Доброволно пензиско или животно осигурување, што да одбереш?

Македонскиот јазик изобилува со голем број на зборови кои имаат засебно значење и нема потреба од користење на еден ист збор за две различни намени. Па така, во економијата и финансиите користиме зборови кои самите го опишуваат финансискиот производ, состојба, настан…

Сепак, два финансиски производи во најголем дел од случаите се погрешно перцепирани од јавноста, односно погрешно е перцепирана нивната намена и значење, иако нивното име јасно ги опишува. Секако треба да се напомене дека перцепцијата кај јавноста ја прават лицата кои работат со тие финансиски производи, ги претставуваат и продаваат, па таа забуна (намерна или ненамерна) најчесто доаѓа од самите продавачи на производите. Финансиските прозводи за кои станува збор се доброволно пензиско и животно осигурување.

Овој блог пост е започнат на овој начин со цел уште од почеток да сфатиме дека во името на финансискиот производ стои и неговата намена, односно може веднаш да кажеме дека животно осигурување е осигурување на живот, а  доброволно пензиско осигурување е осигурување за пензија. Доколку животното осигурување беше осигурување за пензија, тогаш ќе се викаше пензиско, и обратно.

Во продолжение во кратки црти ќе бидат објаснети двата производи со цел најлесно да се препознаат разликите и бенефициите на двата финансиски производи.

Доброволно пензиско осигурување:

  • Цели да ја поддржи финансиската сигурност во пензионерските денови, односно претставува дополнителен пензиски доход;
  • Секој член има своја индивидуална сметка на која се штедат средства додека работи и уплаќа, односно штеди, а увидот во истите е постојано овозможен;
  • Средствата на индивидуалната сметка на членовите се инвестираат и оплодуваат во периодот на членување, а оплодување продолжува и по започнување на исплатата;
  • Помага за поддршка на животниот стандард и по пензионирањето (научните студии докажаа дека по пензионирање, животниот стандард на човекот се намалува поради намалените приходи);
  • Средствата на индивидуалните сметки во доброволните пензиски фондови се во сопственост на членовите, а не во сопственост на друштвото. Истите се целосно наследни согласно Законот за наследство и не постојат услови кои треба да се исполнат за да се овозможи наследството на средствата.

Животно осигурување:

  • Обезбедува износ на пари (death benefit) за одредени бенефициери (корисници) кои најчесто се членовите во фамилијата, по смртта на осигуреното лице, во случај на негова смрт во осигурениот период;
  • Нуди финансиска заштита на семејството или лицата кои се финансиски зависни од осигуреникот;
  • Се фокусира на финансиска заштита на блиските и саканите во случај на смрт на осигуреникот во периодот на важење на полисата;
  • Нуди поврат на уплатените средства (со или без принос во зависност од продуктот) при доживување по истекот на договорениот период на полисата.

Клучни разлики:

  • Животно осигурувањето се фокусира на обезбедување на финансиска заштита на бенефициерите (корисниците) по смртта на осигурениот доколку дојде до неа во периодот кој го покрива осигурвањето, додека доброволното пензиско осигурување цели да креира  дополнителен прилив на приходи за време на пензија.
  • Пензиското осигурување има изразита штедна компонента и оплодување на средствата со цел одржување на куповната моќ на парите, додека пак ризико-факторот кај животното осигурување ги намалува вкупно вложените средства на осигуреникот (колку постар е осигуреникот, толку ризикот за настанување на смрт е поголем и претставува ризик за друштвото за животно осигурување), со што осигуреникот има помала куповна моќ, а ист или сличен износ на расположливи средства по истек на осигурениот период, поради ефектот на инфлацијата низ годините на осигурување.

Може да заклучиме дека иако различни, сепак животно осигурување и доброволно пензиско осигурување играат клучни улоги во обезбедувањето на финансиската иднина. Разбирањето на овие разлики може да помогне во носење на правилна одлука за долгорочно финансиско планирање за секого. Тоа значи дека при одлучување во кој од овие два финансиски продукти да се вложува, клучен аргумент е целта на вложувањето. Дали целта е дополнителен извор на приходи кога веќе не сме дел од работната сила, или целта е да се обезбеди семејството, односно лицето кое е финансиски зависно од носителот на полисата,  во случај на смрт во осигурениот период. . Оттука, во многу случаи оптимална е одлукта да се избере добар сооднос во инвестирање помеѓу пензиско осигурување и осигурување на живот.

