Претходно во комуникациски вештини се запознавме со двата основни начини на размислување кај учесниците во тимот (fixed mindset и growth mindset) и употребата на структурирани пораки во секојдневната комуникација.
Од исклучителна важност е деловната комуникација да се одвива во околности кои обезбедуваат психолошки безбедна средина за вработените.
Психолошки безбедна средина претставува работна средина каде што сите се чувствуваат слободно да комуницираат за сите теми, да презентираат идеи, прашања, размислувања или да презентираат констатирани грешки и каде веруваат дека за тоа нема да бидат казнети или омаловажени. Односно, тоа претставува организациска клима каде работата е добро поставена, менаџерите се достапни за комуникација и отворено се поставуваат и дискутираат прашања.
За обезбедување на психолошки безбедна средина потребно е да се промовира самосвест и да се ценат нови идеи од членовите на тимот. Отворено да се разговара за работните процеси каде секој може да го искаже своето мислење и да понуди повеќе можни решенија.
Подобрувањето на работната средина ќе се овозможи доколку менаџерот на тимот ги информира членовите на тимот за новите настани, ги појаснува очекувањата и обврските од секој член од тимот како и да ги појасни причините за промени, доколку се спроведуваат. Од друга страна, членовите на тимот е потребно да имаат можност да го искажат своето мислење, кое менаџерот е потребно да го цени колку што е можно повеќе.
Притоа, основните психолошки потреби на членовите на тимот може да бидат од следна природа:
потреба за структура (кога, каде, зошто, како),
препознавање (лична вредност, квалитетно спроведена работа, надминување на предизвиците, независност),
Доколку се овозможи психолошки безбедна средина за вработените и доколку се одговори на нивните психолошки потреби, може да се очекува зголемена ефективност и продуктивност од членовите на тимот што е придобивка за сите.
Каква треба да е улогата на лидерот во рамките на овој процес е наредна тема на серијалот за комуникациски вештини. Се читаме повторно за недела дена.
Ве информираме дека во периодот од 01.05.2024–31.05.2024 година на сметката на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 90.275.851,00 денари и приливи од камати од инвестиции во странска државна обврзница во износ од 23.043,12 долари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во вкупен износ од 45.284,39 долари, 479.024,29 евраи 27.571.640 денари, од кои ги издвојуваме:
ЕУР 195.310,93од компанијата BMW GY
ЕУР 140.027,10 од компанијата SAN FP
ЕУР 143.686,26 од компанијата ALV GY
УСД 3.952,55 од компанијата APPLE INC.
МКД 7.152.080,00од Универзална инвестициона банка АД Скопје и
МКД 20.419.560,00 од АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.
Во истиот период, на сметката на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 2.789.083,00 денари,приливи од камати од инвестиции во странска државна обврзница во износ од 955,94 долари, приливи од дивиденди во вкупен износ од 1.048,77 долари и 19.332,39 евра и 2.769.936,00 денари.
од кои издвојуваме:
ЕУР 7.801,31од компанијата BMW GY
ЕУР 5.851,50 од компанијата SAN FP
ЕУР 5.679,58од компанијата ALV GY и
МКД 2.769.936,00од Универзална инвестициона банка АД Скопје
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на нивните пензиски заштеди.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Употреба на структурирани пораки во комуникацијата
Во претходниот текст за комуникациски вештини се запознавме со двата основни начини на размислување кај учесниците во тимот и можностите на одредување на кој од нив припаѓаат учесниците во нашиот тим.
Нареден чекор кој би можел да биде корисен во деловната комуникација, како и во приватната комуникација, е употребата на структурирани пораки.
Структурираната порака е фундаментална комуникациска техника за влијателна комуникација, каде пораката одговара на три поврзани прашања: ШТО + ЗОШТО + КАКО. Структурираната порака се користи за ефективна комуникација кога сакаме да ја пренесеме содржината од нашата порака во што е можно појасна, концизна и логичка форма.
Структурираните пораки можат да се користат на работното место во следните прилики:
пренесување на клучни и важни пораки,
во изразувањето позитивни и негативни повратни информации (анг: feedback) на колегите,
презентација на идеи, предлози, извештаи, резултати, нови правила и политики, процеси и процедури,
делегирање на задачи и поставување на цели на членовите на тимот,
објавување на промени во политиките, процедурите или насоките на компанијата,
за програми за обуки, работилници или семинари.
Во продолжение следат примери на комуникација со структурирани пораки:
Пример на директна комуникација со структурирана порака
Што: Го разгледував вашиот неодамнешен извештај. Забележав дека има грешки во податоците во извештајот како и податоци кои не беа пополнети.
Зошто: Ова може да резултира со неточни и недоволни податоци кои се поднесуваат до регулаторот.
Како: За да го поправиме ова, размислете за темелно разгледување на извештајот пред да го предадете и пополните ги сите податоци за извештајот.
Што уште (дополнителни прашања за разрешување на ситуацијата)?:
Како можеме да го подобриме вашиот процес на подготовка на извештаи? Дали е потребна помош од друг оддел во фирмата? До кога можеш да поднесеш извештај со точни и потполни податоци?
Пример на спроведување на план за изразувањето на негативен feedback
Што: Член на тимот не ги извршил работните задачи договорени со акциски план,
Зошто: Откако членот на тимот се согласил за акцискиот план, членот на тимот заклучил дека не го има потребното знаење и вештини за да го спроведе,
Како: Во отворен разговор, ќе ги одредиме вештините со кои членот на тимот е потребно да се стекне за да ги спроведе задачите. Откако ова ќе биде утврдено, ќе се разгледа дали друг член на тимот може да помогне околу овие вештини преку менторство или обука. Доколку е потребно, членот на тимот кој е потребно да го спроведе акцискиот план може да посетува надворешна обука. Откако ќе биде одреден начинот на кој членот на тимот ќе ги стекне потребните вештини, активно се следи процесот на неговата обука, како и примената на овие вештини за извршување на акцискиот план.
Како што е видливо и од примерите, комуникацијата со структурирани пораки претставува добро организиран и јасен метод на комуникација кој обезбедува информации на систематски начин. Примената на овој метод на комуникација ќе ви овозможи подобрување на комуникацијата со членовите на Вашиот тим.
Ефектите во деловната комуникација ќе биде многу поголеми доколку се истата се одвива во психолошки безбедна средина. Со оваа тема ќе се запознаеме во наредниот текст за комуникациски вештини.
Иако, како и секоја професија, сметководството е отворено подеднакво и за мажите и за жените, и истите можат да бидат подеднакво успешни во професијата сепак, за нас кои работиме во сметководствената професија, станува сè поочигледно дека оваа професија во нашата земја е доминантно женска.
Во сметководствените тимови на компаниите доминираат жени, на конференциите, советувањата или семинарите од областа на сметководство сè поретко меѓу учесниците можат да се сретнат мажи, а на огласите за вработување пријавените мажи се далеку помалкубројни во однос на пријавените жени.
Статистичките податоци во Соединетите американски држави покажуваат дека мнозинството на сметководители и ревизори, во периодот 2020-2023 се доминантно припаднички на понежниот пол, а мажите доминираат во повисоките раководни позиции.
Каква е состојбата во нашата земја?
Во Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ, има регистрирано вкупно 7.637 овластени сметководители. Од нив 75% се жени, а 25% се мажи.
Ако нема родова предиспозиција за оваа професија, а нема, можеби одговорот на прашањето и објаснувањето на тенденциите за женска доминација во сметководството можат да се најдат во некои карактеристики и предиспозиции кои едно лице треба да ги има за да се занимава со оваа професија.
Сметководствената работа бара високо ниво на прецизност, аналитичност, многу трпение и ориентираност кон детали, бидејќи и најмалиот превид може да има големи последици, преточено во поговорката која ја има и нашиот народ ,,една нула, една кула’’. Пропуст на една бројка од најмало невнимание, може да има домино ефект на билансите, одлуките кои се носат врз основа на истите, како и деловните планови кои се прават за во иднина. Затоа е многу важно на кого ќе му биде доверена сметководствената работа во една компанија и дали лицето кое ја извршува ги има посакуваните карактеристики на еден добар сметководител.
Организираност Обработката на многу бројки, документи и податоци бара сериозна дневна организација и организациски вештини. Добрата организација овозможува и ефикасност при пронаоѓање на некоја информација која менаџментот/клиентот ја бара во моментот. За да се одговори брзо и точно, мора да се брзо да се размислува и ефикасно да се истражува.
Педантност Во морето на бројки и податоци, важно е да постои педантност во записи, подлоги, пресметки и документација. Секој запис и секоја бројка треба да биде поткрепена и за истото да се чува доказ. Педантноста овозможува и полесно снаоѓање кога треба да се обезбеди документ или податок.
Ориентација кон детали и ажурност Бројките мора да бидат точни вистинити, бидејќи се значајни инпути во носењето на одлуки. Во бизнисот важи ,,garbage in, garbage out’’, што во секојдневието на сметководителите и менаџерите/клиентите често може да се слушне, укажувајќи токму на оваа значајност. За да се обезбеди добар податок, сметководителот мора да биде ажурен и со должно внимание да обработува податоци, и тоа да биде нешто што природно му доаѓа, а не нешто на кое треба постојано да биде потсетуван.
Доверливост Информациите со кои работат сметководителите и до кои имаат пристап се доверливи информации, затоа е важно сметководителите да бидат луѓе од доверба, професионални и да ги држат доверливите информации за себе.
Ориентираност кон бизнисот Иако може да кажеме дека книжењето е секаде исто, дебит и кредит во секоја компанија исто се користи, сепак сметководство во една дејност се разликува од сметководство во некоја друга дејност. Треба добро да се познава дејноста, односно бизнисот, за да можат да се применуваат сметководствените стандарди важни за тој бизнис, за да може да се советува менаџментот и да се носат добри одлуки врз основа на бројките.
Одговорност Сметководителите мора да бидат луѓе од доверба и мора да бидат одговорни луѓе, бидејќи управуваат со парите.
Тимски играчи Сметководството е функција на поддршка на сите организациони единици во една компанија. Во сметководство се носат документи, од сметководство се бараат податоци. Со право се вели дека тоа е крвотокот на компанијата, бидејќи сè се слева таму, а сметководствените канцеларии се многу често посетувани од вработените. Ако е потребна некоја информација, сигурно во сметководство ја имаат. Тоа бара од сметководителите способност да работат со различни карактери на луѓе и да бидат љубезни со сите одговарајќи на нивните различни потреби.
Етичност Интегритет и чесност, морално однесување и почитување на прописите. Сметководителот треба овие карактеристики да ги има во приватниот живот и да ги рефлектира и во професионалниот. Тоа овозможува да им се верува на сметководителите.
Почитување на рокови и став кон роковите Сметководителите се програмирани да почитуваат рокови, бидејќи скоро секој ден е врзан со некој рок. Рок за книжење, рок за известување, рок за плаќање…добро управување со роковите го намалува нивото на стрес кој секој рок го носи, поврзан со стравот и ризикот да не заврши обврската во зададениот рок.
Откако ги напишав карактеристиките кои треба да ги поседуваат сметководителите, не можам да си земам за право да кажам дека овие карактеристики се помалку или повеќе развиени и застапени кај жените, отколку кај мажите и дека овие карактеристики го прават влезот во сметководствената професија полесен за жените. Некој можеби ќе каже дека трпеливоста или организираноста е поразвиена кај жените, друг можеби ќе го најде одговорот во аналитичноста, а трет пак може да заклучи дека професијата е ,,монотона’’ по вкусот на мажите. Можеби постојат други мотиви кои ги привлекуваат жените во професијата, како стабилност или полесна достапност на позиции во оваа професија или се работи едноставно само за случајност да се најдеме во овие води.
Eкономската сигурност e важен дел за подобрување на индивидуалната благосостојба во пензионерските денови, па оттука важни се и вашите заштеди за да постигнете економска сигурност. Вашите заштеди во вториот пензиски столб се ваша лична сопственост.
Светските практики покажуваат дека во земји со неповолни демографски трендови, од особено значење за одржливоста на пензиските системи е токму постоењето на повеќестолбни пензиски системи. Демографските податоци во нашата земја покажуваат дека одржливоста на едностолбениот систем (постоење само на Фондот на ПИОСМ) е на незадоволително ниво, па поради тоа постоењето на повеќестолбен систем, каде се вклучени задолжителнитепензиски фондови е од големо значење за идните пензионери, кои тековно се членови и во вториот столб. Капитално финансираното пензиско осигурување се разликува од системот на генерациска солидарност (постоење само на Фондот на ПИОСМ), во однос на евидентирањето на уплатените придонеси и утврдувањето и исплатата на пензијата.
Пензиските друштва кои ги управуваат задолжителните пензиски фондови се транспарентни, па оттука, секој поединец има своја сопствена индивидуална сметка на која се евидентираат уплатените придонеси, и во секое време може да направи увид колку средства се акумулирани. На пример, доколку поединецот е член во Сава пензиски фонд и/или Сава пензија плус, ова може да го направи преку апликацијата Sava penzisko plan. Парите од вториот столб се евидентирани на индивидуални сметки на членовите и тоа претставува нивна инвестиција и пензија за во иднина, односно придонесува за зголемување на нивната пензија од прв столб. Акумулираните придонеси се инвестираат, додека приносот од инвестициите намален за трошоците на работење на системот се додава на средствата акумулирани на индивидуалните сметки на секој подинец. На овој начин се обезбедува поврзаност помеѓу средствата акумулирани на индивидуалните сметки и идните пензии што ќе ги остваруваат лицата вклучени во вториот столб. Треба да се земе предвид дека приносот се остварува за долг временски период, што е и големата предност на пензиските фондови во однос на останатите институционални инвеститори, односно одлуките се носат единствено врз база на долгорочните перспективи. Пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво немаат висок ризичен профил и средствата во пензиските фондови имаат високо ниво на сигурност и безбедност. Во однос на инвестирањето на средствата, постои законска рамка во која е регулирано функционирањето на приватните пензиски фондови со цел намалување на ризичноста, пред се поради социјалните аспекти на овие фондови и која што поставува ограничувања во однос на видот и ризичноста на инструментите. Може да истакнеме дека постои потреба од унапредување на законската рамка во делот на инвестиционите ограничувања кои приватните пензиски фондови ги имаат во насока на поголеми можности за управување со ризиците, но истовремено и поголема диверзификација на портфолијата на приватните пензиски фондови преку можност за инвестирање на одреден процент од средствата во недвижности, инфраструктура, берзански стоки и други алтернативни инвестиции, следејќи го примерот на голем број развиени пензиски системи низ светот.
На веб страната на Сава пензиско друштво а.д. Скопје може да се најдат дополнителни информации за управувањето со задолжителниот и доброволниот пензиски фонд.
Ве информираме дека во периодот од 01.03.2024–31.03.2024 година на сметката на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 70.299.669,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во вкупен износ од 353.192,23 долари и 73.107,61 евра, од кои ги издвојуваме:
УСД 128.928,58од инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF;
УСД 42.888,82од инвестицискиот фонд FIDELITY FINANCIALS ETF;
ЕУР 48.090,88 од компанијата SHELL PLC;
УСД 11.007,61 од компанијата ESTEE LAUDER COMPANIES-CLA.
УСД 3.563,02 од инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF;
ЕУР 1.952,67 од компанијата SHELL PLC;
УСД 1.340,67 од инвестицискиот фонд VANGUARD FTSE PACIFIC ETF;
УСД 1.058,75од инвестицискиот фонд FIDELITY FINANCIALS ETF.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на нивните пензиски заштеди.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Доверба – именка од женски род што значи верба, сигурност, увереност во искреноста, чесноста, добронамерноста и способностите на некого.
Но, како да ја изградиме или стекнеме довербата? Дали, само ако работам многу колегите ќе имаат доверба во мене? Дали почитувањето е еднакво на довербата? Ова се само дел од многуте прашања кои една личност може да си ги постави сам на себе во потрага по вистинскиот одговор.
На почетокот да разграничиме дека, да имаш доверба во некој или да почитуваш некого се два различни поими. Кога станува збор за компанија, вработените најчесто ги почитуваат своите колеги и претпоставени. Почитувањето на тимот не секогаш резултира со доверба во реалниот деловен свет. Луѓето во своите компании меѓусебно се почитуваат и спроведувајќи ги редовните работни задачи ги остваруваат зацртаните цели на таа компанија.
Кога станува збор за довербата, тука веќе зборуваме за нешто што е поголемо и поинтимно. Како да дојдеме до моментот, колегите да ни веруваат во процесот на работење?
Прво, насила не се постигнува ништо. Довербата е процес кој трае, се гради и се стекнува.
Ако сте на висока позиција во една компанија дали некогаш сте си го поставиле прашањето: Дали и колку моите колеги ми веруваат? Одговорот ќе го добиете на едноставен начин. Земете лист хартија и запишете ги имињата на сите на кои во изминатиот месец им подадовте „рака за помош“, им кажавте убав збор, им бевте поддршка во процесот на реализација на активностите. Потрудете се да се присетите на сите добри работи кои ги направивте за нив.
Ако кругот на колеги кои се наоѓаат на оваа листа е разновиден и е долг, тогаш можете да бидете спокојни бидејќи колегите ја имаат вашата доверба. Но, ако листата на имиња е кратка и ако во нив се повторуваат имиња на најблиски соработници или колеги од вашиот сектор, тогаш можеби е време да почнете да работите на себе. Вас колегите ве почитуваат поради позицијата што ја имате во моментот, но за жал поголемиот дел не ви верува.
Исто е и со оние што немаат висока работна позиција во компанијата. И најчесто луѓето што не се обременети со функцијата раководител, директор, член на Управен одбор, имаат поголема доверба кај своите колеги.
Вториот начин за да го проверите ова е тимската работа. Разгледајте еден ваш работен ден и направете анализа на работните задачи. Колку активности сте делегирале или префрлиле на вашиот колега, а колку сте ги сработиле заедно? Дали во текот на денот му понудивте помош на колегата во некој дел од неговата работа или дополнително му префрливте уште задачи?
Луѓето што се свесни за кратките рокови, обемот на работа и интензитетот да се заврши еден процес, секогаш ќе имаат поголема доверба кај своите колеги, бидејќи тие се подготвени да пружат помош, подготвени се „да му се најдат“ на својот колега кога има краток рок или поголем обем на работа.
И третиот начин е самокритичноста. Доколку сте свесни за одредени пропусти во тековното работење ваше или на секторот (ако сте на позиција) и имате доблест да ја признаете грешката, а да не барате виновник во некој друг, тогаш со сигурност вашите колеги ќе чувствуваат дека вие сте личноста со која сакаат да работат и на која можат да и веруваат.
Животот е релативно краток период во кој луѓето како социјални битија треба да бидат насочени кон градење на искрени, отворени и стабилни врски со своите колеги. Затоа, опуштете се од притисокот кој понекогаш самите си го наметнувате. Бидете природни и бидете искрени со сите. Градете позитивен имиџ што ќе биде потврден од вашите колеги, затоа што сè што е вештачко и наметнато брзо излегува на површина. Искрениот однос заснован на меѓусебна почит и доверба помеѓу колегите може значајно да придонесе за работниот амбиент зголемувајќи го задоволството на сите и поттикнувајќи ја продуктивноста и ефикасноста во работењето.
Ве информираме дека во периодот од 01.02.2024–29.02.2024 година на сметката на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 76.419.118,00 денари и приливи од камати од инвестиции во странска државна обврзница во износ од 85.951,25 долари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во вкупен износ од 55.140,33 доларии 98.762,56 евра, од кои ги издвојуваме:
УСД 3.368.40 од компанијата APPLE INC.;
УСД 13.068,92од компанијата VERIZON COMMUNICATIONS INC.;
ЕУР 98.762,56 од компанијата SIEMENS AG;
УСД 38.703,01од инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF;
УСД 855,23од инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF;
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на нивните пензиски заштеди.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Ве информираме дека во периодот од 01.01.2024–31.01.2024 година на сметката на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 109.918.371,00 денари,прилив од камата од инвестиции во домашни обврзници издадени од банки во износ од 1.144.382,00 денари и приливи од камати од инвестиции во странска корпоративна обврзница во износ од 207.000,00 евра.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во вкупен износ од 66.486,88 долари и 9.650,00 евра, од кои ги издвојуваме:
УСД 21.692,05 од компанијата JP MORGAN CHASE & CO.;
УСД 27.905,22 од инвестицискиот фонд GLOBAL X AUTONOMOUS&ELEC-ETF, управуван од MIRAE ASSET SECURITIES CO LTD;
УСД 16.889,61 од инвестицискиот фонд GLOBAL X VIDEO GAMES & ESPORT, управуван од MIRAE ASSET SECURITIES CO LTD.
УСД 879,79 од од компанијата JP MORGAN CHASE & CO;
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на нивните пензиски заштеди.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Ве информираме дека во периодот од 01.12.2023–31.12.2023 година на сметката на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, пристигнаа приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 53.918.850,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во вкупен износ од 1.033.688,17доларии 67.462,57 евра, од кои ги издвојуваме:
УСД 206.715,77 од инвестицискиот фонд ISHARES MSCI GLOBAL MIN VOL FACTOR, управуван од BLACKROCK FUND ADVISORS;
УСД 154.232,97 од инвестицискиот фонд VANGUARD FTSE PACIFIC ETF, управуван од THE VANGUARD GROUP;
УСД 150.504,42 од инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF, управуван од THE VANGUARD GROUP;
УСД 96.498,55 од инвестицискиот фонд VANECK GOLD MINERS ETF, управуван од VANECK ETF TRUST;
УСД 78.413,43 од инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF, управуван од BLACKROCK FUND ADVISORS;
УСД 6.074,64 од инвестицискиот фонд VANGUARD FTSE PACIFIC ETF BOND, управуван од THE VANGUARD GROUP;
УСД 4.159,28 од инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF управуван од THE VANGUARD GROUP;
УСД 6.784,24 од инвестицискиот фонд ISHARES MSCI GLOBAL MIN VOL FACTOR, управуван од BLACKROCK FUND ADVISORS;.
УСД 2.597,52 од инвестицискиот фонд VANECK GOLD MINERS ETF, управуван од VANECK ETF TRUST; и
УСД 1.885,71 од компанијата SHELL PLC.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и влијаат на нивните пензиски заштеди.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk