Деловното пишување се користи за професионална и деловна комуникација. Тоа е наменски дел од пишувањето што му пренесува релевантни информации на читателот на јасен, концизен и ефективен начин. Тука се вклучени понуди до клиенти, извештаи, белешки, е-пошта и известувања. Умешноста во деловното пишување е критичен аспект на ефективната комуникација на работното место и пренесување на саканата порака.
Видови на деловно пишување
Деловното пишување може да се категоризира во четири типа: поучен (инструктивен) , информативен, убедлив и трансакциски тип
1. Поучен (инструктивен) тип
Типот на деловно пишување е насочувачки и има за цел да го води читателот низ чекорите за полесно завршување на задачата. Ваквото пишување всушност претставува еден вид упатство во кое се напишани насоките според кои треба да се извршат зададените задачи.
2. Информативен тип
Информативното деловно пишување се однесува на точно и доследно пренесување на деловните информации. Се состои од документи од суштинско значење за основните функции на бизнисот за следење на резултатите, презентирање на плановите и усогласување со законските обврски. На пример тоа се: финансиските извештаи на една компанија, записниците од состаноци и можеби најважното, пишувањето извештаи. Можам да истакнам, во нашето друштво редовно се практикува овој тип на пишување за одлуките од редовните деловни состаноци. Се подготвуваат и праќаат извештаи до сите вработени за да се информираат за дневниот ред на состанокот и за донесените одлуките.-
3. Убедлив тип
Целта на убедливото пишување е да го импресионира читателот и да влијае на неговата одлука. Пренесува релевантни информации за да ги убеди дека одреден производ, услуга или компанија нуди најдобра вредност. Таквиот тип на пишување е генерално поврзан со маркетинг и продажба. Вклучува предлози, е-пошта за продажба на големо и соопштенија за печатот.
4. Трансакциски тип
Секојдневната комуникација на работното место спаѓа во категоријата трансакциско деловно пишување. Најголемиот дел од таквата комуникација е преку е-пошта, но вклучува и официјални писма, формулари и фактури.
Принципи на добро деловно пишување
Јасност на целта
Пред да започнеме деловен документ, белешка или е-пошта, треба да размислиме за две основни прашања:
-Кој е читателот?
-Што сакам да му пренесам на читателот преку моето пишување?
Јасната цел му дава насока на пишувањето и го развива неговиот тон, структура и тек.
Јасност на мислата
Пред да се почне со пишување треба да се осмисли напишаното, тоа го прави пишувањето помалку структурирано, и повторливо. Деловното пишување бара умешност да се редуцираат долгите, раскошни реченици во концизни, јасни. Треба да се извлече што е значајно за јасно да се напише.
Пренесување точни и релевантни информации
Примарната цел на деловното пишување е да пренесе вредни информации. Неточната или неважна содржина влијае на целта на документот. За ефективно деловно пишување, информациите мора да бидат со дополнителна вредност и целосни.
Избегнување жаргони
Едноставниот стил на пишување многу помага во комуникацијата и пренесување на пораката до читателот. Грандиозното пишување полно со звучни зборови, акроними и жаргони треба да се избегнува до максимална можна мера. Во спротивно, читателот нема да може да го разбере документот или ќе изгуби интерес за него.
Прочитајте и потврдете
Читањето на пасусите гласно по завршување на пишувањето може да открие недостатоци и празнини во аргументите. Затоа се препорачува да се побараат повратни информации од колегите за да се потврди некоја грешка и да се изврши корекција доколку е потребно.
Праксата е клучот
Умеење во деловното пишување може да се постигне преку редовна пракса. Посветување внимание на вокабуларот, структурата на реченицата и стилот на пишување додека читате текстови од други, може да помогне да се развие ист или сличен стил.
Бидете директни
кога станува збор за деловно пишување презентирањето на суштината најдобро е да биде на самиот почеток. Со тоа му заштедувате и време на читателот.
Избегнувајте опширно пишување
Ако значењето може да се пренесе со три збора, не треба да се протега на пет. Обемното пишување е непривлечно за читателот . На пример, наместо да напишете „написот користи повеќе зборови отколку што е потребно“, напишете „написот е опширен“.
Граматика и структура на реченицата
Добрата граматика и структурата на речениците го прикажуваат вниманието посветено на деталите и вештината во деловното пишување ,тоа се особини кои се високо ценети во бизнисот.
Деловното пишување се надградува со текот на времето, како и граматиката. На пример, знаци (emoticons) кои се почесто се користат стануваат сè по прифатени во деловното пишување. Добриот пишувач секогаш треба да се прилагодува и надградува со настанатите промени за да ја усовршува својата вештина.
Лесно за паметење
Деловните соработници го ценат документот што може да ја пренесе својата порака со површен поглед. Деловните документи може да се подобрат преку употреба на списоци со бројки или точки, јасни наслови, концизни параграфи и разумна употреба на задебелено форматирање за да се истакнат клучните зборови.
Јасноста на мислата, правилната структура на граматиката и реченицата и едноставниот јазик го карактеризираат ефективното деловно пишување.