Основата на правилното буџетирање се заснова на познатата сметководствена равенка: Приходите = Расходите. Тоа значи дека нето месечните приходи/приливи (откако ќе се платат придонеси и данок) треба да се распределат така што ќе ги покријат сите категории на расходи/одливи (во кои се вклучуваат и заштедите).
Правилото 50/30/20 е лесен метод за буџетирање кој може да ви помогне ефикасно и одржливо да управувате со вашите финансии. Основното правило е да го поделите вашиот месечен приход во три категории: 50% за основни потреби, 30% за желби и 20% за заштеди или отплата на долг.
Избалансираната распределба на трошоците во дадените категории е чекор кон поефикасна алокација на вашите финансиски ресурси и овозможува лесно и едноставно следење на трошоците.
Еве како изгледа буџетот што се придржува до правилото 50/30/20:
50% од вашиот приход треба да ги покрие вашите најпотребни трошоци – плаќања за сите основни работи без кои би било тешко да се живее, а тука спаѓаат: месечна кирија, режиски сметки, транспорт, осигурување и исхрана.
Доколку трошоците за основни потреби надминуваат 50% од месечните примања, треба да се согледа дали и каде може да се намалат трошоците. Така на пример, да се одлучите за друг вид на транспорт или за наоѓање на нови начини да заштедите пари додека купувате намирници.
Следењето на правилото 50/30/20 не значи дека не можете да уживате во вашиот живот. Тоа едноставно значи да бидете посвесни за вашите пари со наоѓање области во вашиот буџет кои се непотребно трошење и истите да се намалат или елиминираат.
Ако сте збунети околу тоа дали нешто е потреба или желба, едноставно запрашајте се: „Дали би можел да живеам без ова?”-Ако одговорот е да, тоа е веројатно желба. Желбите се дефинирани како несуштински трошоци – работи на кои избирате да ги трошите парите, иако би можеле да живеете без нив, ако треба. Тука може да се вклучат: ресторани, облека, теретана, излегување, театар, кино и патување.
Со оглед на тоа што 50% од вашиот месечен приход оди за вашите потреби и 30% се распределуваат на вашите желби, останатите 20% може да се стават за постигнување на вашите цели за штедење или за враќање на сите неподмирени долгови, како рати за кредит.
Постојаното одвојување на 20% од вашата плата секој месец, може да ви помогне да изградите подобар, поиздржлив план за штедење, без разлика дали вашата крајна цел е краткорочно инвестирање како, креирање на фонд за итни случаи, купување автомобил или реновирање, или долгорочни инвестициски планови, како инвестирање во инвестициски фондови, акции, недвижности или доброволно пензиско осигурување.
Преку инвестирање на средства во доброволните пензиски фондови, се јавува нов извор на примања кои ќе ни овозможат и подобар животен стандард. Доброволниот фонд – Сава Пензија Плус овозможува флексибилно инвестирање, согласно Вашите финансиски и временски можности. За повеќе информации за доброволниот фонд кликнете тука или обратете се до нашите пензиски советници.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Објавените содржини се сопственост на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Преземањето на содржини е дозволено само во целина, со задолжително наведување на изворот (Извор: www.nikogassami.mk - Сава пензиско друштво а.д. Скопје) и линк до наведената преземена содржина. Секое делумно преземање и/или коментирање се смета за преработка на авторското дело, менување и негово скрнавење што подлежи на законска одговорност.