Дали децата-единци се навистина толку различни?

Ако и вие како мене некогаш сте слушнале една од речениците: „Никогаш не би рекол дека си едно дете“, „Мислев дека имаш брат или сестра, така се однесуваш“, „Не разбираш, немаш брат/сестра“ или „Сигурно твоите не те разгалиле, затоа не се познава“, сигурно сте се соочиле со потреба да објаснувате на што се должи вашето „нормално“ однесување. Сигурно сте имале братучеди кои ве научиле да делите со другите или родителите биле строги со вас.

Во суштина, со оглед на предрасудите со кои се соочени, дали децата-единци навистина заслужуваат да бидат обележани со такви негативни карактеристики?

Негативните стереотипи околу децата-единци постојат со векови: без разлика на нивните посебности, тие се разгалени, нефлексибилни, срамежливи и асоцијални. Негативните стереотипи поврзани со децата-единци имаат длабока историја, која потекнува од викторијанската ера и појавата на детската психологија како академско поле на студии.

Во современа смисла, се смета дека родителите кои ги заштитуваат и разгалуваат своите единствени деца подоцна во животот предизвикуваат тие да се претвораат во пречувствителни и нарцисоидни возрасни личности. Ова мислење е вкоренето во луѓето иако ваквите истражувања биле побиени.

Со најновите истражувања откриено е дека децата-единци на многу рана возраст ги прифаќаат барањата на колективното опкружување, дисциплината, возрасните начини на дружење и полесно се придржуваат до социјалните норми. Спротивно на стереотипот за срамежливи и социјално неприлагодени личност, децата-единци се природно опремени да се дружат.

Напротив, тие може да бидат дури и во предност од нивните врсници кои имаат браќа и сестри, бидејќи, без браќа и сестри на кои би можеле да сметаат, тие морале да научат да градат пријателства и да споделуваат за да се вклопат со други деца од различни семејства.

Всушност, растењето како единствено дете се поврзува со многу предности и позитивни особини. Некои студии ги поврзуваат децата-единци со говорни вештини далеку пододобри од оние на врсниците; други заклучуваат дека децата-единци се помотивирани и подготвени да се соочат со различни предизвици.

Се верува дека непреченото внимание и средства пружени од страна на родителите можат позитивно да влијаат на децата. Финансиите играат улога во тоа, но, исто така, децата го добиваат целото нивно време, богатиот јазичен фонд и поорганизиран живот отколку кога во семејството има неколку деца.

Тие се чувствуваат удобно во повозрасно друштво затоа што секогаш со родителите разговарале како со врсници и биле опкружени со нивните возрасни  пријатели. Најверојатно затоа и немаат проблеми во односот со личности во авторитативна положба и добро се снаоѓаат во формални ситуации.

Има и некои негативни страни, како што е фактот дека браќата и сестрите можат да имаат ефект на ублажување кога има несогласувања меѓу родителите во домот, во кој случај имањето браќа и сестри може да го разблажи негативното влијание на таквите ситуации.

Дополнително, децата-единци можеби потешко се справуваат со хаосот и не се снаодливи во стресни ситуации. Од причина што ретко се соочувале со непредвидливи ситуации, тешко ги прифаќаат негативните исходи на нештата кои се вон нивна контрола и тие тешко ги поднесуваат неуспесите и несогласувањата со блиските.

Дури и проблемите на професионален и приватен план ги сфаќаат премногу сериозно затоа што чувствуваат притисок да бидат успешни во сите потфати, како што им било наметнато од мали нозе затоа што должност на наследување и продолжување на семејнот стебло немало начин да се распореди на друг. Неуспехот го припишуваат на сопствените недостатоци и се екстремно самокритични.

Во суштина, децата-единци се соочуваат со поголеми предизвици кога ќе навлезат во светот на возрасните, и тоа може негативно да влијае врз нив самите. За разлика од мислењето дека децата-единци се непријателски настроени кон луѓето кои ги опкружуваат, би можело да се каже дека нивната околина има потенцијал да биде непријателски настроена кон нив.

Тие го чувствуваат генарацискиот притисок да бидат успешни без да имаат со кого да ја поделат таа обврска, но и да ги остварат сите желби и надежите на претходната генерација. Позитивната  финансиска дискриминација во која уживале во младоста им се наплатува кога тие стануваат единствена финансиска потпора на своите родители во нивната старост, но и наследници како на нивниот имот, така и на нивните долгови.

Во суштина, нема голема разлика помеѓу единците и децата кои имаат браќа и сестри. Сите ние се соочуваме со предизвици и предности како резултат на бројни фактори. Сепак, да се биде единец не значи дека детето ќе биде добро или лошо. Околината, родителските вредности, врските со пријателите и поширокото семејство, се сите фактори кои помагаат да се формираат карактеристиките на личноста на едно дете.

„Дете-единец“ би можеле да кажеме дека е само уште една етикета која некој ја доделува некому за да ги нагласи неговите разлики.

Информација за приливи од камати и дивиденди во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Почитувани членови и пензионирани членови,

Ве информираме дека во периодот од 30.09.2022 – 26.10.2022 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ од 4.267.497,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 57.047.185,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:

–      15.828,55 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF;

–      11.761,32 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES SEMICONDUCTOR ETF;

–      100.432,31 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF и

–      1.700,44 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES U.S. MEDICAL DEVICES.

Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 477.702,00 денари по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 1.537.194,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:

–      24,04 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES U.S. MEDICAL DEVICES;

–      262,35 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES SEMICONDUCTOR ETF;

–      3.227,24 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF и

–      447,11 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF.

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на висината на пензиските заштеди на членовите и на пензионираните членови на фондовите.

Повеќе информации за резултатите од управувањето со пензиските фондови на Сава пензиско друштво имате во последните квартални извештаи на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2022/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Прашања и одговори – старосна пензија за членови од вториот столб (2 дел)

Во претходниот блог пишував за правото на старосна пензија како и начинот на пресметка на пензијата од првиот столб, односно Фондот на ПИОСМ. Сепак пензијата од Фондот на ПИОСМ е само еден дел од твојата старосна пензија. Вториот дел треба да се исплаќа од твојата акумулација во вториот столб.

Прашањето е колкава пензија може да се добие од вториот столб?

Одговорот зависи од повеќе фактори:

  • Висина на пензиска сметка – колку е повисок износот, толку е повисока пензијата;
  • Возраст на пензионирање – доколку подоцна се пензионирате ќе имате и повисока пензија со оглед на намалување на период на користење на пензијата;
  • Пол на пензионерот – жените во просек живеат подолго од мажите што значи период на користење на пензијата во просек е подолг во однос на мажите – следствено жените би имале понизок износ на пензија. 

Од овие фактори, најважен е факторот „висина на пензиска сметка“ кој зависи од висината на твојата плата и годините на работа до пензија. Исто така многу важен услов за повисока сметка е и стапката на номинален принос остварена од твоето пензиско друштво. Последните остварени номинални стапки на принос од пензиските друштва може да ги погледнете на следниот линк: Принос

Со оглед на тоа што е практично невозможно прецизно да се пресмета висина на пензиска сметка во момент на пензионирање, предлагам секој од вас да направи апроксимативна пресметка на следниот начин.

  1. Направете груба пресметка на вашата пензија од првиот столб – види пресметка од мојот претходен блог „ Прашања и одговори – старосна пензија за членови од вториот столб (1) “ за висина на пензија од прв столб;
  2. Изберете ниво на заменска стапка кое сакате да го постигнете кога ќе се пензионирате;
  3. Пресметајте уште колку средства ќе ви бидат потребни до возраст 62/64 години;

Пример:

Параметри:

Жена на возраст 62 години

Работен стаж од 30 години, целиот работен стаж е во период после 01.01.2006 година

Пензиска основица во година на пензионирање = 30.000 МКД

Заменска стапка = 30 години * 1,14% = 34,20%

Пензиска основица = 30.000 МКД

Старосна пензија од првиот столб = 34,20% * 30.000 МКД = 10.260 МКД

  1. Од примерот погоре може да се заклучи дека жена за 30 години стаж ќе има заменска стапка од 34,20%.
  2. Доколку сакате заменска стапка од 100% – а тоа значи да имате пензија колку што сте имале просечна плата, тогаш ви недостасуваат уште 65,80%, односно 65,80% * 30.000 МКД = 19.740 МКД
  • Во претходниот блог „колку пари ви требаат за рано пензионирање?“ пишував како грубо да пресметате посакувана сума за пензионирање. Според примерот погоре и текстот во претходниот блог, жена на возраст од 62 години има очекувано траење на живот 18,79 години и доколку посакувана пензија е 19.740 МКД, сумата која ќе ви биде потребна е:

19.740 МКД * 18,79 * 12 = 4.450.975 МКД

Сепак, во овој износ не е вклучен и ефект на инфлација кој би ја задржал куповната моќ на денешните 19.740 МКД а кој би требало да го добивате после повеќе години. За ова ќе ви треба и солидна стапка на принос на овие средства за целото време – пред и после пензионирање.

Следен чекор е да ја проверите вашата сметка во вториот столб  и да видите колкава акумулација имате. Пресметајте доколку работите секој месец до пензија со тековниот придонес во вториот столб уште колку средства би се собрале. Овде треба да се предвиди и добивање на унапредување или зголемување на плата за перидот до пензија. Додадете и стапка на принос за целиот период до пензионирање.

Како стоите во однос на планот?

Дали можеби треба да уплаќате дополнителни средства во третиот столб за да го остварите планираното?

Пет прашања и пет одговори за најголемата трансакција на пензиските фондови на Сава пензиско друштво а.д. Скопје на Македонска берза

Неодамна се случи најголемата трансакција со средства на пензиските фондови на Сава пензиско друштво на Македонска берза. Се работи за целосна продажба на акциите издадени од Гранит А.Д. Скопје од портфолијата на Сава пензски фонд и Сава пензија плус.

Во продолжение се одговори на прашања поврзани со оваа трансакција во насока на целосна транспарентност кон членовите на пензиските фондови и инвеститорската јавност.

  1. Поради која причина Сава пензиско друштво а.д Скопје се одлучи да ги продаде акциите издадени од Гранит А.Д. Скопје во сопственост на пензиските фондови со кои управува?

Сектор Инвестиции во рамките на Сава пензиско друштво а.д Скопје е задолжен за давање препораки и имплементација на инвестициски одлуки за купување и продавање на хартии од вредност, со цел остварување на принос на средствата на пензиските фондови.

Во случајот со македонските акции, Секторот изработува фундаментални анализи на сите компании кои котираат на Македонска берза и кои ги задоволуваат законските критериуми да бидат дел од портфолијата на пензиските фондови.

Во овие анализи се определува фундаментална вредност на акциите според предвидување на слободните парични текови во иднина и нивно дисконтирање со соодветен дисконтен фактор кој го рефлектира ризикот на инвестицијата, со цел да се дојде до сегашна вредност на истите. Така, одлука за купување се носи доколку цената на акциите на берза е пониска од утврдената фундаментална вредност.

Во случај на продажба на акции, препорака за продажба може да дојде и доколку до Секторот е пристигната понуда за откуп на акциите во сопственост на фондовите по цена која е повисока од определената фундаментална вредност.

Во случајот со акциите на Гранит А.Д. Скопје, до Секторот пристигна понуда која е повисока од фундаменталната вредност што резултираше со препорака за продажба на сите акции во сопственост на пензиските фондови.

Важно е да се напомене дека во изминатиот период, според јавно достапните информации за компанијата, не увидовме зголемување на одреден специфичен ризик за оваа компанија надвор од ризиците со кои се соочува целото домашно стопанство.

Менаџментот на компанијата за сега успешно се справува со предизвиците кои ги наметнува деловната клима во домашната економија како и порастот на цените на енергијата и суровините, што е исклучително тешка задача кога основната дејност на компанијата е работа на долгорочни инфраструктурни проекти.

Оттука, одлуката за продажба не дојде како резултат на влошување на фундаментите на компанијата, туку како резултат на порастот на берзанската цена на акциите и укажаната можност истите да ги продадеме по цена која е повисока од утврдената фундаментална вредност.

Следствено, не треба да ја исклучиме можноста пензиските фондови повторно да станат акционери во оваа домашна блу чип компанија доколку пазарната цена е пониска од утврдената фундаментална вредност.

  • Зошто се одлучивте за организација на јавна берзанска аукција преку моделот „се’ или ништо“?

Вкупната количина на акции во сопственост на пензиските фондови пред продажбата претставуваше повеќе од 8% од вкупно издадените акции на оваа компанија. Во изминатиот период до Друштвото од страна на пазарните посредници, односно брокери, пристигнаа повеќе понуди за откуп на целата количина на акции, што на стручните служби им укажа на покажан интерес од повеќе заинтересирани страни.

Со цел да се постигне што повисока цена за акциите при продажбата и да се избегне ограничувањето од максимални 10% раст при класично тргување со акциите, се одлучивме акциите на фондовите да ги понудиме преку организирање на јавна берзанска аукција на голем пакет акции, можност која е уредена со Правилата за тргување на Македонска берза. Како почетна цена ја дефиниравме највисоката добиена понуда од пазарните посредници.

Што се однесува до моделот „се или ништо“, со оглед на значајноста на уделот кој го поседуваа пензиските фондови, проценивме дека во најдобар интерес за членовите е да не пристапиме кон продажба на делумна количина на акциите и со тоа да ја намалиме преговарачката моќ за постигнување на подобра цена при продажба на целиот пакет акции.

Сепак, на самата аукција организирана преку системот на Македонска берза се појави само еден од заинтересираните купувачи што резултираше со продажба на целиот пакет акции по почетната цена дефинирана за аукцијата.

  • Каков е ефектот врз сметководствената единица, односно колкава заработка имаат членовите на пензиските фондови од инвестирањето во акциите на Гранит А.Д. Скопје?

Инвестирањето во акции издадени од Гранит А.Д. Скопје за сметка на задолжителниот Сава пензиски фонд започна уште во 2008 година. Исто така, и доброволниот фонд Сава пензија плус првите инвестиции во овие акции ги реализира во 2009 година што е практично првата година кога овој фонд почнува да прима уплати од своите членови.

Според нашите евиденции, просечна куповна цена за акциите издадени од Гранит А.Д. Скопје кај задолжителниот фонд е 575 денари, додека просечна куповна цена кај доброволниот фонд е 675 денари, што значи дека само врз основа на ценовни промени членовите на задолжителниот пензиски фонд од оваа инвестиција заработиле 152% од вложените средства, додека членовите на доброволниот пензиски фонд заработиле 115% од вложените средства.

Дополнително, имајќи ги предвид приливите по основ на дивиденди, членовите на задолжителниот и доброволниот пензиски фонд управувани од Сава пензиско друштво а.д Скопје низ годините на своите сметки прокнижиле вкупен бруто износ од 306,22 мкд по акција за задолжителниот фонд, додека членовите на доброволниот пензиски фонд вкупен бруто износ од 283,22 мкд по акција.

