Брзото темпо на живот и големиот број на информации понекогаш може да ви го оттргнат вниманието од важите работи од кои зависи вашата иднина.
Начинот и квалитетот на живот во иднина во еден дел ќе зависи и од пензијата која што ќе ја добивате. Без разлика колку години имате и уште колку време активно ќе работите секогаш треба да бидете информирани за вашата пензиска заштеда.
Мобилната апликација Сава пензиско план ви нуди можност на вашиот мобилен телефон да ги имате сите потребни информации за вашата пензиска заштеда во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус.
Секој член на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје може да се најави на мобилната апликација и на брз и едноставен начин да има целосен увид во својата пензиска заштеда.
Преку мобилната апликација членовите имаат можност за преглед на состојбата и трансакциите, може да генерираат детален извештај, да ги ажурираат личните податоци и да го променат начинот на известување. Исто така, имаат пристап и до други корисни линкови и информации за работењето и резултатите на пензиските фондови.
Со мобилната апликација Сава пензиско план бидете секогаш информирани преку редовните известувања за уплатени придонеси на вашата пензиска сметка.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Првата лекција при градење на свесност за потребата од управување со личните финансии е разграничувањето помеѓу човечкиот и финансискиот капитал и разбирање на нивната динамика низ животниот и работен век на една индивидуа.
За таа цел првенствено да дефинираме што е капитал. Најбазичната дефиниција за капитал е нешто што генерира парични текови односно парични приливи во одреден или неодреден иден временски период.
По дефиниција, човечкиот капитал се вештините и знаењата кои еден индивидуалец ги поседува и кои се очекува во иднина да ги претвори во финансиски капитал преку финансиски надоместоци за својот труд како плата, дивиденда од сопствен бизнис, раст на вредноста на својот бизнис или друга форма на финансиска компензација.
Финансискиот капитал од друга страна се сите материјални (стан/куќа, автомобил, банкарски депозит, акции, обврзници и слично) и нематеријални добра (патенти и друга интелектуална сопственост, концесии, лиценци и слично) кои истиот индивидуалец ги поседува, намалени за сите долгови кои тој/таа ги има во моментот.
И двете категории на капитал се мерливи, односно со методи на финансиска математика може точно или приближно да се определи нивната монетарна вредност во сегашноста.
Со одредени исклучоци, сите индивидуи имаат иста динамика на движење на човечкиот капитал и тоа:
Човечкиот капитал е највисок на почетокот на работниот век на секој индивидуалец;
Човечкиот капитал е најнизок на крајот на работниот век на секој индивидуалец;
Доедукација и совладување на нови вештини го зголемува човечкиот капитал (на пример магистратура или специјализација, или курс за совладување на одредена вештина, програмски јазик и слично);
Сите фактори кои влијаат негативно на работоспособноста на еден индивидуалец ја намалуваат вредноста на човечкиот капитал (на пример незгода или болест, структурна промена на пазарот на работна сила како роботизација и автоматизација и слично)
За горната динамика има и математичко објаснување кое е валидно и едноставно за разбирање: Ако вашиот човечки капитал е едноставно збир на сите ваши идни примања по основ на вашиот труд, тогаш бројот на години/месеци во работен однос помножен по вредноста на трудот (износот на плата), соодветно сведен на сегашна вредност го дефинира износот на вашиот човечки капитал.
Па така, колку повеќе периоди (месеци) во работен однос пред себе, толку поголем човечки капитал и обратно, што пократок период до пензионирање, толку помал човечки капитал.
На долниот приказ и прикаченото видео се прикажани нивоата на човечки (зелена боја) и финансиски (сива боја) капитал во животниот век на една индивидуалец.
За разлика од човечкиот капитал, финансискиот капитал кај повеќето индивидуи е најнизок на почетокот од работниот век бидејќи на пазарот на труд најчесто влегуваме по завршување на средно училиште или факултет, и неретко, во таа фаза финансискиот капитал е дури негативен поради евентуален долг за финансирање на студиите или потрошувачката во периодот пред вработување. Па така, како одминува времето, намалувањето на човечкиот капитал треба да биде компензирано со соодветно зголемување на финансискиот капитал. Оваа динамика е најдобро објаснета на горниот графички приказ.
Секако, со помош на соодветен пензиски или финансиски советник, вредноста на човечкиот капитал може многу прецизно да се квантифицира, додека со редовно (еднаш годишно) преиспитување на околностите што ја дефинираат вредноста на човечкиот капитал, се управува со промените на вредноста на човечкиот капитал, односно се дефинира потребата за зголемување на човечкиот капитал доколку е тоа можно преку: доедукација, реквалификација, промена на кариера и слично) или се вршат измени врз финансискиот капитал: се зголемува штедењето или се прават измени во портфолиото на финансиски капитал со цел истиот да ги рефлектира ризиците врз човечкиот капитал.
Во основа, ризичноста на човечкиот капитал треба да биде рефлектирана во ризичноста на финансискиот капитал, па така, што понеизвесни парични текови по основ на плата во иднината тоа помалку ризик во финансиското портфолио.
И обратно, колку што се посигурни и поизвесни идните примања по основ на плата, толку е поголема можноста за преземање на ризик во сопствениот финансиски капитал.
Преку соодветно управување и зголемување на финансискиот капитал во текот на работниот век се обезбедува посигурна иднина и поголем приход во пензија, период кога човечкиот капитал е најнизок. Една од можностите за зголемување на финансискиот капитал е преку штедење во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус.
Напомена: Текстот е изработен и објавен во рамки на кампањата за одбележување на Деновите на финансиска писменост чија примарна цел е подигање на свеста за значењето на индивидуалните и лични одлуки во финансиското здравје на индивидуалците но и на финансискиот систем во целина. Сава пензиско друштво преку своите агенти за продажба и деловни партнери НЛБ Банка и Сава Осигурување, како и преку своите дигитални канали за комуникација Ви стои на располагање за презентирање на можноста за зголемување на сопствениот финансиски капитал преку пензиските фондови со кои управува.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Живееме во време кога секојдневно добиваме голем број на информации, па поради тоа понекогаш вниманието не ни е насочено на оние важни одлуки од кои зависи нашата иднина.
Извештајот за пензиска заштеда е дефинитивно важна информација која што треба редовно да ја добиваме. Од пензиските заштеди кои се акумулираат во пензиските фондови ќе зависи пензијата која ќе ја земаат идните пензионери.
За навремено информирање ПОСЕБНО Е ВАЖНО при секоја промена на адреса на живеење, презиме, е-маил, телефон и друг личен податок, членовите треба веднаш да ги ажурираат личните податоци кај своето пензиско друштво.
Членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус промената на личните податоци можат да ја направат со најава на Лична сметка преку веб сајтот www.sava-penzisko.mk или преку мобилната апликација Сава пензиско план, со корисничкото име и лозинка кои ги добиваат со годишниот извештај.
Доколку ги немаат корисничкото име и лозинка, членовите имаат можност за ажурирање на личните податоци во експозитурите на Сава осигурување а.д. Скопје, НЛБ Банка АД Скопје или во седиштето на Друштвото. Ажурирањето можат да го направат и со достава на пополнето Барање за ажурирање на податоци по пошта или пак со телефонски повик на 02/15-500.
Секој член при промена на личните податоци може да го промени и начинот на известување и да одбере годишниот извештај да го добива на својата електронска адреса.