Повеќе од 54 милиони денари приливи од камати во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Ве информираме дека во периодот од 16.07.2021 до 25.07.2021 во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 54.096.113,00 денари.  

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 2.151.199,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 49.024.334,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 960.445,00 денари.

Во истиот овој период на сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 52.912,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 1.166.308,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 740.915,00 денари.

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на остварениот принос од инвестирањето.

Подетални информации за структурата на портфолијата на пензиските фондови можете да најдете во финансиските извештаи кои редовно се објавуваат на веб страна на Друштвото.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.