Ве информираме дека во периодот од 31.08.2023–17.09.2023 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 7.098.062,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 18.516.828,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигна приливи од дивиденди во износ од:
– 13.525,96 САД долари, од инвестираните средства во компанијата HONEYWELL INTERNATIONAL INC.;
– 10.510,94 САД долари, од инвестираните средства во компанијата INTEL CORPORATION;
– 6.664,00 САД долари, од инвестираните средства во компанијата MICROSOFT CORP.;
– 11.007,61 САД долари, од инвестираните средства во компанијата THE ESTEE LAUDER COMPANIES INC.;
– 37.587,93 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF и
– 92.086,10 евра, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES STOXX EUROPE 600 UCITS ETF (DE).
Ве информираме дека во периодот од 31.08.2023–17.09.2023 година на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 373.120,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 120.125,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд, пристигна прилив од дивиденда во износ од:
– 297,77 САД долари, од инвестираните средства во компанијата HONEYWELL INTERNATIONAL INC.;
– 358,75 САД долари, од инвестираните средства во компанијата INTEL CORPORATION;
– 258,47 САД долари, од инвестираните средства во компанијата MICROSOFT CORP.;
– 411,18 САД долари, од инвестираните средства во компанијата THE ESTEE LAUDER COMPANIES INC.;
– 830,59 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF и
– 3.085,85 евра, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES STOXX EUROPE 600 UCITS ETF (DE).
Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на нивната висина.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Ве информираме дека во периодот од 24.07.2023–06.08.2023 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 6.346.898,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 31.626.273,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашни обврзници издадени од банки, во износ од 1.125.258,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:
– 12.823,26 САД долари, од инвестираните средства во компанијата VERIZON COMMUNICATIONS INC;
– 20.659,10 САД долари, од инвестираните средства во компанијата JP MORGAN CHASE & CO. и
– 1.562.400,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Прилепска Пиварница АД Прилеп.
Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 154.382,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 579.779,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашни обврзници издадени од банки, во износ од 891.972,00 денари, како и приливи од дивиденди во износ од:
– 374,53 САД долари, од инвестираните средства во компанијата VERIZON COMMUNICATIONS INC;
– 837,90САД долари, од инвестираните средства во компанијата JP MORGAN CHASE & CO. и
– 383.600,00денари, од инвестираните средства во компанијата Прилепска Пиварница АД Прилеп.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на висината на нивните пензиски заштеди.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Ве информираме дека во периодот од 03.07.2023–12.07.2023 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 3.430.741,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 20.204.059,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:
131.711,22 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF;
3.784,75 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд GLOBAL X VIDEO GAMES& ESPORT;
30.512,60 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF и
Во истиот период, на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 88.339,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 412.653,00 денари, како и приливи од дивиденди во износ од:
3.639,92 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF;
73,00 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд GLOBAL X VIDEO GAMES& ESPORT;
682,25 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF и
448,62 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд GLOBAL X AUTONOMOUS&ELEC-ETF.
Овие приливи се резултат на инвестирањето и влијаат на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Ве информираме дека во периодот од 23.06.2023–02.07.2023 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 5.153.307,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 5.397.546,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:
– 24.050,84 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд HEALTH CARE SELECT SECTOR SPDR FUND;
– 11.276,58 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд INVESCO GLOBAL WATER ETF;
– 4.617,56 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд COMM SERV SELECT SECTOR SPDR;
– 9.766,05 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд SPDR S&P KENSHO NEW ECONOMIE;
– 14.273,50 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд UTILITIES SELECT SECTOR SPDR;
– 61.871,22 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD FTSE PACIFIC ETF и
– 38.943,74 евра, од инвестираните средства во компанијата SHELL PLC.
