Ве информираме дека во периодот од 03.07.2023–12.07.2023 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 3.430.741,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 20.204.059,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:
- 131.711,22 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF;
- 3.784,75 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд GLOBAL X VIDEO GAMES& ESPORT;
- 30.512,60 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF и
- 21.824,77 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд GLOBAL X AUTONOMOUS&ELEC-ETF.
Во истиот период, на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 88.339,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 412.653,00 денари, како и приливи од дивиденди во износ од:
- 3.639,92 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF;
- 73,00 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд GLOBAL X VIDEO GAMES& ESPORT;
- 682,25 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF и
- 448,62 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд GLOBAL X AUTONOMOUS&ELEC-ETF.
Овие приливи се резултат на инвестирањето и влијаат на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2023/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk