Ве информираме дека во периодот од 16.07.2021 до 25.07.2021 во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 54.096.113,00 денари.
На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 2.151.199,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 49.024.334,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 960.445,00 денари.
Во истиот овој период на сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 52.912,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 1.166.308,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 740.915,00 денари.
Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на остварениот принос од инвестирањето.
Подетални информации за структурата на портфолијата на пензиските фондови можете да најдете во финансиските извештаи кои редовно се објавуваат на веб страна на Друштвото.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Ве информираме дека во периодот од 16.06.2021 до 25.06.2021 година во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 32.073.867,00 денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 427.529,25 американски долари и 17.421,27 евра.
На сметката на Сава пензиски фонд, пристигнаa приливи од камати во износ од 566.155,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 30.577.023,00 денари.
Во истиот период пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:
-11.525,04 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Chile ETF;
-4.440,61 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Poland ETF;
-19.534,46 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Canada ETF;
-38.570,61 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Sweden ETF;
-66.958,42 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Japan ETF;
-73.465,15 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI United Kingdom ETF;
-7.016,37 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Mexico ETF;
-1.417,16 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares Cybersecurity & Tech ETF;
-40.018,31 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares Global Tech ETF;
-7.568,49 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares U.S. Energy ETF;
-62.965,34 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Turkey ETF;
-5.674,71 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Communication Services Select Sector SPDR;
-34.408,49 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Utilities Select Sector SPDR;
-14.030,25 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard FTSE Pacific ETF и
-16.814,37 евра, од инвестираните средства во компанијата Royal Dutch Shell PLC-A SHS.
На сметката на Сава пензија плус, пристигна прилив од камата во износ од 13.394,00 денари, по основ на орочен депозит во домашна банка и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 917.295,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:
-1.151,06 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Global Min Vol Factor ETF;
-355,15 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Chile ETF;
-157,83 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Poland ETF;
-624,12 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Canada ETF;
-1.755,03 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Sweden ETF;
-1.907,65 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Japan ETF;
-2.462,05 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI United Kingdom ETF;
-63,66 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Mexico ETF;
-47,84 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares Cybersecurity & Tech ETF;
-717,53 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares Global Tech ETF;
-105,57 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares U.S. Energy ETF;
-2.062,45 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares MSCI Turkey ETF;
-130,31 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Communication Services Select Sector SPDR;
-877,86 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Utilities Select Sector SPDR;
-837,14 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard FTSE Pacific ETF и
-606,90 евра, од инвестираните средства во компанијата Royal Dutch Shell PLC-A SHS.
Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на остварениот принос од инвестирањето.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате во финансиските извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
И оваа година традиционално со Сава осигурување ја поддржавме велосипедската тура Годивје – Бабин Срт – Годивје, организирана од Прв До Врв. Почитувајќи ги сите протоколи за заштита на животната средина на оваа тура учество земаа околу 100 велосипедисти.
Сава пензиско друштво продолжува со промоција на здрав начин на живот и заштита на животната средина. Се гледаме наскоро на следната авантура, преку која ќе ги запознаеме убавините на нашата земја.
Во соработка со Амбасадата на Република Словенија го поддржавме проектот за електронско мапирање и поставување на планинарска и планинско-велосипедска сигнализација на рекреативните патеки на Скопска Црна Гора.
Со ова поврзување на Скопска Црна Гора жителите на градот Скопје имаат можност да испланираат различни прошетки низ чистите и незагадени планински делови и да уживаат на свежиот и пријатен воздух, сончевото време далеку од секојдневието.
На Скопска Црна гора има можност и за развој на планински велосипедизам со патеки од различен степен на тежина и километража. Релјефот и поврзаноста со околните села ги прави лесно достапни и атрактивни со можност за изработка на повеќе велосипедски целини и нивно комбинирање.
Со оваа донација Сава пензиско друштво а.д. Скопје, уште еднаш ја покажа својата наклонетост кон создавање на здрави животни навики и грижата за животната средина.