Над 192 илјади американски долари приливи од дивиденди во пензиските фондови

Ве информираме дека во периодот од 06.06.2021 до 15.06.2021 година во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 15.401.679,00 денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 192.522,45 американски долари.

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ од 6.215.384,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 8.103.043,00 денари.

Во истиот период пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:

– 11.293,55 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Honeywell International Inc.;

-38.221,35 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд SPDR MSCI ACWI ex-US (ETF);

-11.477,71 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares IBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF;

-14.293,13 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Schwab U.S. TIPS ETF;

-19.041,40 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Chevron Corpоration;

-6.081,88 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Microsoft Corporation;

-4.767,35 САД долари, од инвестираните средства во компанијата The Estee Lauder Companies Inc. и

-83.556,93 евра, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares STOXX Europe 600 UCITS ETF (DE).

На сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 172.757,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 910.495,00 денари.

Во Сава пензија плус пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:

-171,21 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Honeywell International Inc;

-323,92 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares IBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF;

-404,29 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Schwab U.S. TIPS ETF;

-612,51 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Chevron Corporation;

-239,12 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Microsoft Corporation;

-1.863,73 евра, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares STOXX Europe 600 UCITS ETF (DE) и

-174,37 САД долари, од инвестираните средства во компанијата The Estee Lauder Companies Inc.

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на остварениот принос од инвестирањето.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате во финансиските извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Сава осигурување а.д. Скопје со поддршка за здружението за спортско едрење “Акватика Јахтинг”

Во соработка со  Сава осигурување, нашето работење значајно го насочуваме кон  заштита на животната средина, со посебен акцент на заштитата на водите. Во тој правец преземавме конкретни чекори за заштита на Охридското езеро и заедно со Здружението на едриличари Акватика Јахтинг од Охрид , го започнавме проектот за зголемување на свесноста за зачувување на водите на Охридското езеро и развој на едрењето како олимписка спортска дисциплина.

„Ние сме дел од  Сава осигурителна групација и нашата компанија е насочена кон заштитата на водите и од тука потекнува нашата идеја дека треба да се заложиме за заштита на нашата најубава водна површина Охридското Езеро. Спонтано дојдовме до идеја дека „Акватика јахтинг“ клубот е друштво кое заслужува да биде поддржано и да направиме еден проект кој ќе потрае за почеток 5 години, а подоцна верувам дека ќе го продолжиме. Ја препознавме потребата од набавка од еден специјален чамец кој ќе им служи за поддршка на младите деца за обука. Покрај останатото во рамки на договорот помагаме да се уреди просторот. Со овој проект спојуваме неколку наши цели, прво сме одговорни како компанија, заштитуваме вода која е национално богатство, помагаме на нови генерации учејќи да едрат, а со тоа многу порано ќе развијат свест од потребата за заштита на водите и конкретно на Охридското Езеро. Ова е почеток на нашата соработка и веруваме дека истата ќе се развива и веруваме дека нашите активности ќе ги препознаат и другите“, изјави Мира Шекутковска, Претседател на управниот одбор на Сава пензиско друштво.

Здружението за спортско едрење “Акватика Јахтинг” е формирано во 2015 година, а интересот за овој спорт секоја година расте. Во моментот клубот располага со 25 едрилици, 14 едрилици класа оптимист,3 класа ласер, 3 едрилици класа 470 двосед.

Акватика Јахтинг секоја година е дел и од натпреварите во едрење кои се одржуваат во соседните држави и постигнуваат значителни успеси и награди. Потенцијалот на клубот е препознаен и поддржан од Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Сава осигурување а.д. Скопје.

#срцезасветот #савапензиско #никогашсами #заеднозаиднинатанаезерото

Сава пензиско друштво а.д. Скопје во еколошка акција заедно со Амбасадата на Република Словенија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје беше дел од еколошката акција организирана од страна на Амбасадата на Република Словенија за чистење на Марков Манастир и неговата околина.

Акцијата за чистење беше организирана во соработка со „Нула Отпад“, со цел да се обезбеди селектирање и рециклирање на собраниот отпад и да се подигне свеста зачувување на животната средина.

Иницијативата за оваа еколошка акција е со поддршка на амбасадорот на ЕУ во Скопје г-дин Дејвид Гир, кој иницираше вклучување на амбасадите на земјите-членки во рамките на програмата на Делегацијата на ЕУ „Денот на Европа во моето соседство“.

Алкалоид АД Скопје исплати 17 милиони денари дивиденда на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Ве информираме дека во периодот од 17.05.2021 до 26.05.2021 година во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 39.398.593,00 денари и приливи по основ на дивиденди во вкупен износ од 119.856,11 евра и 17.032.000,00 денари.

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 6.475.431,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 32.000.000,00 денари.

Во истиот период пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:

-52.530,55 евра, од инвестираните средства во компанијата Bayerische Motoren Werke AG;

-38.607,66 евра, од инвестираните средства во компанијата SAP SE;

16.612.000,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Алкалоид АД Скопје и

-24.483,66 евра, од инвестираните средства во компанијата BNP Paribas S.A.

На сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 27.162,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 896.000,00 денари.

По основ на дивиденди пристигнаа приливи во износ од:

-2.099,71 евра, од инвестираните средства во компанијата Bayerische Motoren Werke AG;

-1.436,98 евра, од инвестираните средства во компанијата SAP SE;

-420.000,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Алкалоид АД Скопје и

-697,55 евра, од инвестираните средства во компанијата BNP Paribas S.A.

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на остварениот принос од инвестирањето.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате во финансиските извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk