Во светот денес, луѓето не можат нормално да функционираат без технолошките достигнувања како што се Интернет, паметни телефони, компјутери, телевизори и слично. Овие технологии веќе со децении имаат суштинска улога во секојдневниот живот и без нив животот би бил незамислив за голем дел од луѓето.
Технологијата носи голем број позитивни придобивки кои го олеснуваат животот и работата на човекот. Како позначајни придобивки би ги издвоиле: продуктивноста, зголемување на ефикасноста на комуникацијата, олеснување на електронската трговија, зголемување на глобалната социјализација, како и придобивката од брзо и ефикасно споделување на знаење, а особено новото знаење стекнато преку истражувањето и развојот.
Продуктивност
Усвојувањето на најновите технологии во канцелариските средини, резултира со поголема продуктивност. Компјутерските софтверски програми извршуваат задачи како сметководство, анализа на податоци, дизајнирање на ентериер, следење на производните процеси итн.
Ова обезбедува прецизност во извршување на работните задачи, а воедно го намалува заморот кај вработените во една компанија, со што доаѓа до зголемена продуктивност во самата компанија.
Комуникација
Паметните телефони, како и останатите електронски уреди помагаат во воспоставување на врски помеѓу вработените и потенцијалните клиент на долги растојанија. Комуникацијата на далечина преку организирање состаноци на различни платформи е особена изразена во услови на пандемијата предизикана од корона вирусот.
Бизнис заинтересираните страни интезивно почнаа да комуницираат преку конференциски повици и видео-конференции, со што се елиминира потребата за патување до местото на состанок, а воедно се намалуваат и трошоците за патување до тоа место.
Електронска трговија
Пандемијата поврзана со корона вирусот доведе купопродажбата на стоки преку Интернет значително да се зголеми. Секој потрошувач бараше алтернативни начини за да го намали времето поминато во продавница, па онлајн продажбата забележа тренд на зголемување.
Зголемувањето на обемот на електронската трговија, доведе до зголемен обем на работа и во дејноста поврзана со поштенските услуги, каде масовно се вработуваше во фирмите кои се занимаваа со достава на брзи пратки. Исто така, се зголемидовербата во електронското банкарство со голем раст на плаќањето на сметките за комуналните услуги без да се посети банка или друг физички шалтер за наплата на сметки.
Глобална социјализација
Технологијата се користи и за забавни цели. Голем дел од младите популации редовно ги користат своите електронски уред за играње на видео игри, гледање на филмови, слушање на музика и слични активности кои доведуваат до релаксација.
Од друга страна, солцијалните мрежи како Фејсбук и Твитер ја зголемуваат глобалната социјализација, преку промовирање на социјална интеграција на различни луѓе од различни култури, вери и верувања.
Истражување и развој
Интернет најдобро се дефинира како море на информации од цел свет. Интернетот ги промовираше образовните активности преку одржување на онлајн часови, за да се намали ширењето на корона вирусот. Паралелно на тоа, се размислува и за воведување на електронски учебници, со што целосно би се заменил традиционалниот начин на учење кај учениците.
Воедно, широкиот спектар на информации кои ги нуди Интернетот, доведува до истражување на нови области, а преку размена на идеи од различни области доаѓа до развој на нови технологии. Преку паметните телефони и остантите уреди и мобилните апликации функциналните дигитални сервиси станаа достапни секаде каде што сте.
Сава пензиско друштво веќе преку своите веб услуги веќе одамна обезбедува електронски пристап до личната пензиска смекта на своите членови. Од неодамна, со мобилната апликација Сава пензиско план, членовите на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус можеат да се информирате за износот на нивнатапензиска заштеда, да добиваат известувања за уплатените придонеси, како и да ги ажурирате своите лични податоци, во било кое време и од било кое место кое има покриеност со интернет.
Секојдневно читаме разни животни приказни на луѓе кои биле родени во сиромаштија, во текот на животот постигнале успех и сега живеат во големо изобилство и богатство. Има многу вакви примери кај врвните спортисти, холивудските ѕвезди, лица од светот на бизнисот и иновациите.
Тоа се луѓе кои се екстремно успешни и имаат способност и стекната слава да заработат десетици милиони долари годишно. Нивниот живот е многу често јавно презентиран на социјалните медиуми како Facebook, Instagram и слични каде може да се видат слики од нивни летувања, каков посед и јахти имаат, каков живот живеат – нешто што е незамисливо за обичниот човек без разлика на кој дел од светот живее. Не е чудно зошто овие социјални медиуми се забранети во комунистичките земји каде би требало да владее поголема еднаквост помеѓу луѓето – Северна Кореја, Куба и слично.
За да може човек да стекне огромно богатство, тој треба да биде во врвот на својата професија или да биде иноватор и претприемач, на глобално ниво. Очигледно е дека и покрај големата амбиција да станеме богати и славни, да се постигне таков успех е неверојатно тешко, но не и невозможно.
За жал, јас не ги знам тајните на патот до огромниот успех и слава, но она што го знам е како да се осигурам и да си ги постигнам финансиските цели и слобода без компромиси и без напуштање на големите идеи и сонови.
Во продолжение на текстот се понудени три едноставни чекори кои доколку правилно се применуваат – дефинитивно водат до твојата финансиска слобода.
Вработи се и имај личен развој.
Првиот чекор за да станеш финансиски слободен е да се вработиш, да бидеш трудољубив и напорно да работиш, и задолжително да учиш нови вештини. Со трудољубивост и со учење на нови вештини ќе станеш подобар и попродуктивен работник за твојата компанија. Без никаков сомнеж ова ќе биде препознаено од твојата компанија – и компанијата дефинитивно ќе те вреднува повеќе – односно ќе добиеш повисока плата. Ако твоите нови подобрени вештини не бидат препознаени од компанијата каде моментално работиш, без сомнение ќе бидат препознаени од друга компанија на пазарот на труд – и ти дефинитивно ќе ја добиеш твојата заслужена награда.
Не ја троши целата плата и штеди.
Без разлика какви вештини имаш и колку пари заработуваш, ти нема да можеш да станеш финансиски слободен ако не штедиш еден дел од твојата плата. Ако си млад и сега започнуваш со работа, можеби твојата плата е прениска за да може да штедиш. Во овој случај, треба да настојуваш да ги подобриш твоите вештини и напорно да работиш за да можеш да заработиш повеќе – и да имаш можност да штедиш. Исто така во рамки на овој чекор треба да го следиш и правилото: Никогаш не троши повеќе од тоа што го заработуваш.
Инвестирај ја мудро твојата заштеда.
Кога успешно ќе ги усовршиш првите два чекори, ќе забележиш дека твојата банкарска сметка ќе почне да расте. Практично со секој изминат месец на твојата сметка ќе останува разликата од твојата плата и твоите трошоци – односно заштедата што ја создаваш.
Сега, доаѓа на ред третиот чекор – а тоа е мудро да ја инвестираш твојата заштеда. Тоа значи да најдеш погоден начин каде да ги вложиш твоите заштедени пари и да оствариш одреден принос кој соодветствува со нивото на ризик од самото вложување. Еве неколку достапни алтернативи за вложување:
Орочување на депозит во банка,
Купување стан со намера за издавање,
Вложување во доброволен пензиски фонд,
Вложување во инвестициски фонд,
Самостојно вложување во хартии од вредност, и слично.
Да разгледаме пример, месечна нето плата од 600ЕУР, месечни трошоци – 400ЕУР, месечна заштеда од 200ЕУР. Доколку приносот на твојата заштеда е 5% годишно, состојбата на твојот имот би била следната[1]:
месец
нето плата
месечни трошоци
заштеда
заштеда – кумул.
состојба на имот
разлика
1
600
400
200
200
201
1
2
600
400
200
400
402
2
3
600
400
200
600
605
5
4
600
400
200
800
808
8
5
600
400
200
1.000
1.012
12
…
120
600
400
200
24.000
30.998
6.998
240
600
400
200
48.000
81.492
33.492
360
600
400
200
72.000
163.740
91.740
480
600
400
200
96.000
297.713
201.713
Од табелата погоре може да се забележи дека твоето вложување расте со секој изминат месец. Со порастот на твоето вложување, расте и твојот имот како и основата за вкаматување. Од табелата може да се заклучи дека со месечна заштеда од 200ЕУР и со каматна стапка од 5% – состојбата на твојот имот ќе достигне речиси 300 илјади ЕУР по истек на 40 години. Просечниот работен век на човекот е околу 40 години и доколку се следат овие чекори дефинитивно може да се постигне резултатот погоре.
Исто така може да се забележи и ефектот на „сложената каматна стапка“ (линк до претходен блог – 8мо светско чудо) кој е многу моќен сојузник. Во првите месеци приносот е незначителен – неколку ЕУР, додека после 30-тата година се мери во стотици илјади ЕУР.
[1] Заради поедноставување, ќе претпоставиме дека за целиот период стапката на инфлација ќе биде 0%. Стапка на инфлација дефинитивно ќе има и на страна на трошоци но и на страна на приходи (пораст на плата). Инфлацијата значајно влијае и на состојбата на твојот имот.
Интервју со алпинистичката легенда и член на македонската експедиција на Еверест во мај 1989.
На една неодамнешна конференција на Сава Осигурителна Групација, каде учество земаа поголем дел од вработените во Сава пензиско друштво а.д. Скопје, во неформалниот дел од програмата кој има за цел да ги релаксира учесниците на конференцијата од стручните и стратешки теми, гостин со свое предавање беше господинот Вики Грошељ, една од легендите на југословенскиот и словенечкиот алпинизам.
Импресионирани од неговите подвизи на Хималаите, но најмногу од неговото учество во македонската експедиција за искачување на Еверест во 1989 година, во која нашиот алпинист и прв освојувач на највисокиот врв на светот Димитар Илиевски – Мурато го загуби својот живот, разменивме контакти со цел да направиме интервју со кое сакаме емотивните спомени на господинот Грошељ да ги споделиме со јавноста на нашиот Блог nikogassami.mk
1. Господине Грошељ, Вие сте еден од луѓето кои ја имале ретката можност да му честитаат лично на Димитар Илиевски – Мурато за искачувањето на Еверест, но и еден од последните луѓе на светот кој го видел жив, и тоа само неколку метри од врвот на Еверест, момент после кој на Диме му се губи трагата. Можете ли да ни доловите дел од овие моменти кои за нас Македонците се од огромно значење?
„Диме Илиевски во базата под Еверест во 1989 година.“ – од приватната архива на Виктор Грошељ
Спомените на тој 10 мај 1989 година сѐ уште се живи, како да се случи вчера. Од три часот наутро, Диме, Стипе, јас и двајцата шерпаси, Сонам и Аџива, заедно се боревме да стигнеме до врвот. На непалската страна на планината, недостатокот на снег значително ни го отежна искачувањето, се искачувавме по ронлива карпа.
На кинеската страна на планината на висина од 8.400 метри натаму, бевме пречекани од огромни количини снег. До гради потонавме во снегот и тоа дополнително не забави. Дури во пет часот попладне стигнавме до 8.748 метри на високиот јужен врв. Таму ми снема од дополнителниот кислород од боцата.
Пријателите продолжија побрзо, додека јас како расипан автомобил полека се влечев зад нив. Со исклучителен напор успеав да ја искачам Хилариевата стапка и тогаш до мене се спуштија Стипе и Диме, кои веќе се враќаа од врвот. Невешто се прегрнавме. Се радував на нивниот успех, како и на својот, бидејќи не верував дека без дополнителниот кислород ќе успеам да се искачам над Хилариевата стапка. И двајцата беа полни со грижа за мене бидејќи одлучив да продолжам, а тогаш, навистина, не сакав да се откажам по ниедна цена.
„Јужен врв на Еверест. Стипе, Диме, Сонам и Аџива се приближуваат до Хилариевата стапка.“ – од приватната архива на Виктор Грошељ
Во меѓувреме, додека се спуштаа покрај мене, уште еднаш го удрив Диме по рамото. Браво Македонец, му реков! Тврдоглав како вистински Словенец! Во базата сигурно полуделе од воодушевување, кога се јавиле од врвот. Каква прослава ќе биде кај нив дома!
„Диме додека се искачува кон врвот. Доле јужно седло.“ – од приватната архива на Виктор Грошељ
Веќе речиси сосема во темница ми успеа да стигнам до врвот. Седум и пол часа траеше моето ноќно спуштање до шаторот на јужното седло, каде ме чекаше Борче (Јовчевски). Ми кажа дека Сонам и Аџива се вратиле уште во десет часот вечерта, додека Стипе и Диме сѐ уште ги нема. Очигледно, некаде на падините под врвот се промашивме и ќе бидат тука во секој момент.
За кратко време по мене се појави Стипе и влезе во вреќата за спиење покрај мене. Борче се пресели во соседниот шатор за полесно да се погрижи за Диме, кога ќе пристигне. Дваесет и три часа бевме на пат. Успеавме. Утре ќе одиме кон долината и на славењето ќе му нема крај.
„Еверест. Искачувањето и спуштањето се одвиваа преку снежните падини над јужното седло“ – од приватната архива на Виктор Грошељ
Кога се разбудив, го повикав Борче во соседниот шатор, да прашам дали е дојден Диме. Низ татнењето на ветрот се обидував да препознам одлучно да. Но тоа не го слушнав низ тој проклет ветар. Сѐ уште не знаевме, ниту се сомневавме, дека ќе го нема. Дека несреќниот Диме на тоа ноќно спуштање, кое повеќе беше бегство назад кон животот, направил само мала, ситна грешка и засекогаш се изгубил. Снемогнал, заспал при одморот, или залутал кон глечерот Кангсунг на кинеската страна на планината.
Цело претпладне уште го чекавме и ја набљудувавме падината низ која се одвиваше искачувањето и спуштањето. Можеби бивакувал и преку ден, сепак, ќе дојде на седлото. Но ништо не се помрдна. Само ветрот подигаше снежни знамиња кои ја чешлаа избраздената падина на планината. Стипе одлучи дека ќе остане тука уште една ноќ, а ние двајца ќе одиме надолу. Овде не можеме да направиме ништо повеќе.
За целото време на спуштањето до вториот камп, се надевавме дека ќе се случи чудо, но не се случи. Наредниот ден ги сретнавме шерпасите кои ги празнеа камповите. Велат, дека и Стипе се спушта, за Диме нема ниедна трага…
„Повторно во базата но за жал без Диме. Од лево Стипе Божиќ, Сонам, Аџива и Вики Грошељ.“ – од приватната архива на Виктор Грошељ
2. Од вашите први обиди да се освои највисокиот врв на Светот преку југословенска насока во 1979 година, до подвизите за скијање на највисоките хималајски врвови и искачувањето на повеќе врвови над 8000 метри во една експедиција, можеме да забележиме силна посветеност и детерминираност секогаш да ги поместувате границите и да направите нешто што никој претходно не успеал да го направи. Што ќе им порачате на младите високогорци од регионот? Има ли уште вакви подвизи низ светот кои го носат епитетот „за првпат“?
Подигнувањето на личните граници на можното, за мене отсекогаш беше важен предизвик и дополнителна мотивација. Само планините и, пред сѐ, Хималаите ми покажаа дека човекот е способен за многу повеќе отколку што си претставува во засолништето на топлиот дом. Всушност, тоа е единствениот водич кој им го препорачувам на младите. Подвизи во планините и другите величествени краеви на нашата планета, како Арктикот и Антарктикот, има дури и повеќе од доволно. Затоа без грижи.
3. Македонија и Словенија се две бивши југословенски републики кои имаат високи планини и добри услови за развој на овој спорт. Каква беше соработката во рамките на Југословенската алпинистичка федерација помеѓу алпинистите од Македонија и Словенија? Колку можеме да учиме од таа соработка од денешна перспектива? Што можеме да направиме, и како држави, но и како поединци и компании за подигнување на овој спорт на повисоко ниво?
Република Словенија и Република Северна Македонија самиот ги разбирам и ги доживувам како дел од некогашната заедничка држава. Жал ми е само, што во 1979 година во Република Македонија сѐ уште немаше планинари кои би можеле да се приклучат на Првата југословенска експедиција на Еверест кога го искачивме западниот гребен на планината. Само две години подоцна во експедицијата на јужниот ѕид на Лотсе ни се придружи Македонецот Јован Поповски.
Од тоа пријателство и соработка произлезе поканата со Стипе да се приклучиме на Македонската експедиција на Еверест во 1989 година. Денес, можностите за соработка се уште поотворени и ќе бидам среќен доколку можам да придонесам кон тоа.
4. Веќе сте во златното доба од вашиот живот. Дали одржувате контакт и се дружите со останатите пензионирани алпинисти од вашата генерација како Стипе Божиќ и останатите? Имате ли некоја порака до идните пензионери?
Следната година ќе наполнам 70 години, а сѐ уште се чувствувам прилично млад. Сѐ уште патувам на Хималаите двапати годишно, а и инаку сум уште доста активен во планините. Секако, со задоволство се дружам со другите алпинисти од мојата генерација, за жал, ги има сѐ помалку. Нерадо некому давам некакви препораки. Но, од сопственото искуство можам да кажам дека во овие години поредовно се рекреирам, отколку што тренирав на млада возраст. Тоа ми се чини како добар совет за наши години.
5. На презентацијата ја споделивте вашата љубов кон Непал и вашиот активизам за помош на луѓето кои живеат таму со последиците од разорниот земјотрес. Старите скопјани знаат што е светска солидарност после една таква катастрофа. Ве молам појаснете ни накратко какви се Непалците, како оваа катастрофа влијае на нивните животи и во што се состои вашиот активизам? Можеме ли ние некако да помогнеме?
За мене Непал, заради сѐ што доживеав таму е најубавата земја на светот (веднаш по Словенија, да нема забуна). Луѓето во Непал во принцип се љубезни кон странците и се трудат да им помогнат, иако живеат во значително потешки услови од поголемиот дел од остатокот на светот. Од нив многу научив за солидарноста, другарството и помагањето еден на друг и затоа се трудам да им помогнам најдобро што можам. Особено по катастрофалниот земјотрес во 2015 година, кога таму загинаа повеќе од 9000 луѓе.
На крајот на октомври се вратив од своето десетто патување во Непал по земјотресот. Секојпат со себе ја носам собраната помош и таму непосредно ја предавам во рацете на засегнатите. На Непалците може да им се помогне на многу начини. Наједноставен е, да се одлучите да ја посетите оваа држава во срцето на Хималаите. Имено, туризмот е убедливо најважната стопанска дејност во државата. По овогодишното искуство, и пандемијата со КОВИД-19 не е повеќе голем проблем за посета.
Вики Грошељ и Коста Ивановски, Сава пензиско друштво а.д. Скопје
Почнувајќи од 1992 година веќе 29 години на десетти октомври се одбележува Светскиот ден на менталното здравје во повеќе од сто држави ширум светот. Во пресрет на тој ден сакаме со вас да споделиме неколку придобивки од редовното читање книги, а кои придобивки имаат позитивно влијание врз менталното здравје.
Всушност, доколку сте читател на книги сигурно имате забележано дека имате зголемено ниво на емпатија кон луѓето, подобра општествена комуникација, градење на стабилна врска било да е тоа љубовна врска или врска со луѓето, намален ризик од добивање Алцхајмерова болест, зголемена самодоверба и многу други придобивки.
Одредени истражување покажале дека читањето слободна литература има позитивно влијание во градењето на комуникацијата меѓу родителите и децата, исто така, има позитивно влијание врз намалувањето на стресот и го зголемува интересот за културите од целиот свет.
Пет придобивки од читањето книги:
Читањето ја зголемува емпатијата
Со самото читање ние се внесуваме во приказната и потсвесно стануваме дел од неа, а тоа ни помага да развиеме поголемо чувство на емпатија кон другите луѓе во реалниот живот.
Читањето ја зголемува менталната флексибилност
Читањето текстови кои од читателот бараат да го протолкува значењето, покажало дека има одлични резултати во активирањето на мозочните ќелии, а тоа придонесува за зголемување на менталната флексибилност. Менталната флексибилност, пак, им помага на луѓето полесно и побрзо да се адаптираат на новонастанатите ситуации и многу полесно да донесуваат одлуки.
Читањето ја зголемува креативноста
Според истражувањето спроведено од страна на Creativity Research Journal во 2013 година, читањето, а особено читањето белетристика, придонесува за зголемување на креативноста и подобро процесирање на информациите.
Читањето ја зајакнува функционалноста на мозкот
Американскиот невролог, професор Gregory Berns спроведе истражување чии резултати покажале дека читањето на само 20 страници дневно влијае на мозокот како психолошки така и невролошки.
Читањето може да спречи заболување од деменција
Читањето како и другите активности коишто го стимулираат мозокот, покажале дека можат да спречат појава на деменција и Алцхајмерова болест. Тоа го покажало истражувањето спроведено од страна на Институтот Neurology во јули и август 2013 година. Според ова исражување луѓето кои читаат книги имаат дури 32 % помали шанси да заболат од некоја од гореспоменатите болести.
Ова се само некои од придобивките кои со себе ги носи читањето, секако, тоа има уште поголема моќ, но оставаме на вас да истражите за некои од нив.
„ Со менаџирањето луѓето се убедуваат да прават работи што не сакаат да ги прават, додека лидерството ги инспирира луѓето да прават работи за кои никогаш не мислеле дека можат. “
Стив Џобс
Економската и социјалната неизвесност што пандемијата на коронавирус ја предизвика низ целиот свет, создадоа многу нови и тешки предизвици за деловните лидери. Во деловниот свет, лидерите се борат да се справат со новите реалности на социјално дистанцирање и зголемената потреба за работа од дома.
Ова е време кога лидерите треба да инспирираат надеж на своите вработени дури и кога се борат да ги одржат своите бизниси во живот. Но, кои вештини треба да ги поседува еден добар лидер во услови на КОВИД-19?
Добрите лидери треба да поседуваат силен сет на квалитети на лидерство кои помагаат позитивно да комуницираат со вработените, членовите на тимот и клиентите. Некои лидери се природно родени за „ оваа функција “, но, честопати, лидерските вештини може да се научат низ работното искуство и истите да се надградат.
Како најважни лидерски квалитети и вештини што треба да ги поседува еден лидер во услови на КОВИД-19 се:
Комуникација
Добрите комуникациски вештини се клучни, а особено во новото секојдневие, каде голем дел од вработените работат од дома. Лидерите треба јасно и концизно да им ги објаснат работните задачи и организациски цели на своите колеги и вработени. Еден добар лидер треба да биде активен слушател и да воспостави постојан проток на комуникација меѓу членовите на тимот, како и редовно да биде достапен за дискусија за прашања и проблеми од вработените.
Учење
Лидерот никогаш не престанува да учи, а особено во ова динамично време предизвикано од пандемијата со коронавирусот. Лидерот треба да биде целосно љубопитен и да трага по континуирано знаење, кое ќе му овозможи брзо надминување на евентуалните неуспеси во работата на тимот.
Приспособувањето кон дигиталните алатки и организирањето на онлајн состаноци, каде лидерот ќе им го пренесе своето знаење во областа, се клучен фактор за одржување на позитивни резултати во една корпорација.
Интегритет и доверба
Врз основа на доследноста во комуникацијата и самоувереноста во дејствата што ги презема еден лидер се гради интегритетот и довербата во работниот тим. Лидерот треба да е полн со енергија и на работите да гледа со своја објективна визија за да може да им ги пренесе на вработените своите цели и планови во иднина. Во услови на пандемија, членовите на тимот го препознаваат секој атом на енергија вложен од лидерот кон нивно обучување и усовршување и се трудат максимално да одговорат на работните обврски.
Флексибилност
Во услови на комбинирана работа – канцеларија – дома, флексибилноста во работата која ја спроведува лидерот е клучна за непрекинато извршување на работните задачи во еден тим. Флексибилните лидери прават напори да ги приспособат личните ставови и потреби со работните обврски и им овозможуваат поголема слобода на вработените во остварување на целите.
Решавање на конфликти
Конфликтите кои се јавуваат во една организација се дефинираат како несогласување меѓу членовите или групите во организацијата предизвикано од повеќе причини и тие се неизбежност во еден организациски систем. Конфликтите, особено, се изразени во услови на КОВИД-19 каде лидерот и вработените не можат да воспостават тековна комуникација во поглед на проблемите во извршувањето на работните цели и задачи.
Сепак, конфликтот може да биде продуктивен и да води кон унапредување на работата, а задачата на менаџерот е да се справи со него и да го реши на оптимален начин за организацијата. Како еден од најдобрите начини за решавањето на конфликтите, а кој треба да ги користи еден лидер, е компромисот.
Во процесот на постигнување компромис, секоја од страните делумно губи, а делумно и добива, но на крајот се наоѓа решение што е прифатливо за двете страни.
Лидер не може да биде човек кој не е подготвен за промени, без визија пред себе и доволно храброст, способност, вештина и мудрост, таа визија да ја реализира. Вистинскиот лидер посветува повеќе внимание на третирањето на сите вработени подеднакво, а нивните сугестии ги смета за пожелни и добредојдени.
Секој лидер е различен на свој начин, но едно е заедничко за сите нив, а тоа е дека тие водат поголема група на приврзаници кои веруваат во нив, во нивните идеи и чекорат по патот кој лидерите го трасираат. Успешната соработка на лидерите со вработените претставува голем двигател во постигнувањето на успешни резултати во една компанија.
Сите знаеме дека доколку имаме добар пријател на работа тоа може многу да ни помогне да имаме уште поголема сатисфакција при работењето, а задоволен вработен постигнува подобри резултати во работата.
Сега, во време на Ковид пандемија, кога во компаниите се практикува хибриден модел на работа, односно работа од дома и работа од канцеларија, пријателството со колегите ни е уште поважно.
Додека работиме од дома и додека практикуваме социјална дистанца, пријателите се многу важни за нашето ментално здравје и благосостојба. Тие можат да ни помогнат да изградиме подобра перспектива, да имаме поголема самоконтрола и да го дадеме најдоброто од себе, како на работа така и во општеството во целина.
Дури и додека работиме од дома и не сме секогаш физички на работа, пријателството е од фундаментално значење за социјалниот живот.
Бројни истражувања откриваат дека добрите односи со колегите и соработката се многу важни за успешна работа. Во продолжение 5 совети за градење и одржување на пријателството со колегите особено во услови кога не сме во канцеларија сите заедно.
Заедничко работење
Еден од најдобрите начини да се гради и одржува пријателство на работа е всушност самата работа. Иако и тим билдинг е убаво да се има, сепак заедничкото работење на сериозни проекти и самата соработка помагаат да се влијае позитивно на пријателството.
Избегнување конкуренција
Иако конкуренцијата се чини дека е дел од секоја работа, многу е важно да се најдат начини таа конкуренција да се насочи само кон надворешноста на компанијата.
Да си помагаме едни на други
Да се трудиме да го дадеме најдоброто од себе, за да и другите го направат истото. Помагајте и бидете одговорни за луѓето околу себе и на тој начин ќе се зацврстат односите со колегите на работа.
Да бидеме реални
Понекогаш давањето поддршка на некој од колегите коj се соочува со посериозен проблем, а притоа да се биде реален е од особено значење за решавање на проблемот. Многу е подобро да се биде искрен во тој момент отколку само да се каже дека “ти го можеш тоа”.
Да се слушаме едни со други
Ново истражување од Универзитетот Вејк Форест покажува дека нивото на кортизолот се намалува кога сме поддржани од колега или претпоставен кој ги слуша и знае нашите чувства. Тоа е од особено значење и на работното место за да се намали стресот и да се постигнат уште подобри резултати.
Околностите во кои се работи за време на Ковид пандемијата, во кои работиме од дома и немаме можност за физички контакти, ги направија пријателствата уште поважни за сите нас. Без разлика низ што поминуваме и колку години имаме, пријателите можат да ни помогнат да го дадеме најдоброто од себе и притоа да се изградат односи на работа кои ќе ни помогнат да напредуваме како на професионален, така и на личен план.