Зошто инвестирам во доброволното пензиско осигурување на Сава пензиско

Сите ние од време на време имаме дилема како да ја инвестираме својата заштеда. Притоа, комерцијалистите ни нудат најразлични продукти за кои најчесто ни ги презентираат предностите, а негативните страни подоцна ги дознаваме самите. Јас имав прилика како вработен во Сава пензиско друштво а.д. Скопје, кое управува со доброволниот пензиски фонд Сава Пензија плус, да ги увидам и предностите и негативностите на овој продукт и активно го користам.

Што ми се допаѓа кај доброволното пензиско осигурување?

  • Можам да вршам уплати кога сакам и колку сакам. Не постојат годишни прагови што мора да се уплатат и штедењето се врши согласно со можностите.    
  • Уплатите можам да ги вршам со траен налог. Трајниот налог повлекува средства автоматски на дефиниран датум кој самиот го одредувам.
  • Приносот на инвестираните средства во доброволниот пензиски фонд е значајно подобар од приносот кај традиционалните облици на штедење.
  • Во секое време имам можност да ги прегледувам уплатите и остварениот принос на мојата доброволна индивидуална сметка, а еднаш годишно добивам и Извештај за пензиска заштеда или т.н. „зелен плик“.
  • Постои можност и работодавецот да одвојува средства за своите вработени преку организирање на професионална пензиска шема.

Секако продуктот има и свои недостатоци од кои би ги навел следните:

  • Друштвото наплаќа надоместоци за потребите на своето работење. Притоа, од досегашното мое искуство остварениот принос на моите средства значително ги надоместува пресметаните надоместоци.
  • Средствата може да се користат 10 години пред правото на остварување на пензија од прв столб, односно на 54/52 години за мажи/жени. Тоа е долг период во рамки на кој не сум во можност да ги користам средствата, но сепак истото може да се гледа и како предност доколку се земе предвид дека се работи за пензиско осигурување и дека со оваа мерка на некој начин се заштитуваме самите од себе, за да не ги искористиме средствата за краткорочни потреби.  

За крај, би сакал да наведам дека исклучително корисна е мобилната апликација Sava penzisko plan каде имам преглед на сите важни информации кои се однесуваат на моето пензиско осигурување, како за доброволниот така и за задолжителниот пензиски фонд. Апликацијата се состои од прегледи за вредноста на сметководствената единица, аналитика на уплати, принос од инвестициите, вредноста на средствата на конкретен датум и многу други корисни информации.  Со истата може да се врши и ажурирање на личните податоци, како и да се одбере доставата на годишните известувања да се врши на е-маил адреса.

Дивиденда од ALLIANZ SE, BAYERISCHE MOTOREN WERKE AG и АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ легна на сметките на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Ве информираме дека во периодот од 08.05.2023–17.05.2023 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 548.826,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 45.950.000,00 денари и прилив од каматa од инвестиции во странски државни обврзници, во износ од 23.043,12 САД долари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигна прилив од дивиденда во износ од:

–      118.697,34 евра, од инвестираните средства во компанијата ALLIANZ SE;

–      242.395,96 евра, од инвестираните средства во компанијата BAYERISCHE MOTOREN WERKE AG и

–      19.123.230,00 денари, од инвестираните средства во компанијата АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.

Во тој период на сметката на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, пристигна приливи од камати во износ од  8.548,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 2.136.000,00 денари и прилив од каматa од инвестиции во странски државни обврзници, во износ од 955,94 САД долари.

Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, пристигна прилив од дивиденда во износ од:

–      4.691,83 евра, од инвестираните средства во компанијата ALLIANZ SE;

–      9.362,15 евра, од инвестираните средства во компанијата BAYERISCHE MOTOREN WERKE AG и

–      220.500,00 денари, од инвестираните средства во компанијата АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на висината на нивната пензиска заштеда.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2023/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

AIRBUS SE, LVMH MOET HENNESSY LOUIS VUITTON SA, NESTLE AG, JP MORGAN CHASE & CO и други исплатија значајни износи на дивиденди на сметките на пензиските фондови управувани од Сава пензиско друштво

Ве информираме дека во периодот од 24.04.2023–07.05.2023 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 5.203.581,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 44.050.463,00 денари и прилив од камата од инвестиции во странски државни обврзници, во износ од 33.495,00 САД долари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигна прилив од дивиденда во износ од:

–      12.823,26 САД долари, од инвестираните средства во компанијата VERIZON COMMUNICATIONS INC;

–      20.659,10 САД долари, од инвестираните средства во компанијата JP MORGAN CHASE & CO.;

–      32.556,65 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF;

–      49.706,64 евра, од инвестираните средства во компанијата AIRBUS SE;

–      20.706,00 евра, од инвестираните средства во компанијата LVMH MOET HENNESSY LOUIS VUITTON SA и

–      60.840,36 франци, од инвестираните средства во компанијата NESTLE AG.

Ве информираме дека во периодот од 24.04.2023–07.05.2023 година на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд пристигна приливи од камати во износ од  130.505,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 701.899,00 денари и прилив од каматa од инвестиции во странски државни обврзници, во износ од 1.540,00 САД долари.

Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд, пристигна прилив од дивиденда во износ од:

–      374,53 САД долари, од инвестираните средства во компанијата VERIZON COMMUNICATIONS INC;

–      837,90 САД долари, од инвестираните средства во компанијата JP MORGAN CHASE & CO.;

–      727,96 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF;

–      1.517,76 евра, од инвестираните средства во компанијата AIRBUS SE;

–      661,50 евра, од инвестираните средства во компанијата LVMH MOET HENNESSY LOUIS VUITTON SA и

–      1.953,93 франци, од инвестираните средства во компанијата NESTLE AG.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2023/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Планови за бонус и други бенефиции

Сé поголем број на компании во нашата земја ги мотивираат своите вработени со исплата на бонус или имаат други форми на бенефиции за успешно завршена работа во компанијата и наградување на вработените. Најчесто исплатата на бонусот е еднаш во годината и секој работник нетрпеливо ја очекува исплатата на својот бонус.

Обично плановите за идниот бонус се претходно „скроени“ и припаѓаат на две големи групи:

  • Првата група на планови е поврзана за инстантно трошење на бонусот – покривање на стари долгови, патување, купување на скапа „играчка“ – мобилен телефон, телевизор, автомобил) или слично, и
  • Втората група на планови се сведува на заштеда на бонусот и негово инвестирање – заштеда во банка, купување недвижност, вложување во инвестициски фонд…

Идејата на текстот подолу е да Ви понуди уште една алтернатива за бенефиција која би можеле да ја добиете од Вашиот работодавач, наспроти најчесто користената бенефиција – исплата на бонус.

Вашата компанија при исплата на бонус, како дел од плата, врши плаќање на придонеси од плата и данок на личен доход. Во 2023 година придонесите од плата изнесуваат 28% додека данокот на личен доход изнесува 10%.

Да претпоставиме дека бонусот кој треба да го земете изнесува во бруто износ 90.000 МКД. Со исплата на бонусот, вие на вашата трансакциска сметка ќе добиете нето износ од 58.320 МКД – види пример подолу.

ОписИзнос, во МКД
Бруто плата90.000
Придонеси од плата (28%)25.200
Данок на личен доход (10%)6.480
Нето износ58.320

Како што веќе потенцирав, работодавачите имаат повеќе начини и видови на бенефиции за своите вработени. Еден од начините, да се обезбеди бенефиција за вработен, е уплата на придонес во доброволен пензиски фонд, преку организирање на професионална пензиска шема од страна на работодавач за своите вработени. Ако го земеме горниот пример, и ако претпоставиме дека работодавачот има на располагање 90.000 МКД кои ги наменил за обезбедување на бенефиција за Вас како негов вработен, ја има законската можност да ги користи даночните бенефиции при уплата во доброволен пензиски фонд за свој вработен.

*Користена е претпоставка дека во рамки на истиот месец покрај бонус ќе земете и редовна плата при што со исплата на плата ќе го искористите „личното даночно ослободување“.

Ова значи дека придонесот уплатен од страна на Вашиот работодавач во доброволен пензиски фонд, кој подлежи на плаќање на данок на личен доход, а кој ќе го добиете како бенефиција на Вашата индивидуална пензиска сметка во доброволен пензиски фонд, ќе изнесува 81.000 МКД (90.000 МКД намалени за платен данок на личен доход од 10%).

Средствата уплатени во доброволен пензиски фонд, се доверени на професионалниот тим на Сава пензиско друштво, кој ги инвестира и се грижи Вашите средства да се оплодуваат со стапки на принос, кои може да се погледнат на следниот линк .

Доколку не Ви е познато доброволното пензиско осигурување и на кој начин Вашиот работодавач може да врши уплата на доброволно пензиско осигурување за Вас, како вработен, можете да прочитате повеќе за предностите и карактеристиките на доброволното пензиско осигурување (трет столб) во моите претходни блогови .

Исто така, распрашајте се дали Вашата компанија има формирано пензиска шема од 3 столб во одредено пензиско друштво. Бидете проактивни и предлагајте различни можности за тоа како Вашиот работодавач може да Ви обезбеди бенефиција и да Ве направи задоволен вработен.

Доколку Вашата компанија е заинтересирана да формира пензиска шема, контактирајте ги нашите пензиски советници.

Ристо Бајатов

Актуар