Сава пензиско друштво успешно ги инвестира пензиските заштеди на членовите на македонскиот пазар – над 100 милиони денари приливи од камати од обврзници и повеќе од 15 милиони денари приливи од дивиденди од Македонијатурист, Реплек и Тетекс

Ве информираме дека во периодот од 01.06.202430.06.2024 година на сметката на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 103.491.684,00 денари и прилив од каматa од инвестиции во странска државна еврообврзница во износ од 40.950,00 евра.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во вкупен износ од 491.859,26 долари, 155.111,88евраи 14.111.470,00 денари, од кои ги издвојуваме:

  • УСД 121.591,71  од инвестицискиот фонд ISHARES MSCI GLOBAL MIN VOL FACTOR
  • ЕУР 106.792,07 од инвестицискиот фонд ISHARES STOXX EUROPE 600 UCITS ETF (DE)
  • ЕУР 48.319,81 од компанијата SHELL PLC
  • МКД 7.957.800,00 од компанијата Македонијатурист АД Скопје
  • МКД 1.176.670,00 од компанијата Тетекс АД Тетово и
  • МКД  4.977.000,00 од компанијата Реплек АД Скопје

Во истиот период, на сметката на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 6.794.075,00 денари,прилив од каматa од инвестиции во странска државна еврообврзница во износ од 1.995,00 евра, приливи од дивиденди во вкупен износ од 12.157,33 долари и 4.476,33 евра и1.304.000,00 денари, од кои издвојуваме:

  • УСД 3.990,54  од инвестицискиот фонд ISHARES MSCI GLOBAL MIN VOL FACTOR
  • ЕУР 2.514,36 од инвестицискиот фонд ISHARES STOXX EUROPE 600 UCITS ETF (DE)  ЕУР
  • ЕУР 1.961,97  од компанијата SHELL PLC
  • МКД 932.000,00 од компанијата Македонијатурист АД Скопје и
  • МКД 372.000,00 од компанијата Реплек АД Скопје

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на нивните пензиски заштеди.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2024/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Вештини за подобрување на комуникацијата во работна средина – 5 дел

Поставување на СМАРТ цели

Откако во претходните текстови се запознавме со вештините за подобрување на деловната  комуникација, во овој текст ќе се запознаеме со правилното поставување на цели.

Правилното поставување на цели е од исклучителна важност, бидејќи истите треба да се јасно дефинирани и да постои можност да се мери нивното спроведување.

Деловните цели може да биде од следна природа: 

  • цели кои се насочени кон остварување на резултат, 
  • цели насочени кон развој (на пример: знаење, компетенции), и
  • процесни цели, односно цели насочени кон истражување на нешто ново (на пример: искуство, знаење).

За правилно поставување на целите може да ни послужи СМАРТ методата. Со примената на оваа метода целите е потребно да се состојат од следните елементи:

  • S (specific) – специфични,
  • M (measurable) – мерливи,
  • A (achieavable) – остварливи,
  • R (relevant) – релевантни,
  • T (timely) – временски дефинирани.

Специфични: целите треба да бидат конкретни и јасно дефинирани. На тој начин се дефинира она што сакаме да се постигне и се дава јасна насока на делување, што го олеснува ефективното фокусирање на ангажманот и ресурсите кон остварување на целта.

Мерливи: целите треба да бидат мерливи за да може да се следи нивното остварување, односно потребно е да се следи напредокот и дали сме на “прав пат“ кон остварување на целта. Примената на конкретни критериуми за оценување ќе ни помогне во идентификувањето на потреба од прилагодувања за конечно остварување на целта.

Остварливи: целите треба да бидат остварливи со постоечките ресурси кои ни стојат на располагање. Нереалните цели може да доведат до демотивација на членовите на тимот кои е потребно да ги спроведат истите.

Релевантни: целите треба да бидат значајни и релевантни за нашата работа. Истите е потребно да се усогласат со вредностите, приоритетите и долгорочните планови на организацијата. Поставувањето релевантни цели гарантира дека ја фокусирате вашата енергија на она што навистина е важно и придонесува за вашиот личен или професионален раст.

Временски дефинирани: Поставувањето краен рок создава чувство на итност и помага во одредувањето приоритет на задачите. Тоа го спречува одложувањето и поттикнува навремено делување. Дополнително, одредувањето на временска рамка обезбедува јасна крајна точка за оценување на успешноста и одредување на следните чекори.

Пример за поставување на СМАРТ цел за личен професионален развој:

Специфично: да се заврши професионална сертификација за управување со проекти во наредните 12 месеци,

Мерливо: да се положи испит за сертификација со резултат од 80% или повисоко,

Остварливо: одвојување на 5 часа неделно за учење и подготовка,

Релевантно: подобрување на вештините за управувањето со проекти, што може да резултира со напредок во професионалната кариера,

Временски дефинирано: да се заврши сертификацијата до 31.12.2024.

Како што е видливо целта ги состои сите потребни елементи одредени со СМАРТ методата со што лесно може да се следи спроведувањето на истата. Се надеваме дека оваа метода ќе Ви послужи за Вашите редовни деловни потреби.