми меѓу себе се разбирливи. Разликите помеѓу дијалектите на Албанскиот јазик не се големи, говорниците се разбираат без потешкотии еден со друг.

Меѓутоа, постојат неколку разлики во фонетскиот систем, во граматичката структура и во лексиката, од кои најглавните се: северниот дијалект има усни и носни самогласки, додека јужниот дијалект само усни самогласки.

Првата пронајдена книга напишана на Албански јазик е „Мешари“ на писателот Џон Бузуки која е напишана од 20 Март 1554 до 05 Јануари 1555 година.

Албанскиот јазик се смета за еден и посебен јазик во рамките на индо-европското семејство на јазици. Ниеден друг јазик не е директно поврзан со нејзиниот огранок ниту пак е сроден со Албанскиот јазик.

Единствените останати јазици кои опстанале до ден денешен како посебни јазици и гранки во индо-европското семејство на јазици се Грчкиот јазик и Ерменскиот јазик.

Албанскиот јазик се смета дека еволуирал од еден од античките палео-балкански јазици, иако сеуште не е јасно и потврдено кој посебен палео-балкански јазик претставува претходник на Албанскиот јазик или каде поточно живеела таа популација во Јужна Европа. Тоа значи дека нема доволно докази за да се поврзе Албанскиот јазик со еден од тие јазици, иако историчарите и луѓето кои се занимаваат со изучување на јазиците најмногу ја поддржуваат и ја користат теоријата дека античкиот Илирски јазик е претходник на Албанскиот јазик.

Најсилното влијание во Албанскиот јазик доаѓало од латинскиот јазик. Местото и времето кога се формирал Албанскиот јазик е непознато.

Категориите на граматиката на Албанскиот јазик се многу блиски со останатите европски јазици. Граматиката на Албанскиот јазик е многу покомплицирана во споредба со другите индо-европски јазици. Албанскиот јазик има 5 падежи и 4 деклинации. Глаголите се многу нередовни. Акцентот е претежно на претпоследниот слог. Именките се делат во три рода (машки, женски и среден) и два броја (множина и еднина)

Албанската азбука, утврдена на Битолскиот конгрес 1908 година, има вкупно 36 букви од кои 7 самогласки: A, E, Ë, I, O, U, Y и 29 согласки: B, C, Ç, D, Dh, F, G, Gj, H, J, K, L, Ll, M, N, Nj, P, Q, R, Rr, S, Sh, T, Th, V, X, Xh, Z, Zh. Од тие, 25 букви се едноставни (a, b, c, d, e, f, g, h, i, j, k, l, m, n, o, p, q, r, s, t, u, v, x, y), 9 се биграми (dh, gj, ll, nj, rr, sh, th, xh, zh) и 2 се диактрички букви (ë, ç).

Користени извори на информации:

Gjuha Shqipe – Wikipedia

Gjuha shqipe – Wikiwand

Gjuha Shqipe (shqiperia.com)

GjuhaShqipe.com

Прочитајте повеќе во Неделата на мајчиниот јазик:

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.