Вашите заштеди во вториот пензиски столб се ваша лична сопственост

Eкономската сигурност e важен дел за подобрување на индивидуалната благосостојба во пензионерските денови, па оттука важни се и вашите заштеди за да постигнете економска сигурност. Вашите заштеди во вториот пензиски столб се ваша лична сопственост.

Светските практики покажуваат дека во земји со неповолни демографски трендови, од особено значење за одржливоста на пензиските системи е токму постоењето на повеќестолбни пензиски системи. Демографските податоци во нашата земја покажуваат дека одржливоста на едностолбениот систем (постоење само на Фондот на ПИОСМ) е на незадоволително ниво, па поради тоа постоењето на повеќестолбен систем, каде се вклучени задолжителнитепензиски фондови е од големо значење за идните пензионери, кои тековно се членови и во вториот столб. Капитално финансираното пензиско осигурување се разликува од системот на  генерациска солидарност (постоење само на Фондот на ПИОСМ), во однос на евидентирањето на уплатените придонеси и утврдувањето и исплатата на пензијата.

Пензиските друштва кои ги управуваат задолжителните пензиски фондови се транспарентни, па оттука, секој поединец има своја сопствена индивидуална сметка на која се евидентираат уплатените придонеси, и во секое време може да направи увид колку средства се акумулирани. На пример, доколку поединецот е член во Сава пензиски фонд и/или Сава пензија плус, ова може да го направи преку апликацијата Sava penzisko plan. Парите од вториот столб се евидентирани на индивидуални сметки на членовите и тоа претставува нивна инвестиција и пензија за во иднина, односно придонесува за зголемување на нивната пензија од прв столб. Акумулираните придонеси се инвестираат, додека приносот од инвестициите намален за трошоците на работење на системот се додава на средствата акумулирани на индивидуалните сметки на секој подинец. На овој начин се обезбедува поврзаност помеѓу средствата акумулирани на индивидуалните сметки и идните пензии што ќе ги остваруваат лицата вклучени во вториот столб. Треба да се земе предвид дека приносот се остварува за долг временски период, што е и големата предност на пензиските фондови во однос на останатите институционални инвеститори, односно одлуките се носат единствено врз база на долгорочните перспективи. Пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво немаат висок ризичен профил и средствата во пензиските фондови имаат високо ниво на сигурност и безбедност.
Во однос на инвестирањето на средствата, постои законска рамка во која е регулирано функционирањето на приватните пензиски фондови со цел намалување на ризичноста, пред се поради социјалните аспекти на овие фондови и која што поставува ограничувања во однос на видот и ризичноста на инструментите. Може да истакнеме дека постои потреба од унапредување на законската рамка во делот на инвестиционите ограничувања кои приватните пензиски фондови ги имаат во насока на поголеми можности за управување со ризиците, но истовремено и поголема диверзификација на портфолијата на приватните пензиски фондови преку можност за инвестирање на одреден процент од средствата во недвижности, инфраструктура, берзански стоки и други алтернативни инвестиции, следејќи го примерот на голем број развиени пензиски системи низ светот.

На веб страната на Сава пензиско друштво а.д. Скопје може да се најдат дополнителни информации за управувањето со задолжителниот и доброволниот пензиски фонд.

Над 70 милиони денари приливи од камати во Сава пензиски фонд во третиот месец од 2024 година

Ве информираме дека во периодот од 01.03.2024–31.03.2024 година на сметката на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 70.299.669,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во вкупен износ од 353.192,23 долари и 73.107,61 евра, од кои ги издвојуваме:

  • УСД 128.928,58 од инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF;
  • УСД 42.888,82 од инвестицискиот фонд FIDELITY FINANCIALS ETF;
  • ЕУР 48.090,88  од компанијата SHELL PLC;
  • УСД 11.007,61 од компанијата ESTEE LAUDER COMPANIES-CLA.

Во истиот период, на сметката на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 1.455.198,00 денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 9.912,34 долари и 2.653,09 евра, од кои издвојуваме:

  • УСД 3.563,02 од инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF;
  • ЕУР 1.952,67  од компанијата SHELL PLC;
  • УСД 1.340,67 од инвестицискиот фонд VANGUARD FTSE PACIFIC ETF;
  • УСД 1.058,75 од инвестицискиот фонд FIDELITY FINANCIALS ETF.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на нивните пензиски заштеди.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2023/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk