Дали работењето од дома Ви го одвлекува фокусот од најбитните задачи кои треба да ги завршите?
Дали Ви е тешко да го менаџирате времето додека работите од дома?
Дали ја сакате работата од дома, а притоа сакате да смените некои работи за да се зголеми Вашата продуктивност?
Доколку одговорот е позитивен, тогаш оваа статија е токму за Вас.
Во продолжение на текстот ќе откриете неколку лесни чекори, кои ќе Ви помогнат да ја зголемите Вашата продуктивност при работа од дома.
- Организирајте го работниот простор
Чист и организиран работен простор може да Ви помогне во создавање на добра работна атмосфера. Изберете место со добро осветлување и место кое нема да Ви го одвлекува вниманието. Сите потребни работи чувајте ги на едно место. Не дозволувајте Вашата работна маса да стане неуредна. Ова ќе Ви помогне подобро да се фокусирате на работата а, истовремено, како да ја зголемите и продуктивноста.
- Направете одреден распоред за извршување на работните задачи
Кога работите од дома, многу е лесно да се опуштите. Без „нормалната“ рутина за станување, облекување за работа и одење во канцеларија, многу луѓе почнуваат да прават работи по случаен избор. Затоа, многу е важно да си направите распоред на работните задачи кои треба да ги завршите во текот на денот и да се придржувате до истиот.
- Исклучи ги известувањата на мобилниот телефон
Истражувањата покажуваат дека во просек се потребни 25 минути повторно да се фокусирате на работата, откако ќе Ви биде одвлечено вниманието. Известувањата од социјалните мрежи можат, навистина, да бидат проблем да ја задржите концентрацијата при работата. Мејловите не ги проверувајте многу често, туку одредете два термина во текот на работното време во кои ќе испраќате и ќе одговарате на мејловите.
- Практикувајте физичка активност
Физичката активност не е важна само за телото, туку и за Вашето ментално здравје. Пред да започнете со работа, убаво би било да излезете на утринска прошетка, трчање или, пак, возење велосипед. За да ја зголемите продуктивноста, практикувајте истегнување додека сте на пауза.
- Правете пауза на секои 90 минути
Истражувачите од Државниот универзитет во Флорида откриле дека елитните изведувачи (спортисти, шахисти, музичари и слично), кои работат во интервали не повеќе од 90 минути, се попродуктивни од оние кои континуирано работат повеќе од 90 минути. Правењето на кратки и редовни паузи може да ја подобрат Вашата концентрација и нивото на ефикасност.