Исто така, Ве информираме дека во периодот од 23.06.2023–02.07.2023 година на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 165.307,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 299.821,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:
– 681,58 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд HEALTH CARE SELECT SECTOR SPDR FUND;
– 298,21 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд INVESCO GLOBAL WATER ETF;
– 63,87 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд COMM SERV SELECT SECTOR SPDR;
– 247,81 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд SPDR S&P KENSHO NEW ECONOMIE;
– 397,03 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд UTILITIES SELECT SECTOR SPDR;
– 2.436,87 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD FTSE PACIFIC ETF и
– 1.525,66 евра, од инвестираните средства во компанијата SHELL PLC.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на висината на пензиските заштеди.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Деловното пишување се користи за професионална и деловна комуникација. Тоа е наменски дел од пишувањето што му пренесува релевантни информации на читателот на јасен, концизен и ефективен начин. Тука се вклучени понуди до клиенти, извештаи, белешки, е-пошта и известувања. Умешноста во деловното пишување е критичен аспект на ефективната комуникација на работното место и пренесување на саканата порака.
Видови на деловно пишување
Деловното пишување може да се категоризира во четири типа: поучен (инструктивен) , информативен, убедлив и трансакциски тип
1. Поучен (инструктивен) тип Типот на деловно пишување е насочувачки и има за цел да го води читателот низ чекорите за полесно завршување на задачата. Ваквото пишување всушност претставува еден вид упатство во кое се напишани насоките според кои треба да се извршат зададените задачи.
2. Информативен тип Информативното деловно пишување се однесува на точно и доследно пренесување на деловните информации. Се состои од документи од суштинско значење за основните функции на бизнисот за следење на резултатите, презентирање на плановите и усогласување со законските обврски. На пример тоа се: финансиските извештаи на една компанија, записниците од состаноци и можеби најважното, пишувањето извештаи. Можам да истакнам, во нашето друштво редовно се практикува овој тип на пишување за одлуките од редовните деловни состаноци. Се подготвуваат и праќаат извештаи до сите вработени за да се информираат за дневниот ред на состанокот и за донесените одлуките.-
3. Убедлив тип Целта на убедливото пишување е да го импресионира читателот и да влијае на неговата одлука. Пренесува релевантни информации за да ги убеди дека одреден производ, услуга или компанија нуди најдобра вредност. Таквиот тип на пишување е генерално поврзан со маркетинг и продажба. Вклучува предлози, е-пошта за продажба на големо и соопштенија за печатот.
4. Трансакциски тип Секојдневната комуникација на работното место спаѓа во категоријата трансакциско деловно пишување. Најголемиот дел од таквата комуникација е преку е-пошта, но вклучува и официјални писма, формулари и фактури.
Принципи на добро деловно пишување
Јасност на целта Пред да започнеме деловен документ, белешка или е-пошта, треба да размислиме за две основни прашања: -Кој е читателот? -Што сакам да му пренесам на читателот преку моето пишување? Јасната цел му дава насока на пишувањето и го развива неговиот тон, структура и тек.
Јасност на мислата Пред да се почне со пишување треба да се осмисли напишаното, тоа го прави пишувањето помалку структурирано, и повторливо. Деловното пишување бара умешност да се редуцираат долгите, раскошни реченици во концизни, јасни. Треба да се извлече што е значајно за јасно да се напише.
Пренесување точни и релевантни информации Примарната цел на деловното пишување е да пренесе вредни информации. Неточната или неважна содржина влијае на целта на документот. За ефективно деловно пишување, информациите мора да бидат со дополнителна вредност и целосни.
Избегнување жаргони Едноставниот стил на пишување многу помага во комуникацијата и пренесување на пораката до читателот. Грандиозното пишување полно со звучни зборови, акроними и жаргони треба да се избегнува до максимална можна мера. Во спротивно, читателот нема да може да го разбере документот или ќе изгуби интерес за него.
Прочитајте и потврдете Читањето на пасусите гласно по завршување на пишувањето може да открие недостатоци и празнини во аргументите. Затоа се препорачува да се побараат повратни информации од колегите за да се потврди некоја грешка и да се изврши корекција доколку е потребно.
Праксата е клучот Умеење во деловното пишување може да се постигне преку редовна пракса. Посветување внимание на вокабуларот, структурата на реченицата и стилот на пишување додека читате текстови од други, може да помогне да се развие ист или сличен стил.
Бидете директни кога станува збор за деловно пишување презентирањето на суштината најдобро е да биде на самиот почеток. Со тоа му заштедувате и време на читателот.
Избегнувајте опширно пишување Ако значењето може да се пренесе со три збора, не треба да се протега на пет. Обемното пишување е непривлечно за читателот . На пример, наместо да напишете „написот користи повеќе зборови отколку што е потребно“, напишете „написот е опширен“.
Граматика и структура на реченицата
Добрата граматика и структурата на речениците го прикажуваат вниманието посветено на деталите и вештината во деловното пишување ,тоа се особини кои се високо ценети во бизнисот.
Деловното пишување се надградува со текот на времето, како и граматиката. На пример, знаци (emoticons) кои се почесто се користат стануваат сè по прифатени во деловното пишување. Добриот пишувач секогаш треба да се прилагодува и надградува со настанатите промени за да ја усовршува својата вештина.
Лесно за паметење Деловните соработници го ценат документот што може да ја пренесе својата порака со површен поглед. Деловните документи може да се подобрат преку употреба на списоци со бројки или точки, јасни наслови, концизни параграфи и разумна употреба на задебелено форматирање за да се истакнат клучните зборови.
Јасноста на мислата, правилната структура на граматиката и реченицата и едноставниот јазик го карактеризираат ефективното деловно пишување.
Сигурно некаде сте слушнале или сте прочитале за поимотearly retirement (предвремено пензионирање). Можеби Ви звучело невозможно или Ве асоцирал на предвремено пензионирање поради бенефициран стаж, меѓутоа не е точно ниту едното, ниту другото. Во овој блог пост нема да пишувам за предвремено пензионирање поради бенефициран стаж, туку ќе го објаснам поимот early retirement и финансиска независност.
Најпрво, важно е да знаете еден клучен податок, а тоа е податокот дека не постои закон кој што вели дека мора да работите до 64/62 години. Сè повеќе станува популарен трендот на барање начини преку кои ќе можете да го напуштите работното место неколку години пред возраста за пензионирање, а да останете финансиски независни. На Запад, тој тренд зема и поголеми размери каде младите бараат начин да се пензионираат и во 30-тите, 40-тите години од својот живот.
Предвременото пензионирање и финансиската независност се овозможи и во Македонија со основањето на доброволните пензиски фондови. Токму доброволните пензиски фондови се еден од подобрите начини да стигнете до таа цел. Приватниот Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус со својата инвестициска стратегија за остварување соодветен долгорочен принос на средствата на фондот, нуди начин таа идеја да се преточи во реалност.
Со цел подобро разбирање на овој концепт, во продолжение ќе биде објаснет концептот на предвремено пензионирање и финансиска независност преку т.н. F.I.R.E. (Financial Independence, Retire Early) movement.
Што е Financial Independence, Retire Early (F.I.R.E) Movement?
Наједноставно дефинирано, целта на F.I.R.E. концептот значи заштеда на поголемиот дел од вашиот тековен приход со цел да се акумулираат доволно средства за да можете да бидете финансиски независни. Тоа значи дека можете да станете финансиски независни и на возраст од 40 години, доколку пред тоа сте штеделе и инвестирале 50-70% од вашиот приход.
Самиот F.I.R.E. концепт не значи само заштеда денес, за да можете утре да си заминете од работното место каде што сте сега, туку значи, штедење денес, за да можете утре да работите колку сакате, каде сакате и како сакате, а во исто време да имате прилив на средства кои ќе ви обезбедат финансиски стабилен живот и животен стандард кој што вие го посакувате.
Со цел да станете финансиски независни и да можете предвремено да се пензионирате потребно е да направите неколку чекори и тоа:
Да направите промени во тековниот буџет
Првиот чекор до финансиска независност е кратење на трошоците изаштедување минимум 50% од вашата нето плата на месечно ниво. Во реалност тоа би значело бришење и исплата на целиот долг кој го имате што е можно побрзо, наоѓање начини за намалување на трошоците за храна, транспорт, куќните трошоци и останатите трошоци кои ги имате на месечно ниво. Исто така, колку ви е повисока платата и со тоа поголема можноста за штедење, толку побрзо ќе ги акумулирате средствата потребни за предвремено пензионирање, со што пожелно е изнаоѓање и начини за остварување на поголем приход.
Пресметка на потребните средства за пензионирање на годишно ниво
Најголем дел од нас знаеме колку средства месечно ни се потребни за одржување на животниот стандард кој го преферираме. Со тоа, ќе знаете и колку средства ќе ви требаат на месечно или годишно ниво, доколку одлучите да се пензионирате предвремено. За ваша поголема сигурност, препорачливо е зголемување на износот кој го предвидивте за 10-20%.
Доста важен дел од планирањето на потребните средства за предвремено пензионирање е планирањето на здравственото осигурување. Со оглед на фактот дека вие одлучувате да ја напуштите работата, тоа значи дека нема повеќе да бидете здравствено осигурани, па треба да најдете опција која ќе ви нуди здравствено осигурување. Прва опција би била приватно здравствено осигурување, а втора опција би била наоѓање работа со пола работно време кое ви нуди државно здравствено осигурување, вклучено во вашата бруто плата.
Предвидување на вкупната заштеда која ви е потребна
За да бидете финансиски независни, најважниот момент кој мора да го планирате е токму овој, односно да ги предвидите вкупните средства кои треба да ги имате како заштеда.
Првото правило за да го постигнете тоа е правилото на 25. Имено, вие треба да имате средства во износ од најмалку 25 пати од годишните трошоци пред да се пензионирате. Тоа значи дека доколку годишно трошите 10.000 евра, потребно е да имате минимум 250.000 евра како заштеда пред да се пензионирате.
Практичен пример за F.I.R.E. концептот би бил следниот:
Вие сте на возраст од 34 години, ангажирани како Senior Developer, и имате нето плата од 120.000 денари. Да претпоставиме дека платата не ви се намалила/зголемила во периодот на штедење за предвремено пензионирање (секако овој пример можете да го прилагодите кон Вашите примања и годишни трошоци кои ги имате).
50% од вашата нето плата ја заштедувате и тоа: 70% на индивидуална сметка во доброволен пензиски фонд, а останатите 30% распределени во: приватно здравствено осигурување, инвестирање во акции или во инвестициски фондови или ги депонирате средствата во банка. Тоа значи дека 60.000 денари ги распределувате: 42.000 денари во доброволен пензиски фонд, а останатите 18.000 денари во претходното наведените финансиски продукти.
Со помош на калкулаторот на веб страната на Сава пензиското друштво – „Mој пензиски план“ (Калкулатор), ќе бидат преставени трите сценарија и пресметка на акумулираната сума во трите сценарија на очекуван принос.
Бруто акумулирана сума, во МКД*
очекуван номинален принос, на годишно ниво
Период на вложување
4% – песимистичко
5% – базично
6% – оптимистичко
20 години
14.948.095
16.685.396
18.658.694
25 години
18.658.694
24.083.550
27.828.835
Ако земеме една од опциите од табелата за пример1, со месечна уплата од 42.000 денари во период од 20 години (законски смеете средствата да ги повлекувате на 54/52 години), вие би уплатиле вкупно 10.080.000 денари за 20 години. Под претпоставка дека стапката на принос е 5%, приносот на тие средства би бил 6.605.396 денари, што значи дека вкупно акумулираните средства би биле 16.685.396 денари. Доколку ги претвориме тие средства во евра, на вашата индивидуална сметка би имале 271.307 евра.
Оваа пресметка е од информативна природа, но доволно го докажува ефектот на штедењето и сложената каматна стапка. Лесно може да се воочи ефектот на „времето“, односно колку подолго штедите, толку поголема акумулација на средства би имале, благодарение на сложената каматна стапка (види претходен текст, 8-то светско чудо, сложената каматна стапка).
Исплатата на средства може да започне на 54/52 години. Во однос на износот на приливи кои може да ги очекувате на месечно ниво, за некоја основна информација поделете ја акумулираната сума на онолку години/месеци колку би сакале да примате пензиски надоместок. Имајте на ум, дека при опција за постепено повлекување на парите, остатокот и понатаму би бил дел од фондот и на тој износ низ годините би се остварувал принос.
Овој пример докажува дека доброволните пензиски фондови треба да ви се прв избор доколку одлучите да го изберете патот на предвремено пензионирање. Доброволните пензиски фондови ви нудат целосна флексибилност на планирање на уплатите и исплатите доколку се одлучите за предвремено пензионирање. Едноставноста, немањето на никакви обврски за редовност или висина на уплати кај доброволното капитално финансирано пензиско осигурување ви нуди начин, вашите планови и соништа да ги реализирате многу побрзо од очекуваното.
Пресметката е од информативна природа. Добиениот износ на акумулирани средства е проектиран врз основа на параметрите кои корисникот самиот ги внесува: период на уплата, моментална состојба на доброволна индивидуална сметка, месечен или годишен износ на доброволен придонес, надомест од уплатени придонеси и очекувана стапка на принос. Во пресметката се вклучени ставките: „надоместок за управување со средствата“ и „трансакциски трошоци“, за повеќе детали отвори. Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот Доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со Доброволниот пензиски фонд. Идните стапки на принос не се гарантирани. Исплатата на пензиски надоместок од доброволно пензиско осигурување се оданочува согласно одредбите од Законот за данок на личен доход.
Сите ние од време на време имаме дилема како да ја инвестираме својата заштеда. Притоа, комерцијалистите ни нудат најразлични продукти за кои најчесто ни ги презентираат предностите, а негативните страни подоцна ги дознаваме самите. Јас имав прилика како вработен во Сава пензиско друштво а.д. Скопје, кое управува со доброволниот пензиски фонд Сава Пензија плус, да ги увидам и предностите и негативностите на овој продукт и активно го користам.
Што ми се допаѓа кај доброволното пензиско осигурување?
Можам да вршам уплати кога сакам и колку сакам. Не постојат годишни прагови што мора да се уплатат и штедењето се врши согласно со можностите.
Уплатите можам да ги вршам со траен налог. Трајниот налог повлекува средства автоматски на дефиниран датум кој самиот го одредувам.
Приносот на инвестираните средства во доброволниот пензиски фонд е значајно подобар од приносот кај традиционалните облици на штедење.
Во секое време имам можност да ги прегледувам уплатите и остварениот принос на мојата доброволна индивидуална сметка, а еднаш годишно добивам и Извештај за пензиска заштеда или т.н. „зелен плик“.
Постои можност и работодавецот да одвојува средства за своите вработени преку организирање на професионална пензиска шема.
Секако продуктот има и свои недостатоци од кои би ги навел следните:
Друштвото наплаќа надоместоци за потребите на своето работење. Притоа, од досегашното мое искуство остварениот принос на моите средства значително ги надоместува пресметаните надоместоци.
Средствата може да се користат 10 години пред правото на остварување на пензија од прв столб, односно на 54/52 години за мажи/жени. Тоа е долг период во рамки на кој не сум во можност да ги користам средствата, но сепак истото може да се гледа и како предност доколку се земе предвид дека се работи за пензиско осигурување и дека со оваа мерка на некој начин се заштитуваме самите од себе, за да не ги искористиме средствата за краткорочни потреби.