Мора да се има предвид дека овој принос е остварен за прилично долг временски период, што е во суштина и големата предност на пензиските фондови во однос на останатите инвеститори, односно пензиските фоднови имаат доволно време да држат акции во свите портфолија и одлуките ги носат единствено врз база на долгорочните перспективи на инструиментите во кои инвестираат.

  • Во какви финансиски инструменти, акции или обврзници ќе ги реинвестирате средствата добиени од продажбата на акциите издадени од Гранит А.Д. Скопје.

Средствата добиени од продажбата ќе се реинвестираат според утврдената стратешка и тактичка алокација на средствата на пензиските фондови, што значи дека истите ќе можат да се инвестираат во акции издадени од домашни и странски компании, како и во обврзници од домашни и странски издавачи, зависно од тоа што во моментот нуди релативно поатрактивна стапка на принос прилагоден за ризик на долг рок, имајќи ги предвид начелата за дивезификација, сигурност и квалитет на издавачите, како и ликвидноста на можните инвестиции котирани на финансиските пазари.

  • Кои останати фактори влијаат на вашите одлуки за инвестирање во одредени акции на домашниот пазар на капитал?

При носење на одлука за инвестирање во одредени акции, покрај фундаменталната вредност која ги рефлектира потенцијалниот раст, профитабилност, инвестициски активности, ликвидност и ризичност на самата компанија и акциите, Секторот Инвестиции прави оценка на квалитетот на корпоративното управување, како и квалитативна анализа на односот на компанијата кон животната средина и општеството во целина, популарно наречени ESG (Environmental and Social Governance) фактори.

Па така, се анализираат и јаглеродниот отпечаток на компаниите ослободен при нивното производство на добра и услуги, нивниот начин на управување со отпад, односот кон вработените, родовиот баланс во управните структури на компанијата и слично.

Овие активности се во согласност со визијата на Сава пензиско друштво а.д. Скопје да зазема активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.

Повеќе за нашата Визија, Мисија и Корпоративни вредности можете да најдете на следниот линк: https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/mission-vission-values/

Над 100 илјади долари приливи од дивиденди и повеќе од 80 милиони денари приливи од камати во задолжителниот пензиски фонд Сава пензиски фонд

Почитувани членови и пензионирани членови,

Ве информираме дека во периодот од 19.09.2022 – 29.09.2022 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 802.275,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 79.963.789,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:

–      34.680,25 САД долари, од инвестираните средства во компанијата SHELL PLC;

–      37.654,68 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд FIDELITY FINANCIALS ETF;

–      11.179,02 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд SPDR S&P KENSHO NEW ECONOMIE;

–      9.627,10 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD FTSE PACIFIC ETF;

–      4.821,73 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд COMM SERV SELECT SECTOR SPDR;

–      2.979,75 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд INVESCO GLOBAL WATER ETF;

–     13.337,85 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд UTILITIES SELECT SECTOR SPDR и

–     308.550,00 денари, од инвестираните средства во компанијата ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ.

Во истиот период на сметката на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, пристигна прилив од каматa во износ од 6.183,00 денари по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 1.101.199,00 денари, како и приливи од дивиденди во износ од:

–      1.251,75 САД долари, од инвестираните средства во компанијата SHELL PLC;

–      912,87 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд FIDELITY FINANCIALS ETF;

–      283,67 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд SPDR S&P KENSHO NEW ECONOMIE;

–      349,72 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD FTSE PACIFIC ETF;

–      66,69 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд COMM SERV SELECT SECTOR SPDR;

–      91,02 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд INVESCO GLOBAL WATER ETF;

–     371,00 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд UTILITIES SELECT SECTOR SPDR и

–     8.800,00 денари, од инвестираните средства во компанијата ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, влијаат на висината на пензиските заштеди на членовите и на пензионираните членови на фондовите. Повеќе информации за резултатите од управувањето со пензиските фондови на Сава пензиско друштво имате во последните квартални извештаи на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2022/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk, (02) 3224 229