Сава пензиско друштво а.д. Скопје во еколошка акција заедно со Амбасадата на Република Словенија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје беше дел од еколошката акција организирана од страна на Амбасадата на Република Словенија за чистење на Марков Манастир и неговата околина.

Акцијата за чистење беше организирана во соработка со „Нула Отпад“, со цел да се обезбеди селектирање и рециклирање на собраниот отпад и да се подигне свеста зачувување на животната средина.

Иницијативата за оваа еколошка акција е со поддршка на амбасадорот на ЕУ во Скопје г-дин Дејвид Гир, кој иницираше вклучување на амбасадите на земјите-членки во рамките на програмата на Делегацијата на ЕУ „Денот на Европа во моето соседство“.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.