За крај, би сакал да наведам дека исклучително корисна е мобилната апликација Sava penzisko plan каде имам преглед на сите важни информации кои се однесуваат на моето пензиско осигурување, како за доброволниот така и за задолжителниот пензиски фонд. Апликацијата се состои од прегледи за вредноста на сметководствената единица, аналитика на уплати, принос од инвестициите, вредноста на средствата на конкретен датум и многу други корисни информации. Со истата може да се врши и ажурирање на личните податоци, како и да се одбере доставата на годишните известувања да се врши на е-маил адреса.
Ве информираме дека во периодот од 08.05.2023–17.05.2023 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 548.826,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 45.950.000,00 денари и прилив од каматa од инвестиции во странски државни обврзници, во износ од 23.043,12 САД долари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигна прилив од дивиденда во износ од:
– 118.697,34 евра, од инвестираните средства во компанијата ALLIANZ SE;
– 19.123.230,00 денари, од инвестираните средства во компанијата АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.
Во тој период на сметката на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, пристигна приливи од камати во износ од 8.548,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 2.136.000,00 денари и прилив од каматa од инвестиции во странски државни обврзници, во износ од 955,94 САД долари.
Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, пристигна прилив од дивиденда во износ од:
– 4.691,83 евра, од инвестираните средства во компанијата ALLIANZ SE;
– 9.362,15 евра, од инвестираните средства во компанијата BAYERISCHE MOTOREN WERKE AG и
– 220.500,00 денари, од инвестираните средства во компанијата АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на висината на нивната пензиска заштеда.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Сé поголем број на компании во нашата земја ги мотивираат своите вработени со исплата на бонус или имаат други форми на бенефиции за успешно завршена работа во компанијата и наградување на вработените. Најчесто исплатата на бонусот е еднаш во годината и секој работник нетрпеливо ја очекува исплатата на својот бонус.
Обично плановите за идниот бонус се претходно „скроени“ и припаѓаат на две големи групи:
Првата група на планови е поврзана за инстантно трошење на бонусот – покривање на стари долгови, патување, купување на скапа „играчка“ – мобилен телефон, телевизор, автомобил) или слично, и
Втората група на планови се сведува на заштеда на бонусот и негово инвестирање – заштеда во банка, купување недвижност, вложување во инвестициски фонд…
Идејата на текстот подолу е да Ви понуди уште една алтернатива за бенефиција која би можеле да ја добиете од Вашиот работодавач, наспроти најчесто користената бенефиција – исплата на бонус.
Вашата компанија при исплата на бонус, како дел од плата, врши плаќање на придонеси од плата и данок на личен доход. Во 2023 година придонесите од плата изнесуваат 28% додека данокот на личен доход изнесува 10%.
Да претпоставиме дека бонусот кој треба да го земете изнесува во бруто износ 90.000 МКД. Со исплата на бонусот, вие на вашата трансакциска сметка ќе добиете нето износ од 58.320 МКД – види пример подолу.
Опис
Износ, во МКД
Бруто плата
90.000
Придонеси од плата (28%)
25.200
Данок на личен доход (10%)
6.480
Нето износ
58.320
Како што веќе потенцирав, работодавачите имаат повеќе начини и видови на бенефиции за своите вработени. Еден од начините, да се обезбеди бенефиција за вработен, е уплата на придонес во доброволен пензиски фонд, преку организирање на професионална пензиска шема од страна на работодавач за своите вработени. Ако го земеме горниот пример, и ако претпоставиме дека работодавачот има на располагање 90.000 МКД кои ги наменил за обезбедување на бенефиција за Вас како негов вработен, ја има законската можност да ги користи даночните бенефиции при уплата во доброволен пензиски фонд за свој вработен.
*Користена е претпоставка дека во рамки на истиот месец покрај бонус ќе земете и редовна плата при што со исплата на плата ќе го искористите „личното даночно ослободување“.
Ова значи дека придонесот уплатен од страна на Вашиот работодавач во доброволен пензиски фонд, кој подлежи на плаќање на данок на личен доход, а кој ќе го добиете како бенефиција на Вашата индивидуална пензиска сметка во доброволен пензиски фонд, ќе изнесува 81.000 МКД (90.000 МКД намалени за платен данок на личен доход од 10%).
Средствата уплатени во доброволен пензиски фонд, се доверени на професионалниот тим на Сава пензиско друштво, кој ги инвестира и се грижи Вашите средства да се оплодуваат со стапки на принос, кои може да се погледнат на следниот линк .
Доколку не Ви е познато доброволното пензиско осигурување и на кој начин Вашиот работодавач може да врши уплата на доброволно пензиско осигурување за Вас, како вработен, можете да прочитате повеќе за предностите и карактеристиките на доброволното пензиско осигурување (трет столб) во моите претходни блогови .
Исто така, распрашајте се дали Вашата компанија има формирано пензиска шема од 3 столб во одредено пензиско друштво. Бидете проактивни и предлагајте различни можности за тоа како Вашиот работодавач може да Ви обезбеди бенефиција и да Ве направи задоволен вработен.
Во изминатиов период глобалните финансиски пазари беа потресени од веста за колапсот на американската СВБ (Silicon Valley Bank). Со вкупни средства од над 210 милијарди американски долари на крајот на 2022 година, банката е 16та по големина банка во САД и втора по големина што се соочи со колапс по колапсот на банката Washington Mutual во 2008 година.
Што се случи?
Во периодот 2019 -2021 СВБ забележа значителен раст на депозитната база. Високата ризичност и ниските каматни стапки на кредитите влијаеле за голем дел од овие средства банката да ги инвестира во хартии од вредност, доминантно американски државни обврзници и хартии од вредност обезбедени со хипотека. Овие хартии од вредност биле купени во период на релативно ниски каматни стапки, односно по релативно понизок принос и повисоки цени.
Купените обврзници сметководствено биле класифицирани дел како обврзници расположливи за продажба, односно обврзници кои се вреднуваат по фер вредност и чија промена на цена има влијание врз капиталот на банката и дел како обврзници кои се чуваат до достасување, односно обврзници кои се вреднуваат по амортизиран трошок и влијанието на промената на цената на овие хартии не може директно да се согледа преку билансите на банката.
Промени во монетарната политика на ФЕД
Поради високата инфлација, ФЕД, во текот на 2022 година преку повеќе монетарни алатки како што се квантитативното затегнување, односно намалување на својот биланс и кревањето на основната каматна стапка, започна затегнување на монетарната политика. Растот на каматните стапки имаше влијание и врз активата и врз пасивата на банките:
На пасивата преку зголемен одлив на депозити – од една страна повисоките приноси ги направија обврзниците поатрактивна инвестиција во споредба со депозитите, од друга страна повисоките трошоци за финансирање и прибирање капитал ги принудија дел од компаниите своите финансиски потреби да ги задоволат со користење на своите средства депонирани во банките, дополнително придодавајќи кон притисокот на депозитната база.
На активата преку намалување на вредноста на обврзниците во кои банките имаат вложувања – имено растот на приносите значи пад на цените на обврзниците и интензивното затегнување на монетарната политика што се случи во текот на 2022 година предизвика значајна корекција на обврзничките пазари.
Банкарска навала
Така, СВБ соочувајќи се со одлив на депозити и зголемени ликвидносни потреби, за да ги обезбеди потребните средства за депонентите продаде дел од обврзниците во своето портфолио. Овие обврзници беа продадени со големи загуби кои дополнително го намалија капиталот на банката, по што банката најави докапитализација.
Ваквиот развој на настаните предизвика раст на недовербата и паника помеѓу штедачите, создавајќи банкарска навала во која за еден ден беа повлечени повеќе од 40 милијарди американски долари, по што банката беше преземена од регулаторите.
Регулаторен одговор
Американските власти реагираа брзо со цел да спречат прелевање на кризата во банкарскиот систем: објавија дека сите депоненти ќе бидат обесштетени во целосен износ истовремено воведувајќи програма преку која финансиските институции кои се соочуваат со ликвидносни потреби ќе може да ги заложат американските државни обврзници по номинална вредност, во замена за кредит со рок на доспевање до една година.
Дополнително се поизвесни се најавите за креирање поголеми регулаторни барања за средните и малите банки во САД.
(Не)соодветното управување со ризиците
Иако многу фактори влијаеа за ваквиот развој на настаните, несоодветното управување со ризиците е можеби најобјаснувачкиот краток одговор на прашањето зошто се случи ова.
Управувањето со ризиците е значаен процес како во компаниите така и во финансиските институции, кој опфаќа идентификување, мерење и оценување, контрола и следење на ризиците во една компанија. Во суштина, управувањето со ризиците вклучува дефинирање на прифатливи нивоа на ризик и преземање дејствија кои го одржуваат ризикот во рамки на прифатливото ниво.
Во случајот со СВБ на површина излегоа некои значителни грешки во управувањето со ризиците. Еве неколку risk management лекции од овој случај:
Важноста на проценувањето на ефектите и исходите при различни сцеанрија – кај СВБ е евидентно не земањето предвид на ефектот од промените на каматните стапки врз билансите при донесувањето одлуки од страна на менаџментот;
Важноста на диверзификацијата – СВБ се одликувала со висок концентрациски ризик на депозитната база, односно обврските на банката биле доминантно кон технолошки и биотехнолошки компании, помеѓу кои голем дел стартап компании со сметки во износ кој ги надминува гарантираните 250.000 американски долари од американскиот фонд за заштита на депозитите;
Важноста на употребата на инструменти за заштита – СВБ имала значително намалување на употребата на дериватни инструменти за заштита од каматен ризик во текот на 2022 година – банката ја намалила употребата на каматни свопови во очекување за промени во монетарната политика до крајот на 2022 година;
Важноста на соодветната проценка на ликвидносните потреби – СВБ имала лоша проценка на потребите за ликвидност и класифицирала голем дел од инструментите како инструменти кои се чуваат до доспевање;
Важноста на одржувањето на висока доверба кај клиентите – Кај СВБ се случи материјализирање на репутацискиот ризик на банката кое заврши со банкарска навала.
Случајот со СВБ само ја потенцира значајноста на процесите поврзани со управувањето со ризиците и потребата од соодветно управување со ризиците во финансиските институции. Иако специфики карактеристични за банката доведоа до колапсот, потенцијален пад на довербата во финансиските институции, пред се во банките, би водел кон поширок негативен импакт од овој настан.
Враќање на довербата
Наредните чекори на регулаторите и властите се во насока на враќање на довербата на клиентите во финансискиот систем. Имено, довербата е од круцијално значење за доброто функционирање на еден финансиски систем и затоа регулаторите завземаат одлучен став дека ќе ги заштитат штедачите правејќи се што е потребно за да се задржи довербата на соодветно ниво.
Во процесите на инвестирањето на средствата и управувањето со ризиците на пензиските фондови, Сава пензиско друштво применува високо ниво на прудентност во интерес на членовите.
Во тој контекст, промоцијата на финансиска писменост помеѓу населението, споделувањето на целосни и темелни информации и запознавањето со заложбите и дејствијата на регулаторите во процесот на одржување на финансиска стабилност, се едни од основите на кои се гради довербата во финансискиот систем, што е неопходно за непречено и ефикасно функционирање на истиот.