Добрата корпорациска култура како алатка за привлекување и задржување на млади и квалитетни кадри во компаниитe

Сведоци сме на масовното иселување на млади кадри од нашата земја во западноевропските земји и пошироко. Тоа претставува загуба за нашата земја која инвестирала во нивната едукација, загуба за родителите кои не можат да ги имаат своите деца покрај себе и, секако, загуба за македонските компании кои губат квалитетен кадар, уште пред да го добијат, бидејќи младите луѓе, не ретко, уште по самото завршување на студиите, продолжуваат со едукација, работа и живот во странство и својот квалитет го ставаат на располагање на тамошните компании.

Што можат да направат македонските компании за да придонесат скромно, но значајно во спречување на одливот на мозоци?

Не постои само еден одговор на ова прашање, но, дел од одговорите се кријат во поимот на добра корпорациска култура. Корпорациската култура за свои елементи ги има: компаниската визија, компаниските вредности и тоа не само како наратив, туку и нивно практицирање, понатаму – луѓето и работната околина.

Иако секој од овие елементи е значаен, сепак, преовладува мислењето дека луѓето се најважниот елемент во корпорациската култура.

Размислувајќи во овој правец, Сава пензиско друштво во соработка со Економскиот факултет, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, регрутираше млади и квалитетни кадри, препорачани од Економскиот факултет, како едни од најдобрите студенти, сакајќи да им понуди корпорациска култура, која би била адекватен предизвик да се видат себеси во нашата компанија и земја и во иднина.

Со овој чекор сметаме дека бенефитот е на двете страни, и тоа на страна на кадарот чии квалитети се препознаени и препорачани и е дадена шанса за нивно докажување во компанијата, но и на страна на компанијата, која понатаму истите ќе ги менторира, тренира и едуцира да ја шират, збогатат и промовираат корпорациската култура и да дадат придонес во реализација на компаниската визија. Во оваа насока се грижиме за нивниот професионален и личен развој, за развивање на знаења и вештини во областа, овозможуваме пријатна околина за работа и развиваме тимски дух, нудиме услови за напредување, како и фер и транспарентно наградување.  

За тоа како го доживуваат својот ангажман, колку се задоволни од работната средина, односот со колегите и претпоставените, процесот на менторирање, вредностите кои се негуваат и воопшто, корпорациската култура во нашата компанија, во продолжение ги пренесуваме нивните ставови: