Емпатија- предизвик за човештвото и лидерите Posted on February 6, 2023February 6, 2023 by sava_blog_dev Пишуваме за емпатија, дискутираме како да ја дефинираме, обработиме, идентификуваме, како да живееме со неа и како да ја разбереме. Последниве години многу често се зборува за емпатија и што значи да се биде емпат. Емпатијата е способност на разбирање на емоциите према другите луѓе и реагирање на истите тие емоции. Значи да се има емпатија према некого е да можеме да се ставиме во неговите чевли, односно можеме да замислиме како би се чувствувале да сме во иста ситуација. Емпатијата може да се развие, да се учи, но исто така и да се заборави. На светот му е потребна еволуција на емпатијата.Со развојот на технологијата дошло до тоа човекот заедно со луѓето околу себе да се чувствува осамено. Секако постојат позитивни ефекти од користењето на технологијата, но со преголемо користење луѓето се повеќе ја губат емпатијата, самодовербата, стануваат депресивни и им се немалуваат социјалните и комуникациските вештини. Напредокот на технологијата зазема се поголем замав и воедно е неизбежен дел од денешното постоење, тешко е да се остане имун на нејзиниот напредок, предностите кои таа ги овозможува, но и на потенцијалните потешкотии кои ги предизвикува. Сето ова може да се рефлектира и на работното место, односно се губи емпатијата помеѓу колегите. Стануваме затворени, нервозни па дури и конфликтни. Компаниите кои остваруваат голем успех и чии вработени имаат најдобри перфоманси се секогаш на врвот кога е во прашање емпатијата. Статистиката покажува дека емпатијата денес е поважна од било кога претходно. Позади секој успешен бизнис многу е веројатно дека ќе пронајдете лидер кој ја усовршил способноста за емпатија. Мора да се знае дека успехот не може да дојде доколку се гледаат само финансиите. Еве неколку начини со кои лидерите можат да ја зголемат емпатијата на работното место:1. Лидерите треба да се поврзат со вработените на човечко ниво пред да влезат во бизнисот. Задоволни вработени ќе овозможат успешен бизнис.2. Вклучувањето на вработените во донесувањето на одлуки е важно. Разговарајте со нив, спроведете анкети или побарајте нивен придонес во обезбедување на сите неопходни информации и подршка, кои ќе ви помогнат да донесете издржана и аргументирана одлука.3. Изградете приспособени планови за сите вработени. Вработените имаат уникатни квалитети и предизвици, и секој е посебен на свој начин. Запознајте ги вашите вработени, кои се нивните интереси и креирајте лични планови за нивен развој.4. Покажете вистински интерес за нивните цели и интереси. Можете да го подобрите нивното задоволство од работата со разбирање што го мотивира вашиот тим да работи подобро. Финансиската надокнада за извршената работа мотиви, нo има многу други фактори кои може да мотивираат, како на пример добрата корпоративна култура и вредностите во компанијата.5. Споделете ги вашите неуспеси и чувства. Покажете ја вашата човечка страна, т.е. споделете ги вашите неуспеси и како тие искуства ве направиле посилна и помудра личност.6. Имајте политика на отворени врати. Без разлика дали сте менаџер или директор, направете ги вашите телефонски броеви и електронски адреси достапни за секого и секогаш бидете на располагање за разговор, предлог или сугестија.7. Отворената комуникација е од суштинско значење. Кога лидерите комуницираат ефективно и често, користејќи ја сопствената личност со тоа покажуваат дека другите можат да го следат примерот, што ќе ја создаде таа култура внатре и надвор.8. Комбинирајте ја емпатијата со сочувство. Кога луѓето се слушнати без осудување и кога вистински сакаме да ги разбереме низ што минуваат, со тоа се негуваат врските со лидерот и неговиот тим.9. Слушајте со отворен ум. Да се подобри емпатијата на работното место е да ги слушнеме внимателно вработените и да разбереме како се чувствуваат.10. Изразете емпатија преку акција. Со активно слушање се уверуваат луѓето дека го имаат целото ваше внимание и дека нивните грижи се слушнати, а тоа ќе придонесе до решавање на истите.11. Размислете за нивниот обем на работа и исцрпеност. Прекумерната работа е сериозен проблем, затоа треба редовно да се контактира со вработените и да се зема предвид нивниот обем на работа. Лидерите имаат одговорност да забележат и реагираат на знаци на ,,burn out”.12. Променете ја вашата перспектива. Со менување на нашите перспективи, ги усовршуваме нашите вештини за слушање и се стремиме подлабоко да ги разбереме туѓите искуства.13. Разберете како вашите избори влијаат на другите. За да ја зголемите емпатијата, почитувајте го вашиот тим и обезбедете искрено образложение зад вашите најпредизвикувачки одлуки. Не е лесно, но добро образложена одлука, полесно се разбира и прифаќа.14. Покажете вредност и водете со пример. Лидерите кои сакаат да ја зајакнат емпатијата треба да водат со пример, т.е да покажуваат вредности како што се ,,семејството на прво место‘‘, почит и единство.15. Едуцирајте се, посетувајте обуки и усовршувајте ја емпатијата како лидерска и човечка вештина и вредност. Таа се учи.Време е да застанеме и да почнеме да ги слушаме луѓето околу себе, да ги примиме и да ги разбереме пораките кои ни ги праќаат и на вистински начин да одговориме на истите. Не треба многу за да изнудиме една насмевка, еден убав гест и да ја направиме работната средина место каде ќе се чувствуваме убаво и каде ќе придонесуваме со целиот свој капацитет. Светот денес има огромна потреба од повеќе емпатија. Сите сме подобри, посилни и помудри кога сме обединети во духот и заедничките цели за иднината.Љубовта и емпатијата не се луксуз, тие се неопходност. Без нив човештвото не може да преживее. – Далај Лама Извор на податоци: Forbes.com, Msu.edu.mk, Slobodenpecat.mk